Не се возбудувај.
Општ впечаток е намалена или целосен недостаток на доверба на граѓаните во институциите на системот. Во ова лудило кое ни се случува, секое инфо треба да се зема со резерва без разлика на изворот. И да се почека пред да се донесе било каков заклучок.
Појасен сум сега?
Јас не видов соопштение на полицијата кое би можело да биде контраверзно. А иначе генерално е намалена довербата. Тоа беше и целта на политичката криза. Ова што го читам тука просто не ми се верува. Има упад од терористи, а луѓево коментираат ко без памет. И покрај тоа што Србија, Бугарија и Косово трупа војска и специјални единици на граница, официјално и со изјави, неможам да се изначудам на рајава што мисли, дали и тоа е дело на Грујо или што е работата. Не ли тоа треба да биде јасен индикатор за безбедносната опасност.
Да ми кажувал некој дека ова ќе се случи, не би верувал. Ова ме подсеќа на онаа сцената на животот на Брајан, кога Римјаните стојат на страна, а Народниот фронт на Јудеја и Јудејскиот народен фронт се тепаат меѓусебе. Буквално, УЧК може да седи на страна ние да се испоубиеме меѓусебе, и после на готово да дојде.
Но да се разбереме, за олку омраза и слепило кај народот самиот Грујо е крив. И тој во учебниците ќе сноси одговорност иако он е свесен што се дешава и покушава нешто да направи. А тој Зајко ќе биде еден од најтрагичните личности во Македонската историја, доколку после ова што не чека ќе се користи зборот Македонска историја.