Eве нешто се шушка за “безбедноста“
Операција Шах-Мат: На Мијалков и Јанкуловска им биле предочени снимки за контакти со криминалците во Куманово
Нашите извори тврдат дека на двајцата на состанокот им биле дадени снимки од телефонски контакти од страна на вработени во УБК со криминалците предводени од командант Нато и неговата дружина.
Од телефонските разговори кои им ги дале наводно се докажала вмешаноста на УБК која влегла во преговори со групата која го направи крвавиот пир во Куманово.
Албанци вработени од УБК контактирале телефонски со бандите, пренесувајќи дека по директна наредба на директорот ги прашуваат што бараат да се повлечат.
– Практично МВР влегла во преговори со нив -вели нашиот извор.
Паралелно со ова и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во договор со коалициските партнери побарал помош од ОБСЕ да извлечел наводно тројца негови кои биле во бандите и се впуштил во преговарање со нив.
– И него денеска на средбата во Американската амбасада – тврди нашиот извор – му било кажано дека меѓународната заедница преку тие снимки знае за инволвираноста на владата во случувањата во Куманово и дека крвавата операција МВР ја започнала откако на терен веќе почнале да и гинат нејзини припадници.
– Оставките вечерва – вели нашиот дипломатски извор – се логични по денешните соочувања на амбасадорите со нашите функционери.
Нашиот извор не открива дали очекуваат брза оставка и од премиерот Груевски кој, според него, знаел за контактите со криминалците на неговиот братучед.