Па ако излезе со став дека сето тоа е фикција, притоа е и муслиман, јас не гледам причина за смртна казна.
Него тоа не е одговор на моите прашања. Дали ако воспоставуваш мир, треба да бидеш пофлексибилен спрема слободата на говор, колку и таа да е нападна по тебе? Слободата на говор подразбира и критичко размислување и произнесување на истото во јавноста, нешто што во тој свет го нема (и не смее да го има). Дали и тоа е Ислам?
Немаш кај муслиманите опозиција,еден правец се. Ама и не смеат да критизираат други религии,чинам дека имаат забрана. Во земја каде се практицира шеријатскиот закон нема лево,десно туку само напред.Законот им е китапот и опшественото уредување им е според него(судии,полција,банкарство и.т.н). Бидејќи немаш опозиција,затоа и не смее да постои критика врз таквата власт,бидејќи се смета како бласфемија на апсолутната вистина која се смета дека е божји говор.
Критиката е базирана врз основа на аргумент и видлив доказ,додека навредата е насочена примарно кон валкање на некој субјект, пред се поради аверзија кон својствата на тој субјект.
Можам јас да тврдам дека Р.Македонија е економски нестабилна земја и тоа мое тврдење да го аргументирам со доказ и да ја критизирам власта за таквата состојба и министерот за Економија. Ова е критика.
Да тврдам дека Македонија не постои,дека тоа е Грција,дека никогаш не постоела и.т.н.Ова е навреда,бидејќи ниеден историски факт не го тврди горенаведеното,туку само јас,и тоа го правам бидејќи сум Геј патриота.
Затоа неможе да биде критика пенис на минаретот,слика на Мухамед и.т.н.Тоа е навреда. Критика може да биде контраверзните цитати,контрадикции и слично и да се бара објаснување или доказ сходно самата исламска наука.
Еве рецимо,многу добра критика мава шифрираниот горе,значи си има одредени позиција и аргумент од каде што почнува.
Навреда на мрднати фанатици,не да е пожелна во ова опшество,туку е потребна како вода на рибата ама исто така,навреда би било доколку се меша исламот а е на пример аргументирано противречен на нивната постапка.Значи,тогаш можиш да реметиш само такви појави ама не и религија,бидејќи ради двајца психотици критизираш цело опшество и носиш еден куп други несакани појави.
Ма да,и оваа религија е разделена на еден куп поделби така да не знаеш ни ти,а верувам ни самите тие не знаат кој пат тераат,затоа е блискиот исток лесно манипулативно место.Многу интелектуално саката популација со краток фитиљ и оп,си владееш.На едните спомни му Аљи не е бог,на другите речи им овие викаат Аљи е бог и толку,ете ти војна.