Али Ахмети кажа нешто многу вистинито а тоа беше за тие помладите борци,рече тоа се млади луѓе кои најверојатно не ни знаат за што се борат,туку од рекла казала муабети како албанците се репресирани и такви срања и наводно да помогнат..Епа такви се 100% од луѓето од Косово,Албанија и дијаспората која коментира по интернетов..Има и од тука,не дека не.Сите коментират респект за храбрите што сакаа да им помогнат на албанците во Македонија..
Имаат страшна национална пропагандна машинерија,од која може дури и Грујо да се школува.
Пред тоа кога кажуваше за тие 22 души што се предале,иако останале уште неколкумина кои се плашеле да се предадат да не бидат убиени.Повторно Ахмети се договорил за да се предадат,и кога тие 4-5 души излеголе,двајца-тројца (не беше сигурен) што биле скриени на друга страна пукале и убиле двајца специјалци.Тоа се двајцата скопјани кои загинаа саботата изутрина.
Приказната некако се поклопува со убистово на Ндрецај,Ризај и на тој од Скопје.Нели овој избеганиов кажа дека Нато бил ранет а Ризај бил жив .Само на овие досега ги кажаа дека се загинати,а ништо чудно и да ги свиткале отпосле бидејќи кукавички застрелале двајца специјалци и раниле уште неколкумина.
Јас имам другарче кое беше таму,и ми кажа дека баш тие последните кои не се предале им нанесоле сериозни штети на специјалците.Ете двајца убиени,и неколкумина ранети.Биле скриени на 4-ти спрат.
Ама се уште не ми е јасно,еве уште малце цела недела ќе помине а МВР не излага со јасни и прецизни информации.Дали кријат или лажат не знам,ама уште не кажаа колкумина биле.Да не беше Алсат со информациите за приведените,немаше ни да дознаеме.Една недела не можат да им го откријат идентитетот на 10-на загинати,иако МВР официјално излезе со изјава дека биле 14.Како може ваква служба да направи такви грешки и мене не ми е јасно.Тој Нато имал и лична карта со него,а тие 4 дена "не можеа" да го докажат неговиот идентитет.
Штом и после нецела недела дена не излегоа со официјално што и како,не верувам дека некогаш ќе дознаеме.Ќе остане на рекла казала.