ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Ко ќе речеш акција тоа подразбира откривање на група следење лоцирање проценки па и вооружена пресметка. Специјалците и полиција сами не пошле во акција. Успешна операција е онаа која се извршува без употреба на сила, без жртви и без ширење на паника и психоза на војна меѓу народот па и во регионот. Тоа не се случи ради бројни пропусти случајни или намерни.
Ние не се судривме со француска легија на странци ниту амерички маринци, во прашање беше група собранао од ваму од таму повеќето викенд војници за дневница, која веќе упадна предходно, завзеде објект, заплени голема количина оружје јавно се закани со нови акции.... и пак никој не ги откри се додека не беше доцна и мораше со оклопни возила вооружени хелихоптери стотици полицајци урнати и запалени куќи, уништени возила, цивили кои бегаат и плачат... да се решава.
Грешките во тој дел се направени. Не може специјалците да речат, абе вие не сте ги следеле навремено, не ви одиме веќе.

Акцијата, таа по која се плука и систематски се понижува, е акцијата на специјалната единица на 9ти и 10ти. И таа акција беше успешна, без разлика на жртвите. Нејзе не ја подготвувале ни Мијалков, ни Јанкуловска. Ниту ја извршиле.

За се друго се согласуваме, сем викенд војници. Далеку од викенд војници беа гнидите во Куманово.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.436
Поени од реакции
3.696
Убиени 8 полицајци и над 30 повредени, овие уште викат успешна акција, абе гонете се у пм.

Јас освен 10 убиени од кај терористиве, не видов дека некој друг е повреден, посериозно.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Без разлика. Разузнување постои за да пресретне вакви работи.

Прво прислушкувањето, па ова. Тоа се два огромни пропусти. Македонското разузнување мора да се реформира. И тоа од темел. Онака, да извлечат баш се од зградите, до голи ѕидови, па да одлучат што од опрема и кадар им е потребно таму.
Тука си многу грешка. Една Меркел е прислушкувана па што очекуваш понатаму. Иначе мое мислење за изворот на снимките..... Тие што се пријавија сами, се само мамка да одслужат за одредена сума на пари. Според тоа дека прислупкуваните материјали се од Македонски Телеком, кој е во сопственост на ДТ, ова е дело на германските служби за кои линкот за прислушкувањето лесно може да биде достапен. Ти текиња на изјавата од првин на Зајко? Првата најава не беше што има во разговорите, туку самото прислушување. Дури меѓу првите разговори беше објавен он со ќерка му. Тоа беше да се замае јавноста да не прашува од каде му се материјалите на почетокот, да се претпостави дека се инсајдерски од УБК. После кога почнаа да се објавуваат материјалите, луѓето веќе не поставуваа прашања од каде му се.

2001ва помина без никаква реформа во тој дел, ако и сега помине тивко, ќе ни се повтори ваква криза и по трет пат.
Кризата не е ни почната, а за трета криза можда веќе нема да имаме прилика како држава според ова што го гледам. Иначе, војската е укината под изговор дека е тоа НАТО правило, иако Грција и Турција на пример немаат укинато воен рок. Зошто мислиш дека некој ќе ни дозволи да мислиме за нашата безбедност?
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.266
Поени од реакции
3.622
Убиени 8 полицајци и над 30 повредени, овие уште викат успешна акција, абе гонете се у пм.

Јас освен 10 убиени од кај терористиве, не видов дека некој друг е повреден, посериозно.
не бери гајле ќе направат самоубиство во кофа со вода само да поминат низ постапка и цапнат на „неутрален терен“
 
W

wicked_1

Гостин
Нема неуспех ниту во тој дел, освен во очекувањата. Според информациите што излегоа за оваа акција нема никаква дојава од никого. Иванов кажа дека имале индикации, кога добиле конкретно инфо дека ваква група е закана, дојавиле на 17 држави, а не добиле никаква повратна помош. Тоа значи дека нашето разознавање го одиграло ова само, што е исто така за поздрав.
Има, огромен. Неспособното мвр, не постапило сериозно по сите предупредувања. ДБК и слични агенции и тела се под дирекција на МВР. Зад изјавите дека биле предупредени стојат лица со име и презиме, не се тоа шпекулации. После тоа, истата институција криеше дека постоеле преговори со групата, на прес дознава целата нација елементарни факти за случајот.
И по незнам кој пат, подмолно е специјалните сили да се ставаат у ист кош со криминалците, критиките се кон овие вторите, кои глумат некаква институција на систем.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Без разлика. Разузнување постои за да пресретне вакви работи.

Прво прислушкувањето, па ова. Тоа се два огромни пропусти. Македонското разузнување мора да се реформира. И тоа од темел. Онака, да извлечат баш се од зградите, до голи ѕидови, па да одлучат што од опрема и кадар им е потребно таму.
И башка, цела опрема во нашето разознавање е донирана од западни служби, тоа значи дека нашиве неможат да мрднат без да знаат истите.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Луѓе во ред е да сте за смена на власт, за судење за сите криминали на баграта, за протести итн.
Ама овие тези што ги вадите све со цел да се поткопа моралот на полицијата се преопасни за државава. Не расфрлувајте се со потценувачки коментари кон полицијата за олку деликтна ситуација. Иако несвесно длабоко го поткопувате нашиот каков-таков безбедносен систем и тоа е премногу опасно. Ние од пред компјутер не знаеме ни 1% од тоа како се одвивала акцијата и никогаш нема и не треба да дознаеме. Никој не може да тврди од тепка дали била или не била успешна акцијата. На крајот на краиштата и да не е зар треба да кажат дека им ебале мамата на нашиве?
Во ред е, на сите ни е дојдено преку глава од овие, ама мора да ја ставиме безбедноста на државата пред било какви политички игри и да престанеме во секој коментар да плукаме по полицијата и нејзините акции.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Има, огромен. Неспособното мвр, не постапило сериозно по сите предупредувања. ДБК и слични агенции и тела се под дирекција на МВР. Зад изјавите дека биле предупредени стојат лица со име и презиме, не се тоа шпекулации. После тоа, истата институција криеше дека постоеле преговори со групата, на прес дознава целата нација елементарни факти за случајот.
И по незнам кој пат, подмолно е специјалните сили да се ставаат у ист кош со криминалците, критиките се кон овие вторите, кои глумат некаква институција на систем.
Кој бил предупреден? Све е тоа „по свадба тапани“. Муабетите дека биле предупредени не дојде од ниедна официјална личност. Имаше некои патки во весници и тоа е тоа. Единствена официјална изјава што даде за разознавањето е Иванов, кој кажа дека биле обавестени служби на 17 држави и од ниедна не добиле повратна информација, дојава ниту било каква помош.

Единствената грешка на нашето разознавање и воопшто на безбедносните структури е што им дале безрезервна доверба на западните служби, кои очигледно ја имаат одговорноста за ова што се дешава.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.209
Поени од реакции
8.567
poradi mnogu gluposti iskazani po mediumi I slicno, se bega od ona vistinskoto sto go barame.Koja bese celta na grupava,sigurno ne Im bese samo da dojdat tuka da ubijat nekoj ,nekoj da zagine a nekoj da skapa vo zatvor.Osekam deka nesto I kaj niv ne trgnalo kako sto treba,inaku sve ova nema nikakva smisla.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Грешките во тој дел се направени. Не може специјалците да речат, абе вие не сте ги следеле навремено, не ви одиме веќе.

Акцијата, таа по која се плука и систематски се понижува, е акцијата на специјалната единица на 9ти и 10ти. И таа акција беше успешна, без разлика на жртвите. Нејзе не ја подготвувале ни Мијалков, ни Јанкуловска. Ниту ја извршиле.

За се друго се согласуваме, сем викенд војници. Далеку од викенд војници беа гнидите во Куманово.
a специјалци и полиција се под локална самоуправа или министерство за образование?
кој му дава наредби, кој ги опремува кој ги обучува на чии платен список се?
Ги двоиш од безбедносниот систем небаре се башка држава.
Некој шо поминал на црвено не можеш да го фалиш како добар пример во сообраќај оти во то време бил врзан со појас
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
a специјалци и полиција се под локална самоуправа или министерство за образование?
кој му дава наредби, кој ги опремува кој ги обучува на чии платен список се?
Ги двоиш од безбедносниот систем небаре се башка држава.
Некој шо поминал на црвено не можеш да го фалиш како добар пример во сообраќај оти во то време бил врзан со појас
Што се виновни специјалците затоа што разузнувањето потфрлило?

Тие ги покрија сите потфрлувања на цел систем, со сопствена жртва. Затоа заслужуваат да бидат двоени и затоа ги двојам. Да не беа храбри ко што беа, ќе ни се случеше ново Арачиново.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.961
Поени од реакции
11.608

Само нешто: мислиш на разузнавање или контраразузнавање?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.961
Поени од реакции
11.608
УБК. Се е концентрирано таму.
Претпоставував, затоа и се збунив кога читав сега. Пошто тоа е контраразузнавање.
Агенција за разузнавање е посебен орган али е онака, мех, искрено, точно не ни знам кои се надлежностите. :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.992
Претпоставував, затоа и се збунив кога читав сега. Пошто тоа е контраразузнавање.
Агенција за разузнавање е посебен орган али е онака, мех, искрено, точно не ни знам кои се надлежностите. :)
АР е нешто ко туристичка агенција. Реалната моќ на нашите служби е целосно концентрирана во УБК.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom