Конечно ја дочитав целата тема, мозокот... пржи.
Сценарио на Грујо - мотив дефокусирање на јавноста и обиди за false flag;
- Повеќе од јасно е дека оваа монархо-фашистичка опција ги држи најбитните државни иснституции под контрола, тотална контрола = огромно влијание при креирањето на јавното мислење а следствено на тоа поголема поддршка. Не гледам зошто би требало да се објаснувам, ова се општо познати факти а и ќе навлезам во територијата на политика. Радо би, но доколу имавте барем основни познавања од политика и како функционираат партиите во модерните, демократски општества немаше да зборуваме за политика и партии туку за бизнис и акционерски друштва (ова важи за сите опции во државата). Така да - поштедете ме од небулози.
- Верно, слепо членство и симпатизери со сумљива ментална состојба = солидна бројка на "политичко" и општествено влијание (први редови топовско месо).
- Успешно задушување на протестите; оваа точка е клучна како аргумент дека овие не сојат позади сценариото за дестабилизација на Македонија. Имено, после ескалацијата од првиот ден на протесите со помош на провокаторите, кои како такви ги имаше и од другата опција, власта доби само политички поени, представувајќи ги неопределените граѓани како припадници на спротивната опција (деградирање, цел; префрлување на политичката одговорност во случајот Нешковски) а со самата употреба на сила (после провокаторите, позната пракса ширум светот) беше внесен страв меѓу луѓето а тоа резултираше со скратување на правото на движење и протест т.е. помал број на излезеност и пократок временски интервал на протестите кои после првиот ден беа ненасилни. Последново го тврдам како сведок, директно од настаните.
Заклучок; Тоталната контрола, верната војска (членови, симатизери т.е. гласачи = стабилност) и успешното задушување на протестот се доволни индикатори дека на оваа владејачка гарнитура не им се потреби никакви false flag - ови (тип ЗОТЕ кој верува во антигравитации при транспорт на камените блокови на пирамидите, НЛО, потопи и смак свјат и останати заговори ако веќе зборуваме за заговори - се знае кои луѓето кои ќе подлегнат на заговор што се случува понатаму...), ниту пак дури типови на репресивни методи, одамна познавајќи го нивниот директен и суров пристап при одржувањето на нивната агенда (случај Брат Љубе меѓу многуте пресметувања со политичките конкуренти и добивање на гласачко тело).
Сценарио на Зајко - мотив насилно превземање на власта и обиди за false flag;
- Повеќе од јасно е дека оваа монархо-фашистичка опција нема никакво влијание врз/во најбитните државни институции = слабо влијание при креирањето на јавното мислење а селдствено на тоа помала поддршка при евентуални предвремени или регуларни избори. Ќе го спомнам истото дека нема пореба да се објаснувам дека веќе сме апла во сферата на бизнис и АД а не партија и политика, самиот факт дека З.З. и тесното раководство во оваа опција (исто и во другата погоре) се најголеми олигарси т.е. акционери во оваа "политичко" друштво и не случајно се во врвот на оваа(овие) "политички" опции. Одовде барајте го нивното (а и на тие погоре) влијание во сферата на бизнисот а не државно творните или општествено - политички сфери.
- Верно, слепо членство и симпатизери со сумљива ментална состојба = не толку солидна бројка (логично; недостаток на средства или органи за репресија) на "политичко" и општествено влијание (први редови топовско месо), но сепак се игра на картата на неопределените (својствено за секоја опозиција) одовде нивното преку ноќно учество во протестите против полициската бруталност (за разлика од 2011, денови по фијаското од предвремените избори) и другите протести од општесвено-социјален карактер (студенти, хронорарци итн). Како "политичка" опција немаат желба да учествуваат во политичкиот живот (самиот факт дека веќе бајаги време не се во собрание) па ќе се обидат преку опцијата протест (кој е легитимно право) да ги добијат тие клучни (читај; странка неопределених) поени.
- Неуспешно добивање на поени; ескалацијата на протестите (првиот ден) требаше да послужат како префрлување на политичката одговорност но во овој случај - обратно. Имено, ескалацијата на протестот требаше да го представи режимот како насилен, брутален, жандармерски (факт дека е) со цел да се представат неопределените и опозицијата како жртви (факт е дека имаше провокатори и од оваа "политичка" опција, за жал сите државјани на мкд сме жртви). За среќа тоа не им успеа (не ги убедија на неопределените кои се залагаа за мирен протест и само за случајот Нешковски) а со тоа создадоа контра ефект кој го наведов погоре.
*бомбите нема да ги спомнам бидејќи се друга тема, мада дефакто поврзани со некои настани за кои зборувам.
Заклучок; Слабата политичка моќ, верната (мала) војска (членови, симатизери т.е. малку гласачи = мала идна стабилност) и неуспешното инфилтрирање во протестите (за случајот Нешковски) а со тоа стекнување на одбивност од страна на неопределените и незадоволни граѓани создадоа контра ефект, кој ми дава индикации дека се толку неспособни (за евентуално сценарио Куманово) што и полжав да и нацртам ќе и избега.
Сценарио Турски тек; мотив прекинување на изградабата;
(За ова пишував уште кога се случи Гошинце но мистериозно ми беше избришан постот иако немаше никакви навреди или сл.)
Сега нема да тупам дали оваа сценарио е или не е можно но ќе напоменам; фундаменталната грешка на оваа теорија е прекин на изградбата со која не се слагам.
Трасата ќе поминува (не гледам зошто не би, цела ЕУ се снабдува од истиот извор, ако не ќе се зголеми), поентата е која ќе биде распределбата на моќ (еврони) помеѓу двете горе споменати акциоерски друштва. Да не заборавиме овде се работи за долг од СССР кој ќе го компензира (државен долг, општесвен капитал), затоа четиво пред заспивање; приватизацијата во Македонија или Југославија (без Словенија), приватизација во земјите од поранешниот источен блок, приватизацијата во СССР...
Сите сакаат дел од колачот, ретко доаѓа таков колач (опција дури и за приватни енергетски компании - одовде можност и за вмешаност на надворешни лоби групи во соработка со нашите пластелин "политички" фигури).
п.с. многу од симпатерите на опозицијата беа расположени за мкдмајдан, дугите со националшовинистички, велико македонско и предавници вс. патриоти агенди. за брачата не коментирам (сум пишувал дека огромен број се расположени за гољема алабанија). сите си имаат своја улога, вадете сега асовите од ракавот!
п.п.с. не ја деградирајте способноста на нашите безбедносни служби ниту пак на терористите кога појма немате (нит за безбедносни органи нит тероризам) само рекла казала муабети а други етикетирате за теоретичари на заговор или шка ти знам.