ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Можда, можда, не викам не. Мада мене ми се чини поинаку. А гледам во твојата изјава доста сигурност, од кај си толку сигурен ти? Можеш да образложиш?
Граничиме со 3 нато земји,нато протекторат и една третина од државата ја делиме со народ кој му е лојален на западот до смрт. Единствена земја која не им е сојузник е Србија,која исто така е обиколена од нато земји од сите страни и сва среќа се опаметија па почнаа да играат на две столчиња и колку толку се на добар пат. И тоа зашто се традиционален сојузник на Русија.
Жал ми е што ние моментално сме како Србија во 90тите,цел свет ни е крив,на владата цел свет и е крив и се молиме на русите дека ќе ни помогнат.Подобро да паднат него да го истрпиме тоа Србија што го пројде со Милошевич.
 
Секое следно општество во себе носело ваков конфликт, се до денешните форми на либералната демократија, каде што признавањето е двонасочно. Оние кои владеат имаат амин, преку ГЛАСОТ НА ИЗБОРИ даден од другите, а владетелите им ја признаваат гордоста на избирачите со тоа што владеат по принципите на правото. Се работи за еден договор помеѓу владеените и владетелите, при што желбата за признавање е задоволена на двете страни.
Поповод ова - сам си го избришав постот, за да не јадам уште казнени.
Малку е смешно колку општа стана темава, но сепак се иде на офтопик прекорувања иако баш овде e тотално нејасно што е офтопик а што не е. Партијските импликации се составен дел од крвавите судири во Куманово.

Нејсе. На следниот дел од цитотот на твојот пост ќе продолжам ОНТОПИК, а за ова до сега само ќе го цитирам Черчил:
“The best argument against democracy is a five minute conversation with the average voter.”


Тука завршуваат сите твои длабокоумни анализи за турските текови, за Нуланд, за Русија, Камбоџа и фракингот. Миле те направи негова кучка. Ти не си повеќе ниту Македонец, ниту граѓанин, ниту си сега дел од некој колективитет за чија безбедност се грижиш. Ти си поединец на кого достоинството му е земено, ти си кучка на Миле од Прилеп. Твоите анализи стануваат само рационализација, затоа што не сакаш да се соочиш со свеста за тоа дека Миле те вратил на ниво на роб.

И затоа тој Миле, и сите Милевци мора да платат. Инаку нема да не биде ниту како народ, ниту како држава. Ќе пропаднеме многу побрзо заради ропскиот менталитет, отколку заради сите белосветски завери заедно. И многу ми е жал што не можеш сам ова да го увидиш, туку морам да се повикувам на авторитетот на Платон или Хегел.
Јасно ми е дека за тебе со Миле завршиле сите размислувања за гасоводот, и генерално за економските и геополитичките имликации по Македонија.

Ние луѓето во основа сме рационални битија - кога не не понесува психологијата на толпа. Разликата меѓу тебе и мене е што јас одам пар чекори над размислувањето за казнување на Миле (и компанија). Затоа што јас знам дека ништо не сум направил ако Миле го заменам со некој друг Миле! Посебно што во процесот ќе го изгубиме гасоводот, и можноста за излегување од заложничкиот однос во кој не држат нашите наводни сојузници САД.


Преку гасоводот ни се нуди шанса за економски простеритет, но не само тоа. Гасоводот е шанса за нови партнерства (привремени, ако јас се прашувам), преку кои ќе се решат отворените прашања со кои Македонија се држи во заложништво.
Затоа што 2001ва и Куманово, секогаш ќе ни висат над глава. Секогаш со некои нови напади ќе ни се закануваат - се додека таа работа еднаш конечно не се разреши.

Ако до сега цели 9 години било за никаде, колкав проблем е да се стрпиме уште некое време додека да се заврши изградбата на нашиот дел на гасоводот (која веќе е одпочната)? Потоа што сакате правете им, линчувајте ги на плоштад ако сакате. Важното е дека преку реалноста на гасоводот ќе се сменат некои за нас исклучително важни геополитички моменти во регионот.
 
Моментот кога сфаќаш дека постојат писмени сонародници во денешно време кои своеволно сакаат да живеат во 21 век како нечии закрепостени селани...

Не ми е јасно само како дојдовме до ова дереџе...
Плукаат по слободата и си ги бараат синџирите назад.
Од каде се вгнезди овој бубашвабски менталитет кај писменото население?
 
Јасно ми е дека за тебе со Миле завршиле сите размислувања за гасоводот, и генерално за економските и геополитичките имликации по Македонија.

Ние луѓето во основа сме рационални битија - кога не не понесува психологијата на толпа. Разликата меѓу тебе и мене е што јас одам пар чекори над размислувањето за казнување на Миле (и компанија). Затоа што јас знам дека ништо не сум направил ако Миле го заменам со некој друг Миле! Посебно што во процесот ќе го изгубиме гасоводот, и можноста за излегување од заложничкиот однос во кој не држат нашите наводни сојузници САД.

Тигрите на гневот се помудри од коњите на поуката.

Вилијам Блејк
 
Тигрите на гневот се помудри од коњите на поуката.

Вилијам Блејк


Taка е тоа во војната, победникот бара битка само откога победата е добиена - додека тој што е губитник првин се бори а потоа ја бара победата.

Сун Тцу
 
Баш сакав некој вака директно да го постави прашањето, па да расчистиме некои работи. Ќе ти раскажам еден филозофски мит, кој веќе сум го искористил неколку пати на кајгана, но на сосем други теми. Ветувам дека ова е последен пат што го користам, иако никогаш не бил посоодветен отколку на оваа тема сега.

Еве ја приказната.

Платон сметал дека човечката душа (сфатена како шема на свесност, без никакви религиски импликации) се состои од три дела. Нагон, разум и нешто што тој го нарекува тимос, а за што најдобар превод на македонски би било гордост. Тимос значи свест дека си поединец со желба од другите да бидеш признаен како таков, како нешто засебно, потполно различно од се друго и од сите други. Според Хегел, целата политичка историја на општеството се должи на тимосот. Во мугрите на човештвото, кога луѓето станувале свесни за себе, оваа желба за признавање била толку силна, што се одело на битка до смрт со друг поединец, се со цел да се биде признаен. Првите општества настанале како последица на оваа борба. Оние кои во таа борба не се плашеле да го ризикуваат својот живот станале господари, а оние уплашените станале робови.

Но робовладетелството како систем во себе ја носел сопствената пропаст. Никој не бил задоволен од признавањето. Робовите логично, затоа што не биле признаени како луѓе, а господарите затоа што нивното признавање било дадено од сега веќе подлуѓе, односно робови. Секое следно општество во себе носело ваков конфликт, се до денешните форми на либералната демократија, каде што признавањето е двонасочно. Оние кои владеат имаат амин, преку ГЛАСОТ НА ИЗБОРИ даден од другите, а владетелите им ја признаваат гордоста на избирачите со тоа што владеат по принципите на правото. Се работи за еден договор помеѓу владеените и владетелите, при што желбата за признавање е задоволена на двете страни.

Е каде е сега Миле во приказната? Миле изврши упад во гласачките вреќи. Или само сакаше да изврши, неважно, доволно е што имаше моќ да го стори тоа, и никаков обзир. Миле со тој чин те прави тебе, мене, сите сдмовци, сите вмровци, сите ГРАЃАНИ робови. Тој посраниот глас кој го даваш на избори е сведоштво дека си човек, дека имаш право да бираш, дека не си роб. Миле не мисли така. Миле со упадот во изборните вреќи, со узурпацијата на изборниот систем, мисли дека ти си негов роб, негова кучка. Тука завршуваат сите твои длабокоумни анализи за турските текови, за Нуланд, за Русија, Камбоџа и фракингот. Миле те направи негова кучка. Ти не си повеќе ниту Македонец, ниту граѓанин, ниту си сега дел од некој колективитет за чија безбедност се грижиш. Ти си поединец на кого достоинството му е земено, ти си кучка на Миле од Прилеп. Твоите анализи стануваат само рационализација, затоа што не сакаш да се соочиш со свеста за тоа дека Миле те вратил на ниво на роб.

И затоа тој Миле, и сите Милевци мора да платат. Инаку нема да не биде ниту како народ, ниту како држава. Ќе пропаднеме многу побрзо заради ропскиот менталитет, отколку заради сите белосветски завери заедно. И многу ми е жал што не можеш сам ова да го увидиш, туку морам да се повикувам на авторитетот на Платон или Хегел.
I taka otkako Mile ke go smenime so Zrale koj isto taka ima svoi vreki i svoj timos koj treba da se zadovoli i op ete go narodot pak vo magepsaniot krug,samo ovoj pat ke bidis kucka na Zrale.Veke videna situacija ama nema beganje takov e krugot ,jbg.
 
Од република.мк уапсените

Ова се имињата на 28-те затвореници од кои 16 се од Косово:

1. Кенан Исени, Куманово

2. Фадил Фејзулаху, Куманово

3. Деме Шеху, Косово (Јуник)

4. Сами Укшини, Косово (Сокол)

5. Ирфан Лутфи, Куманово

6. Арсим Бајрами, Куманово (полицаец од Ваксинца)

7. Фадил Ељшани, Косово

8. Есат Кафекхоли, Косово

9. Ардијан Бујари, Косово

10. Анди Красничи, Косово (Малишево)

11. Шефкет Аваки, Косово

12. Лирим Демири, Куманово

13. Ајруш Авдиа, Косово

14. Бетим Карташи, Косово

15. Генци Сефа, Албанија

16. Лендрит Рустем, Косово

17. Енвер Клајн, Германија (германски државјанин)

18. Руфки Догани, Косово

19. Насуф Бекири, Арачиново

20. Валдет Зекај, Косово

21. Бајрам Ељшани, Косово

22. Некхметин Лика, Тетово

23. Лирим Красничи, Косово

24. Севдали Мифтари, Куманово

25. Фатмир Речица, Косово

26. Бег Бајра, Косово (командант Бегу)

27. Фејзула Рушитовски, село Брест

28. Бесник Ајдин, Куманово
 
Oва што си го напишал, не се никакви вистински аргументи... Ниту дека Русите им одговара дестабилизација, ниту пак дека на Америте не им одговара да прават дестабилизација (Албанците се само вазали - и тоа дужни вазали, па не ги ни рачунам во равенкава).
Тоа са твои перцепции,моите са други.
Напротив имаме и обратна варијанта, која за разлика од твојата е повеќе логична:
- На Русите НЕ им одговара дестабилизација затоа што во такви услови НЕМА да го изградат гасоводот, чија изградба веќе отпочната и за кој има официјални и важечки договори (со Руската Федерација).
- На Америте им одговара дестабилизација затоа што само во такви услови НЕМА да се изградат гасоводот, чија изградба нели - е веќе отпочната.
Те и сега нема да можат да го изградат без амин на ЕК,заштото мора да поминат преку Грциja. Секи,коj верува,дека Грциja може да изгради гасовод без амин от ЕК...размислува дилетански. Изградба не е почната и тоа и кучината го знаат.
Америка ке запре изградбата не преку немири,а преку Брисел и Турциja ;) Не е изненада,што сега се оди ком топли врзки со Иран, коj е една от државите со големи резерви.
 
Ќе излезат многу повеќе од одошто се надеваат бидејќи опозицијата направила фалсификат ама да не биде грубо кажано плагијат на летоците
Намерно се направени со основна црвена боја и жолти букви за народот да мисли дака позицијата органиозира на 17 мај
Народов е толку опседнат со политика, што ги знае и претседателите на местни комитети и организации соодветно. Ама тоа е, кога пробуваш ПР прочитан од западни книги да го примениш во балкански услови.

Ништо битно не е тоа. Лесно споредлива ќе биде масовноста на толпите.
 
Да им кажам сега или да почекаме недела да дојде?
Ха...абе звучи ко заебанција. Ама мора да бидеме реални дека чим веќе почнале УСА и Русија тука на ова парче да си ги мерат. Тогаш нека победи УСА бидејќи во спротивно ќе не направат ко Украина,Либија,Сирија и да не ги редам.
 
Ха...абе звучи ко заебанција. Ама мора да бидеме реални дека чим веќе почнале УСА и Русија тука на ова парче да си ги мерат. Тогаш нека победи УСА бидејќи во спротивно ќе не направат ко Украина,Либија,Сирија и да не ги редам.
Да бе ова е како желботека, ќе замислиш, ќе се свртиш трипати у круг и оп, ќе ти се исполни желбата.

Иначе мојот став во врска со новата студена војна беше неутралност по принципот на Швајцарија.
 
Ха...абе звучи ко заебанција. Ама мора да бидеме реални дека чим веќе почнале УСА и Русија тука на ова парче да си ги мерат. Тогаш нека победи УСА бидејќи во спротивно ќе не направат ко Украина,Либија,Сирија и да не ги редам.
Да не беше турски тек и Русија да не беше вмешана акцијата во Куманово акцијата немаше да трае ден ипол.
Патем имаше пострано видео во кое се кажува дека од 2015-2020 балканот го очекува жежок период по кој Русија ќе биде доминантна на балканот и изграден турски тек
Некои работи како православен сојуз (Македонија,Србија,Бугарија и Грција) почнуваат да се заговаараат.
 
„Апсурдноста“ е заради твоето незнаење. Сознај ги геополитичките факти окулу целава работа, и се ќе си легне на свое место.

Сега како што стојат работите за тебе (и повеќемината), е како на неписмен селанец да му објаснуваш квантна механика. Со таа разлика што селанецот барем си ја гледа работата, и не се прави дека е кадарен да зборува за работи што не ги разбира.

Мислам дека од почеток на темава се изнатреска глупости, на кантар што не може да се измерат.

Прво еден ти објаснуваше, па друг па трет, не бре брате ти си тераш филмот и ко слеп за стап истото та истото го мелеш.

Десет пати ти се кажа, нит во Грчка ќе помине гасоводот оти нема да и се дозволи, Србија културно го одби истиот проект, ти тука убедуваш во Македонија ќе се кршеле копјата, небаре проектов е готов само чекаат кај Евзони вентилот да го пуштат.

Со гасоводот ќе сме ослободеле од империјализмот на Сад :гик:
Море човек они се алфа и омега на Балканов, ако решат за два дена ќе не расформираат како држава, дали го сакал ти тоа или не, една држава како Украина со големо руско малцинство и уште толку проруска популација и проруска влада и ебаа матер а не па нас туку ќе ни фингирале конфликти.

Али здраворазумски аргумент е нели за еден гасовод да ја ставиме целата држава на коцка поради гордоста наша да им покажеме кои сме и што сме, демек јак фактор сме.

Блокирај си тоа страниците што ги читаш. За твое здравје.
 
Да не беше турски тек и Русија да не беше вмешана акцијата во Куманово акцијата немаше да трае ден ипол.
Патем имаше пострано видео во кое се кажува дека од 2015-2020 балканот го очекува жежок период по кој Русија ќе биде доминантна на балканот и изграден турски тек
Некои работи како православен сојуз (Македонија,Србија,Бугарија и Грција) почнуваат да се заговаараат.
Исто и Милошевиќ со неговите вака проруски се ориентираше и имаше коалиција на основ медиуми, и изјави на дипломати. Се додека не му заврте грб лојалната и братска мадр Раша 99та.
Не е само тоа видео Фринџ, уште многу ќе излезат, уште многу сценарија, уште многу нови непријатели и сатани. Името не го даваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom