ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.346
Еден многу клучен момент заборави, а тоа е како и зошто престанаа малтретирањата и нападите во автобусите од страна на албанците со почетокот на бомбите?
Престанаа од лани (тука се движам и јас, тука се и децата кои кажуваат што има, како има), а колку што читам по порталиве првите аудиоснимки се од февруари 2015.

Ова со безбедноста резултира и со други дилеми. Спроти оваа состојба на двапати најмалку беше ветено дека ќе се вратат позорникарите по населбите, што не се оствари. Доколку беа вратени на улица, не знам колку ќе се инфилтрираа групи низ Куманово, Скопје и др. градови. За сообраќајни прекршоци или други проблеми вон сообраќајот, малку веројатно да се најде полицаец. И во таква состојба на безбедност, во врска со темава и зголемен број бурки и брадести со куси панталони, посебно во некои делови од градот, беше решено да се затвораат навечер полициските станици освен три низ градот. Се работи за секојдневна безбедност за која сите одвојуваме еднакво и ете последниот момент за инфлитрација на терористи, банди и вооружени групи.
И за ова ни е виновен западот, ленка и гасоводот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Престанаа од лани (тука се движам и јас, тука се и децата кои кажуваат што има, како има), а колку што читам по порталиве првите аудиоснимки се од февруари 2015.

Ова со безбедноста резултира и со други дилеми. Спроти оваа состојба на двапати најмалку беше ветено дека ќе се вратат позорникарите по населбите, што не се оствари. Доколку беа вратени на улица, не знам колку ќе се инфилтрираа групи низ Куманово, Скопје и др. градови. За сообраќајни прекршоци или други проблеми вон сообраќајот, малку веројатно да се најде полицаец. И во таква состојба на безбедност, во врска со темава и зголемен број бурки и брадести со куси панталони, посебно во некои делови од градот, беше решено да се затвораат навечер полициските станици освен три низ градот. Се работи за секојдневна безбедност за која сите одвојуваме еднакво и ете последниот момент за инфлитрација на терористи, банди и вооружени групи.
И за ова ни е виновен западот, ленка и гасоводот.
Во врска со безбедноста на пример, војската се тргна од границите по сугестија на НАТО (западот), иако во ниедна соседна (НАТО) држава не е тргната. Редовиниот воен рок се укина по сугестија на НАТО(западот) иако колку што знам не е укинат ниту во Турција, ниту во Грција(за Бугарија и Албанија не знам и не зборам). Ако ова не е упад во безбедносен систем и негово слабеење тогаш незнам што треба да направат за да ти стане очигледно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.346
Во врска со безбедноста на пример, војската се тргна од границите по сугестија на НАТО (западот), иако во ниедна соседна (НАТО) држава не е тргната. Редовиниот воен рок се укина по сугестија на НАТО(западот) иако колку што знам не е укинат ниту во Турција, ниту во Грција(за Бугарија и Албанија не знам и не зборам). Ако ова не е упад во безбедносен систем и негово слабеење тогаш незнам што треба да направат за да ти стане очигледно.
Да, тоа го пишував некаде порано. Пред или по војната, не се сеќавам, реорганизацијата во т.н. мала ефикасна армија, тргање на војската од границите и полиција по теркот на зап. т.н. демократии, беше добар старт за урнисување на безбедноста. Но, со оглед на безбедносната ситуација (не само во моментов), зголемување на вехабистички организации, џамии и секакви ликови, се повеќе "рандом" тепачки по автобуски, губење контрола врз некои делови, ветувањата за позорникари и полицајци на точаци како и поништување на одлуката за дежурни станици, беа доволна основа да се поправат дел од тие тие грешки. Се имаше и доволно и премногу време, но реалноста вели дека ништо од тоа не се презеде.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.394
Поени од реакции
35.056
За сообраќајни прекршоци или други проблеми вон сообраќајот, малку веројатно да се најде полицаец. И во таква состојба на безбедност, во врска со темава и зголемен број бурки и брадести со куси панталони, посебно во некои делови од градот, беше решено да се затвораат навечер полициските станици освен три низ градот. Се работи за секојдневна безбедност за која сите одвојуваме еднакво и ете последниот момент за инфлитрација на терористи, банди и вооружени групи.
И за ова ни е виновен западот, ленка и гасоводот.
Но, со оглед на безбедносната ситуација (не само во моментов), зголемување на вехабистички организации, џамии и секакви ликови, се повеќе "рандом" тепачки по автобуски...
И за ова ни е виновен западот, ленка и гасоводот.
За тоа сме криви сите ние во државава, а таквите како тебе се и малку повеќе криви. Ти си уште еден од масата игнорантни секојдневни луѓе што ги гледаат само непосредните проблеми.
Во овој случај се жалиш на недоволно полициска заштита од „зголемен број бурки и брадести со куси панталони“ (кажи Вахабисти, не се срами), но во исто време не ти е проблем да плаќаш телевизска претплата за Ал Џезеира чиј газда е вахабистот, емирот на Катар, каде државна религија (и единствена дозволена) е Вахабизмот. Тој емир и неговата држава се главен извозник на вахабизмот (и тероризмот) низ светот. Ти самиот, преку плаќање претплата за Ал Џезеира си спонзор на вахабизмот. И со твои пари се градат џамии, и се промовира носење на бурки... и тепање (и други работи) на кафири (сите што не се муслимани, вахабисти или барем сунити).

edit:
Смешно е што од друга страна ти @Lurtz дури се испенави бранејќи ги Ал-Џезеира на форумот и како не била важна нивната вахабистчка заднина (и агенда)... За сега да се жалиш дека полицијата не те заштитува доволно од истите тие вахабисти.
Ах, иронијата. :)
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.346
За тоа сме криви сите ние во државава, а таквите како тебе се и малку повеќе криви. Ти си уште еден од масата игнорантни секојдневни луѓе што ги гледаат само непосредните проблеми.
Во овој случај се жалиш на недоволно полициска заштита од „зголемен број бурки и брадести со куси панталони“ (кажи Вахабисти, не се срами), но во исто време не ти е проблем да плаќаш телевизска претплата за Ал Џезеира чиј газда е вахабистот, емирот на Катар, каде државна религија (и единствена дозволена) е Вахабизмот. Тој емир и неговата држава се главен извозник на вахабизмот (и тероризмот) низ светот. Ти самиот, преку плаќање претплата за Ал Џезеира си спонзор на вахабизмот. И со твои пари се градат џамии, и се промовира носење на бурки...

Смешно е што од дуга страна ти @Lurtz дури се испенави бранејќи ги Ал-Џезеира на форумот и како не била важна нивната вахабистчка заднина (и агенда)... За сега да се жалиш дека полицијата не те заштитува доволно од истите тие вахабисти.
Ах, иронијата. :)
Ванлок, не знам каков проблем имаш, но те прашав каде живееш. Некаде во Исланд? Спушти се на земја и размисли како е да им свират куршуми над глава на твоите деца, додека одат на школо. Те замолив сам да одиш до вехабиите, да им го кажеш тоа што мене ми го пишуваше. Те молам, искрено те молам, не обесувај. Веројатно како и другите од гдом, живееш во некоја бајка таму некаде.
Дефинитивно ме заболе уво за гасовод и геостратегија, а сигурен сум и тебе ако малку се помешаш со таков народ. Споредуваш една теве од п**ке си мајчине со реален живот со тие вехабии.
Ако сакаш попрецизно, џамии градат, се населуваат и ги потиснуваат македонците во 25годишна вмровска општина.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.394
Поени од реакции
35.056
@Lurtz
Ајде бе, сега во гдом ме смести? (искрено повеќе би сакал на Исланд). :)
Нема бегање од иронијата Лурц, од една страна инсистираш дека немало врска што Ал Џезеира е вахабистички медиум (иако дефакто и дејуре врши вахабистичка пропаганда, и твоите пари ги финасираат нивните агенди, и твоите деца се индоктринираат) - ама па и ти сметаат работите што вахабистите овде ги прават.

Не ли конечно почнуваш да разбираш дека СЕ е поврзано, и дека едното со другото оди?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.346
@Lurtz
Ајде сега, во гдом ме смести (искрено повеќе би сакал на Исланд). :)
Нема бегање од иронијата Лурц, од една страна инсистираш дека немало врска што Ал Џезеира е вахабистички медиум (иако дефакто и дејуре врши пропаганда, и твоите пари ги финасираат) - ама па и ти сметаат работите што вахабистите овде ги прават.

Не ли конечно почнуваш да разбираш дека СЕ е поврзано, дека едното со другото оди?
не си во право. Според она што го знаеш за соживотот и мешаните населби, веројатно живееш во прилично чиста околина. Моите пари ја финансираа општина Чаир и државниот буџет, кои вработија екс-терористи, кои ќе се пазарат со бранителите од 2001, кои отстапија простор за џамии и кои вдомија илјадници вехабисти, кои упорно одржуваат ниско ниво на безбедност, а кои ветија она што го ветија за безбедноста на граѓаните. За тв ти кажав, све е тоа релативно колку си погоден од настаните. Другите не се финансирани од Катар ама ете, пишуваат, им се може. Како и едночудо албански медиуми на кабелската каде живеам. Катар, кој беше поканет од нашата влада да "инвестира" во РМ. Ова посебно со алџезаира се потенцира по некои портали откако имаше некои критики за Скопје 2014 и слични владини проекти, воопшто за Македонија. Јас сум тука, моето семејство, утре и моите внуци ќе мораат да живеат со албанците. Веројатно и ти тргнуваш од себеси па белким нема да се грижиш за состојбите со абориџините во Источна Австралија. Ај како ноторен пример -од најмакедонската партија, Латиновски (или Трајановски, скоро па исто) дозволи да се гради една од џамиите среде куќи во Бутел 2, а од друга страна голем број граѓани сеуште имаат проблем да си ги озаконат дворовите. Македонецот е е**ан од оваа држава, а нашите квазипортали, Алџезаира, ББЦ, германски и мноштво други медиуми го користат тој секс, си тераат агенди. Самите придонесовме да служиме за потсмев, самите (владата) се раскаравме и се резилиме со светот.
Патем, еве ти за тој Сорос, Аденауер и некојси состанок со Сорос.
http://fokus.mk/kako-toa-soros-e-losh-a-konrad-adenauer-e-dobar/
На крај запрашај се за оние национални тв кои секојдневно прават тензии, а кои ние ги плаќаме. Или за мтв која не сака да објави снимки кои се битни за јавноста.
@Lurtz со среќа против теоретичаров, си треба нерви :icon_lol:
На секоја тема, знам...но за мене се битни размислувањата на паталци (пред некој ден кумановци). Таа ф**кинг алџезаира, тој сорос и гасовод, цвеќиња ќе цветаа.
На крај краева, имаме Совет за радиодифузија која има таква задача, имаме институции за контрола на граѓани, доселување, за контрола на пари,..прашање е дали и како функционираат
 
Последно уредено:

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
На неколку нивоа е многу можно ова што го пишуваш. Неколку НАТО званичници реагираа на зголемени активности на Р.Ф. во Македонија, и на Балканот воопшто. Сакаат забрзано да ги примат земјите од Балканот во НАТО.

Се надевам дека нема да успеат. Од многу причини.
Само има еден голем проблем, како ќе направи Грција компромис со Македонија знаејќи дека тоа се прави само за да се попречи изградбата на гасоводот а со тоа и губење милијарди долари .
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Сега излезе и видео од Заев кај што договара мито.

Кажете ми за оваква ли демократија се бориме, а видеово никој од опозицискиве медиуми нема мадиња да го објави.

Можев да јадам трици за владиниве портали и медиуми и бев тотално разочаран, дури добив симпатии кон опозициските медиуми и ги читав нон-стоп. Но еве се покажа дека ако сум продолжел уште малку ќе сум оставел да влезам во нивниот филм.

Пу јазк

Има ли бре некој портал што објавува објективно?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.840
Поени од реакции
12.346
Доколку пречат сите тие домашни и странски невладини, финансирани од непознати извори или од нашата влада, тогаш нека ги укинат, наместо своите неуспеси да ги затскриваат зад нго-ата. Ама ова не го порекнува фактот дека во Куманово имаше проблем со нашите институции, дека луѓе-полицајци загинаа.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.982
Прво, јас не велам дека сигурно ќе биде најнасилното сценарио. Дајбоже да не биде. Но искустовото на подоста други држави ни вели дека се е можно, и да бидеме спремни на секакви сценарија.

Понатаму, од каде па ти воопшто знаеш колку пари дали Сорос, и за што ги дал? А ако не знаеш (како што никако не можеш да знаеш), тогаш како правиш споредби... И последно, иако не најневажно - човече правиш ступидна споредба. Парите од странски надоворешен фактор... наспрема парите внатре од државата. Тоа преведено е, странските интереси наспрема домашните интереси... Размисли за ова.
Друже,ептен забега ти.. Кои домашни интереси?! Чии домашни интереси? На Груевски? На Мијалков? Кои се бе тие домашни интереси?

Виртуелната реалност што ја ствараат, перењето мозок и заглупувањето на народов преку МТВ, Сител, Канал5, Алфа и другите куртон медиуми кои ги плаќаат со наши пари? Тоа ли е домашниот интерес? Епа дома да си го носиш, ако е тоа за тебе домашниот интерес.

Околу терминологија што ја користиш, незнам колку години имаш, ама тоа пета колона, надворешни и внатрешни непријатели, е терминологија што ја користеше КПЈ (комунистичката партија на југославија), така да, иако викаат дека историјата и модата се повторуваат, ми се чини дека е малку застарена.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да знаеш што зборуваш, ќе знаеше дека американските претседатели се само пи-ар претставници на вистинската власт. Понатаму ЦИА е држава во држава, Виетнамската војна е почната преку разузнавачка фолс флаг оперција на ЦИА, кога во заливот Тонкин две американски воени пловила лажно пријавиле дека се нападнати од северновиетнамски торпедни чамци. - што понатму било искористено како изговор за објавување на војна. Сето ова го знаеме преку официјални американски декласифицирани документи.

http://www.opsecnews.com/gulf-of-tonkin-incident-false-flag-for-war-in-vietnam/
http://www.infowars.com/de-classified-vietnam-era-transcripts-show-senators-knew-gulf-of-tonkin-was-a-staged-false-flag-event/
(и многу други)
И тебе те дупи Миле од Прилеп. Само да знаеш. Додека овде продаваш теории на завери, Миле ти се има качено. Ти гласаш, а тој ти вели, шо те ебам, само ако си гласал протиив мене. А ти продолжи да го дрвиш за ЦИА.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.394
Поени од реакции
35.056
Па нели сака да ја турне власта во Македонија? Значи битна му е таа работа, а за работа што ти значи не се жалат пари.
Прво затоа што може да помине многу поевтино. Второ затоа што тој тоа не го прави со негови лични пари, туку од парите што во договор со американската влада - ги затајува од данок. Така САД формално не можат да бидат обвинети за ништо, а Сорос сепак ги одработува прљавите работи за нив.

Лошо тролаш иначе, поработи малку на хуморот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.275
Не му е за парите од Македонија. Човекот има 24.4 милијарди долари проценето богатство и 84 години (и според Гелевски вложува пет милиони и двеста илјади долари во РМ, значи не е дека нешто многу вложува со оглед на неговото вкупно богатство). Најискрено, не мислам дека му е дојдено до заебанција за "милионите на РМ". Гарант има друга, можеби поширока агенда.
Јас не мислам дека САД стои зад него. Мислам дека се работи за способен човек кои прави пари со шпекулирање. А контрола врз влади помага во таа насока.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
830
Поени од реакции
842
Тој вложува по 10тина милиони годишно, би очекувал за возврат 20тина. Ништо страшно и ништо невозможно. Ниту пак некоја теорија на заговор. Финансира политички движења низ цел свет човекот. И мало дете знае зошто некој финансира политички движења.
Многу корпорации од калибар на Мајкрософт, инвестираа во балканот т.е Србија, каде развивачите на софтвер не им носат директен профит, туку на тој начин се промовира фирмата преку настани и разно разни собири.
Зборот ми е дека не се очекува да се збогатат од тие земји затоа што инвестираните пари и приливот се многу мали за една мега корпорација.
И дека Сорос едвај чека да падне ВМРО за да се збогати пошто се истроши инвестирјќи во Македонија :))))... Ми нема логика
 

Kajgana Shop

На врв Bottom