Асистенција од полиција при иселување

  • Креатор на темата Креатор на темата lorena.kamenita
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 декември 2014
Мислења
217
Поени од реакции
247
Возраст
56
Ве молам за правен совет. Пред неколк години купив дуќан, но не го префрлив на мое име, иако е дуќанот исплатен во целост. Во меѓувреме издадов. Но бидејќи не е на мое име немам никаков договор потпишан со личноста на која го издадов.Веќе подолго време потстанарот не ми се јавува. Значи има долг и за рента и за сметки. Дали има потреба да побарам асистенција од полиција за да го сменам клучот од дуќанот. Дали треба да го повикам претходниот сопственик или можам тоа сама да го сторам.
Однапред Ви благодарам.
 
Како го издаде? Па треба договор за тоа заверен со потпис на сопственик и закупувач ако на тој што го изнајмил фирмата му е легална, прво што бара инспекција е договр за користење на објектот. Имаш ли бар некое полномошно дека може да располагаш со објектот. Ако немаш ништо во основа постапката треба да ја прави тој на што чие име објектот се води. И дај префрли го објектот на тебе за да немаш вакви глупости знаеме се плаќа тоа ама заради тој данок и заверка сега 100 други проблеми си си направила :(
 
Како може да купиш недвижен имот и да го платиш во целост а да не го префрлиш на твое име? Тоа е првата и основна работа што се прави при вакви купувања-продавања баш поради проблеми од ваков тип. Сега и ти можеш да имаш проблеми поради тоа што дуќанот не е на твое име и немаш направено договор за издавање под ќирија. Сега немаш ниту основа ниту докази дека тој што го користел просторот ти должи нешто, и немора да ти плати.
 
Ве молам за правен совет. Пред неколк години купив дуќан, но не го префрлив на мое име, иако е дуќанот исплатен во целост. Во меѓувреме издадов. Но бидејќи не е на мое име немам никаков договор потпишан со личноста на која го издадов.Веќе подолго време потстанарот не ми се јавува. Значи има долг и за рента и за сметки. Дали има потреба да побарам асистенција од полиција за да го сменам клучот од дуќанот. Дали треба да го повикам претходниот сопственик или можам тоа сама да го сторам.
Однапред Ви благодарам.

Ау ау ау.. Нек ти е со среќа.
 
Како бе луѓе толку често ви се јавуваат проблеми со префрлување на име на објект, возило итн. ? Тоа се средува веднаш по купувањето на истото за после да не си ја чукате главата од проблеми. Стварно не ми е јасно зошто доста луѓе не го прават прегрлувањето веднаш по купувањето на нешто... :unsure:
 
Таксите и данокот се реално големи, ако пред продажбата не се договорат кој ќе даде за префрлање во многу случаи настанува проблем. И оставаат ај друг пат као демек по месец година нема да има нотарски тарифник или данокот ќе падни во проценти и така до безкрај...
 
Македонски синдром. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom