Многу лошо е тоа што ве пратам, еве веќе 235 страни... и поприлично во лоша насока ја водите дискусијата ( да не зборувам за тоа што наидувам на зборови од типот "морони" "глупаци" итн. да не ги редам)
Многу луѓе има на форумов, и општо, деновиве цела дискусија насекаде е на оваа тема, сите новинари/експерти/политичари/обични луѓе дискутираат и се расправаат за ова.
Тие што се повеќе упатени, се сеќавате на 2001 верувам (и 1999 ке ја вметнам овде), од овие случувања ви е јасно дека САД (и сигурно останати тајни служби од други земји) се вмешани во тогашните случувања и дека помагаа на (да речеме) двете страни.. иако ние не добивме ништо ама ајде тоа ќе го оставиме за друга дискусија...
Целиот овој инцидент, не е платен од ВМРО или од СДСМ. Во право сте дека е режија, но не наша!
Нашите политичари за жал, покажаа колку се неискусни и наивни само со сите овие случувања кои не задесија изминатиов период.
Не гледајте само на Куманово... проширете го погледот малку, сето ова е режија на некој кој е решен да не дестабилизира, И ДОБРО МУ ОДИ!
Бидете искрени, и тие што се симпатизери на ВМРО, и тие на СДСМ, сите тие се исти, немојте да ми кажете дека СДСМ не ги правела истиве работи што ги прави сега ВМРО, ама и тоа е за друга дискусија... поентата ми е следна: Бомбите на Заев, на дел од нас ни ги отворија очите и ни покажаа дека ВМРО не краде. Добро, не ги сакаме ВМРО, не ја сакаме оваа власт, и тргнавме да протестираме, за да ја бутнеме и да дојде да не води некој друг.
Следно беше ова во Куманово, каде терористи буквално им е дадено за цел да не исплашат, И ТОА ИМ УСПЕА. Дали стварно мислите дека ќе го минирале Ситимол, и Камени мост итн??
МВР ги потцени нивните сили и затоа претрпе такви загуби, они тргнале во 05:00 за да ги изненадат, и да биде едно успешно апсење, но се испоставило дека групата е малку поорганизирана и наидоа на неочекуван оган од таа страна, и планот наместо да биде молскавичен и завршен за 30 минути, тој се пролонгираше во 26 часа, поради тоа што нашите од МВР го освојувале теренот куќа за куќа бидејки немало друго решение, кога си веќе таму и ПРВИОТ план не успеал, мораш да продолжиш да буткаш, нема време да се вратиме во Скопје и да скориме план за да ги уништиме ваквите (многу наоружани) терористи.
Биле информирани 17 служби дека има некакво движење, и ниедна служба не ни помогнала.. Само Србската тајна служба ни споделила информации за кои нашиве малку се сомневале и сметале дека се преувеличени, одтаму и се изненадиле во отпорот на групата, како што кажав погоре, сметале дека се обични криминалци кои до сега ги имаат апсено доста.
Никој од страна не ни споделил значи ништо, мислите дека не знаеле за групата? Мислите дека службите на Америка и Европа не биле свесни за вакво движење?
Постојат 2 сценарија:
1. Не ги бива и не можат да ги разоткријат (НЕ)
2. Знаеле дека постои, НО, исто така знаеле и дека има таа група ЗАДАЧА, да не стересе, па не споделиле ништо, напротив, ете ви го и одговорот на едно од честите прашања, а тоа е КАКО група од толку луѓе влегла во сред град, и била така добро наоружана, обучена итн.
Група од ~40 луѓе не напаѓа, за да освои територии демек од идеалистички причини, и сака да прави напади на секакви јавни објекти, а од 40-50 луѓе, 30тина се предаваат, а 14 се убиени. Останаа живи, парите им се стигнати одамна на сметките, и сега ќе останат во затвор (не знам по колку години, сигурно многу од нив нема ни да излезат)
Значи они нивната цел ја исполнија, не исплашија и повеќето остаанаа живи + парите кои ги добиле за овој инцидент ке си останат на нивните сметки и еве да речеме нивните фамилии ќе живеат добро. (Колку од нас викаат дека за 2-3-4-10 милиони би лежеле у затвор ама ако знаеме дека фамилијата ќе живее добро, ме сфаќате која ми е поентата)
Е сега, тој некој кој сака да не дестабилизира... што доби?
Заевите бомби не натераа да не веруваме на власта и државата
Куманово не исплаши од војна и се осеќаме несигурни
Теренот е спремен... голи сме и боси, не знаеме кој сакаме да не води, и НЕМАМЕ за жал кој да не води, се сомневаме во сопствените квалитети и сме исплашени од терористи кои се закануваат да не нападнат во секое време...
Комплетно сме разорани и неорганизирани... Инаку, кога ја спомнувате Русија, стварно држи вода муабетот дека и тоа може да биде поврзано.
Русија како што гледате полека но сигурно ја придобива Грција, Бугарија, Романија... Од друга страна Русија е под санкции од цела Европа и потребен и е овој Турскиов тек или како и да се вика, за да ги придобие овие земји со кои може да им контрира убаво на Европа и САД.
Ние сме најслаба карика од целата таа низа на држави каде ке се гради тој тек, и сме најлесни за да бидеме дестабилизирани и преку нас да се скрши тој план. Ако успеат западниве служби, ќе се откажеме и нема градење, ако не убедат Русиве, ке кажеме дека се согласуваме и да се гради тука, е тогаш западниве служби ке платат пак за напад, можеби и уште една 2001, можеби постои и опција да победат про-руските служби, КАКО И ДА Е, само ние губиме!
Моментално ни се случува токму тоа, ќе не уназадат пак за 5 години, ќе потфрлиме и пред Европа и пред Сад и пред Русија, и ќе си останеме со некој "нов" политичар, кој ќе дојде исто со помош на тие странски сили, и ке игра како што они ќе му свират...