- Член од
- 21 декември 2011
- Мислења
- 430
- Поени од реакции
- 79
ПРОВЕРУВАЊЕ НА ХАДИСОТЕ па овај гледаш на сајтот е оценет како многу веродостоен.
Друго - "ланец на пренесувачи" , со овој збор можеме и целиот Куран да го покопаме и да кажеме
"Да ли навистина е така, да ли е препишено добро"
Еве ти ми кажи на мене кои се Хадиси за тебе веродостојни, наброј ги тука..
Друг метод кои хадиските ученици го користеле, при различувањето на изворните од апокрифните преданија, е проверувањето на текстот на хадисот.Пошто го условиле оној кој го пренесува хадисот, да мора да ги соопшти имињата на пренесувачите, доколку сака да му се прифати хадисот, на учениците не им било тешко да секој хадис детално го проверат. Тоа го чинеле на тој начин што секој пренесувач на хадиси го посетувале и се уверувале дека тој лично дотичното предание го слушнал од својот предходник. Потоа би отишле и кај неговиот предходник и ќе го провереле дали тој дотичниот хадис го пренел на тој и тој, и од кого тој го слушнал и така се додека не го испитале целиот сенед. Хадиските ученици на тој пат вложувале големи напори. Патувале и по неколку стотици километри пеш или на камила само да се уверат во веродостојноста, понекогаш и само за еден хадис.
Така Ебу Ејјуб-Енсари отпатувал од Медина во Египет само да го провери еден хадис. Ата б. Еби Ребах вели: ,, Ебу Ејјуб-Енсари отпатува во Египет кај Укбет б. Амир да го праша дали тој го слушнал хадисот од Ресулуллах а.с.: ,,Кој ја прикрие маната на верникот Аллах џ.ш. ќе ги прикрие неговите мани на Судниот Ден. Пошто овој му одговорил позитивно, тој се вратил во Медина.” (8)
Така, и како пренесува Укаљ, Џабир б. Абдуллах отпатувал од Медина во Дамаск (1400 км) само да го провери еден хадис кој до него допрел од Абдуллах б. Унејс .” (9)
Ебу Алија вели: ,,Ние во Басра слушавме хадиси кои се пренесуваа од некои асхаби кои живеја во Медина, па одевме во Медина да лично се увериме и слушнеме тоа од нивна уста .” (10)
Сеид б. Мусејјеб вели: ,, Патував денови и ноќи само да би го проверил еден хадис.” (11)
КРИТИЧКИ ОСВРТ НА ПРЕНЕСУВАЧИТЕ НА ХАДИСОТ
Трета метода која хадиските ученици ја применувале во својата работа, на планот на класификација на хадисот, е критичкиот осврт на секој пренесувач на хадисот. Цел на овој метод е да се раздвојат и обелоденат некои пренесувачи и да се раскринкаат смутливците и лажговците, како би се знаело од кого може, и од кого неможе да се прифати. Во своите критички анализи хадиските ученици биле доследни и принципиелни. Не заобиколувале никого, а да за него не го изрекле својот суд, своето мислење. Во почетокот кога почнале да укажуваат јавно на позитивните и негативните особини кај луѓето кои се најдуваат во ланецот на пренесувачи на хадисот, мнозина почнале да реагираат и да ги напаѓаат. Така во една прилика , на познатиот ученик Јахја б. Сеид Ел-Каттан некои му рекле : ,,Како не се плашиш, дека тие луѓе кои ги раскринкуваш и критикуваш дека ќе ти бидат тужители на Судниот Ден?” а тој им одговори: ,, Тие да ми бидат тужители, подраго би ми било, него тужител да ми биде Аллаховиот Пратеник кој ќе ми рече: ,, Зошто мојот хадис не го штитеше од подвалување и лага.” (12)
Со оценување и критика на проповедувачите на хадисот, и со изнесување на нивните позитивни и негативни особини, хадиските ученици почнале да се занимаваат многу рано, уште од периодот на појавувањето на апокрифните хадиси, кога и почнало по прв пат распрашувањето и за сенедот на хадисот.Познато е дека уште од младата генерација на асхаби: Абдуллах б. Аббас, Убаде б. Самит, Енес б. Малик, Аиз и др. јавно ги раскринкувале смутливците и лажговците, да потоа, тоа го продолжат со пожешко темпо, таби`ините, после нив етбаит-таби`ините и хадиските ученици. Од генерацијата на постарите таби`ини со тоа се занимавале : Сеид б. Мусејјеб, Са`бијј, ибн Сирин, и др. од средната генерација на таби`ини биле: Ебу Харун, Имарех б, Џувејн Ел-Абди и др. да понатака продолжат да се занимаваат со оваа проблематика бројни ученици како : Малик б. Енес, Субе б. Хаџаџ, Абдуллах б. Мубарек, ибн Ујејне, Јахја б. Сеид Ел-Каттан, Абдур-Рахман б. Мехди, Јахја б. Меиин, Алија б. Медини, Ахмед б. Хамбел, потоа нивните ученици Бухарија, Муслим, Ебу Зур-а и ибн Хатем, потоа нивни ученици Тирмизи, Несаи и могу други.
Овие и бројни други хадиски ученици ги испитале сите оние кои барем еден хадис пренесле од Божјиот Пратеник с.а.в.с. и го изнесле својот суд за нив, ја изрекле својата стручна оценка за секој пренесувач на хадисот, и со тоа дале голем допринос за зачувувањето на изворноста на Мухаммедовата а.с. традиција и отстранувањето на апокрифните преданија