Видиш погрешно ме имаш проценето. Тотално погрешно. Немам членска книшка, никогаш и сум немал. Ти го кажувам ова не за друго туку работата е далеку поголема и посериозна од СДСМ и ВМРО. Искрено много кратковидо гледате на работата. Нити ти нити таквите како тебе сте го притиснале овој режим кој патем речено е легално избрана власт на регуларни избори туку тоа го направи некој друг. Вие само сте одработиле за него, сте им ја завршиле валканата работа. Сакал тоа ти да си го признаеш или не. Најжалното е што со цел ум мислите дека сте направиле добро дело. Јас извини неможам да видам добро дело во тоа некој од надвор да ми кажува кој ке ми ја води државата, кој ке биди премиер, министер, какви одлуки треба или не треба да се носат. Јас неможам да видам добро дело во тоа странци да ми кажуваат што е добро а што не кај мене дома. Си има избори за тоа. А дека власта паѓа на избори досега имаме видено минимум 4 пати. Ако ти сметаш дека е некој голем успех странци да ти кажуваат дома кој ке биде денес на власт само затоа што во моментот не ги сакаш едните или другите или не си гласал за едните или другите помисли само дека еден ден истите тие странци ке ти донесат друг на власт и ке ти го сменат оној за кој ти пример си гласал или во моментот ти е по кеф од само за нив познати причини интереси. Последна грижа ке им биди добробитот на народот.
Во последните години се изнагледавме паѓање на режими , диктатури и легално избрани влади во името на таканаречената западна демократија. Секаде без исклучок сценариото беше исто. Од внатре со голема логистичка помош од надвор.
Кажими барем една таква држава каде денес ситуацијата е подобра од претходно.
Барем една.
И вие на тоа се радувате како да сте постигнале голема победа и незнам каков успех. Сами клоца си манавме. Ете тоа си направиме.
Како сега ми пишуваш дека не си за дпмне а сметаш дека не е добро дело тоа што ќе падне корумпирана криминална влада? објасни зошто ги браниш
Ме потсеќаш на моментите кога сдс беше врхушка како што е сега дпмне, се сеќавам тогаш сдсмофци цимолеа дека ако паднат од власт Македонија нема да постои нема да опстане.... што си се уплашил толку? значи од власт ќе паднат корумпирании нечесни политичари, политичари кои не се грижат за народот туку се грижат само за своето членство, гласачко тело, и кога тие не се грижат за сопствениот народ зошто очекуваш странците да се грижат.
Сега одеднаш во обзир се земат сите така? плачки лелекања дека народот ги предал.....а до пред неколку недели се преправаа дека не постои тој народ, никој во државава освен нивните , игнорираа се живо (впрочем и сеуште го прават тоа ама слабо им оди) прават будали од сопствениот народ, кога народот се жалеше за стандардот за енергенсите за разноразни проблеми од секојдневиоето на обичните смртници итн тие му организираа контрапротести, рекетари закани и казни, додека во мегувреме си правеа фонтани палати златни огради итн за да го задоволат егото на сопствените поджувачи, опиени од моќта и занесот додека не траснаа на земја..
Јас немам што да изгубам, да не се повторувам, не земам ништо од државата ниту имам намера во иднина да земам, работам во приватен сектор, нека му ја мислат оние на кој гзот им е под кирија, опстанокот на државата не зависи од тоа дали Грујо е премиер а Сашо директор на разузнавање..
Појасни и за клоцата, каква клоца сме си мавнале? во која свера државава го зацврстила своето битосување од периодот пред да дојде Грујо на влас? не признаа ли во ОН под уставно име? станавме ли член на НАТО ЕУ или било која мегународна влијателна организација сојуз што ио да е, запре ли албанизирањето во државата? не, ништо од тоа, напротив како никогаш до сега се превземени само контра потези, со амнестијата за во ените злосторства, министер за одбрана екс терорист дезертер....