Да, и смешни ми се твоите причини, скроз неиздржани, празни, за тоа како нечии сиромашни карактерни особини и квалитети ти пречат до тој момент, а после тоа и некои негови непресметани потези, при што стануваш индиферентен на откриените криминали. Епска реторика.
Поврзувај си ги случаите за да поени на дискусија сега ми е и помалку криво што за џабе се впуштав, спомни 01ва, 98ма, 94та, национализацијата 55та, било што, јас зборувам за конкретните случки кои не тресат у последни 3 месеци, и за легитимниот основ луѓето да протестираат денеска, повеќе од било кога.
Доста бедено што ме ставаш у нечија група tho, од активистите сфаќам, од тебе не.
Смешно, празно, небитно. Три месеци битни, 20 години во корпа. Браво бе, апостолу на селективната амнезија. Како да не те ставам во група, друже Опак_еден, кога подметнуваш бетер од Тричковски? Ти знаеш ли каков компромис е да прогледаш низ прсти на глупо магаре и да застанеш зад него сите овие месеци, до објавувањето на бомбите, во текот на објавувањето, се до моментот со снимките после Куманово? Копај низ постови, читај, увери се и сам. Значи, колку и да ми сметало дотичното магаре, ми сметало од интелектуално-естетски причини, а таквите никогаш не можат да натежнат над деспотијава. Тука се разбравме.
Ама..после бомбата со "шиптариштата", тоа магаре прави 180%, и наеднаш во паролата "Вистината за Македонија", во контекстот влегуваат и "клетите албанофоби, намерени кон војна и насилство врз чесните граѓани албанци". Како ти го сублимираш тој контекст? Како "смешно, празно, неиздржано". Кога тоа магаре го прашуваат за ставот околу загриженоста на некои албански медиуми и семејствата на терористите дека тие што се предадоа од групата биле тепани, истото тоа магаре рече дека "ја разбира нивната загриженост, човечки е да се разбере".
И тоа е празно, неиздржано, смешно. Се што ни е така малку незгодно или ќе го игнорираме и ќе го пикнеме под тепих или ќе го прогласиме за, ајде уште еднаш оти јако е, "скроз неиздржано, празно, смешно".
На крај, уште една причина зошто те ставам во група. Кога се случи 24ти Декември и ВМРО реши да го шутне Уставот, а Илија Димовски го прогласи документот во кој неговата партија требаше да сноси одговорност за "тоалетна хартија", јас тука на форумов пишував дека заедно со тој документ, со тој потпис, требаше да кажат и дека Уставот е за нив тоалетна хартија. Ти денес влезе во Илија Димовски филм со твоиве "смешни, празни, бедни" гимнастики.