ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

W

wicked_1

Гостин
Алас. Можете ли само да го замислите нивото на когнитивна дисонанца во главата на куп ликови на форумов. @wicked_1 дап, на тебе гледам (меѓу останатите). (y)

Е да, поздрав и до @Beric Dondarrion
Тесноградоста е заебана работа... ;)
Јас никаде не ни форсирав таква теорија, со која цел лажеш и ми наметнуваш мислења? А и не ги обвинувам луѓето кои веруваат у такво сценарио, имаат подлога да веруваат у такво нешто.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Aбре оди бегај немој и ти да траскаш зелени тука и додатно будала да правиш од себе. Само плус омраза на себе навлекуваш.
Чудете се после оти никој во Европа не ве сака како народ. Поагресивна сорта нема од вас... крајно лицемерна (што се гледа од муабетов) и агресивна.
А па македонците Европа колку ги сака чудо ...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.710
Поени од реакции
27.676
И такааа. Заврши пукањето. Груевски си го спаси газот, нема да му се суди за криминалите. Сите сме дефокусирани. Никој не се сеќава на бомбите и реалните проблеми. Власта е амнестирана од сите нејзини криминали. Никогаш повеќе нема да има протести. Нема да има ни судење.

Но, битно Градоначалникот на Куманово, "после свадба тапани", откако заврши сè, излегува со популистичка и херојска изјава дека 10 дена знаел дека има терористи во населба која е дувло за орки и криминал. Дури и сам пошол да ги нашамари и да ги дигне на клоци клетите душмани, но МВР го спречила во намерата. :D

И сега, нормално, почнува втора епизода од Монти Пајтон. Штаб via Кајгана. Во втората епизода ќе гледате:
- МВР неспособни, не си ја завршиле убаво работата.
- МВР две години криела дека постои терористичка група во Косово.
- Не требало од оваа уличка да им влезат, требало од другата.
- Зошто едниот од терористите носел тренерки, а другиот капа од УЧК?
- Грујо да си поднесе оставка пошто дозволил да загинат луѓе. Исто и Брколанџело.
- Локалното население е за соживот. Никој не видел терористи, сите биле во подрум.
- Изјави од анонимни загрижени специјалци и "прва рука" дојави via Твитер.
- SMS пораки на кои Горде наредува нападот да се изврши без пушки и панцири.

и тн.

Ах беее. :D
Епа бидејќи заврши пукањето и е разрешена состојбата, за Кајгана да не изиграва Монти Пајтон и нечив штаб, те молам просветли нè за сите овие цртички што ги наброја.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
На едно прашање барам одговор. Ако 8 месеци се знаело за оваа група зашто баш на 9 мај е преземена акција? Зашто баш тој ден?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.222
Поени од реакции
25.991
Па нормално, знае тој како се прави трета политичка опција кај албанците во Македонија.
Со согласувам. И тука треба да се бара заднината. На кого одговара потрес во албанскиот политички блок? И дали таков потрес би завршил со Македонија или би се прелеал?
 
Член од
8 октомври 2010
Мислења
144
Поени од реакции
103
На едно прашање барам одговор. Ако 8 месеци се знаело за оваа група зашто баш на 9 мај е преземена акција? Зашто баш тој ден?
Дена на победата над фашизмот, има симболика.
шала.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
А па македонците Европа колку ги сака чудо ...
Доста издржан контрааргумент. Муабети од типот пред кооперации што се водат: „Абе ВМРО ја искрадоа државава“ и на тоа следува реплика од некој потпросечно интелигентен: „Е шо, Ездеес поарни да не се?“
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не си Грујо ама безвеза ја носиш темата во друг правец, некои тука воопшто и не мислеа дека е местенка уште во самиот старт - туку дека се работи за чиста неспособност на водството на МВР. Човеку 8 луѓе одат на душа на Бркот поради оваа непрофесионална акција, во 2001 кога беше војна немаше вакви загуби за толку кратко време а сега гледај што се случува.. и при толку информации, при толку предупредувања, при предходно завзимање на караула без испукан куршум они не успеаа да ја завршат акцијава како што треба. И пред ова да се случи министерката требаше да си даде оставка за сите местенки што ги слушна цела Македонија ама оваа нема ни трунка совест да направи такво нешто, слатки се државните милиони што ги украдоа и сеуште ги крадат.

Додај на ова дека целиов државен врв за акцијава даваше различни изјави, де знаеле предходно со месеци за групава де покасно добиле информации. Па кога поминале, колку души биле се на се раштиман оркестар ни е целава влада и мора да поднесе оставка..
Извини, техничко прашање, дали тврдиш дека оперативната задача на терен ја спроведува министерот за внатрешни?

Без разлика дали ќе кажеш, да или не, не разбирам како не оставаш можност за човечка грешка при таква опасна по живот работа како специјалец?
Како и во секоја професија некој се снаоѓа подобро, а некој полошо. Во вакви интензивни престрелки минимални грешки чинат живот.

Затоа ајде прекинете со инсинуации и канализирање на гневот кон МВР, дали тоа биле министерката, помошниците, кафе куварката, сообраќајците или специјалците.

После погледни кој бил на другата страна, па не се тоа аматери, знаеле дека се бројно помалку, знаеле дека имаат драстично помали шанси да преживеат во судирот, а сепак фанатично се бореле 16ч., притоа употребиле се' што имале.

Па мајку му, не правете Рамбо филмови сега, во реални судири планирањето е едно, извршувањето друго. Не сум чул никогаш се' да одело по планот. Никој не сакал да загине, уште помалку некој би сакал да носи вина за туѓа смрт.

Спуштете ја топката малку на земја.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.444
Одработувам став на СДС а? Значи реално, постои еден став:

- Сите разговори што протекоа се лага/лепени/сечени.
- Секој кој не се согласува со владеачката партија е од СДС/Сорос/Предавник.
- Се е во најдобар ред во државата, цути економија, образование, култура.
- Гошинце и Куманово беа одлично одиграни, се спасија 8,000,000 потенцијални жртви
- Луѓе со сопствено мислење не постојат, не е можно во сиромашна земја да не си врзан за некој фалус. Едноставно си или патриотски лав, или педерска ружичка или абортиран сијамски орел.

Кажи така, што да се замараме да пишуваме или да мислиме. Бриши форумов.
Другар, со сила памет не се дава. Треба да сакаш да научиш.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Доста издржан контрааргумент. Муабети од типот пред кооперации што се водат: „Абе ВМРО ја искрадоа државава“ и на тоа следува реплика од некој потпросечно интелигентен: „Е шо, Ездеес поарни да не се?“
Ако ги правиш ти тие муабети пред кооперации можда да, али според мене ездеес нема да се како бмро. :D
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
27
Поени од реакции
17
Извини, техничко прашање, дали тврдиш дека оперативната задача на терен ја спроведува министерот за внатрешни?

Без разлика дали ќе кажеш, да или не, не разбирам како не оставаш можност за човечка грешка при таква опасна по живот работа како специјалец?
Како и во секоја професија некој се снаоѓа подобро, а некој полошо. Во вакви интензивни престрелки минимални грешки чинат живот.

Затоа ајде прекинете со инсинуации и канализирање на гневот кон МВР, дали тоа биле министерката, помошниците, кафе куварката, сообраќајците или специјалците.

После погледни кој бил на другата страна, па не се тоа аматери, знаеле дека се бројно помалку, знаеле дека имаат драстично помали шанси да преживеат во судирот, а сепак фанатично се бореле 16ч., притоа употребиле се' што имале.

Па мајку му, не правете Рамбо филмови сега, во реални судири планирањето е едно, извршувањето друго. Не сум чул никогаш се' да одело по планот. Никој не сакал да загине, уште помалку некој би сакал да носи вина за туѓа смрт.

Спуштете ја топката малку на земја.
Многу жално за сите жртви. При вакви операции требаше да има соработка со други разузнавачки служби и воените структури како НАТО на пример, за да се намали што е можно повеќе загубата на човечки живот.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Дена на победата над фашизмот, има симболика.
шала.
Ајде може не си го прочитал, еден член имаше интересна теза, еве процени дали е блиску до виситната.

bandicam 2015-05-10 12-39-41-873.jpg
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Соопштение за јавноста на Владата на Република Македонија

11.05.2015


На денешната седница Владата на Република Македонија, разгледувајќи ја точката на дневен ред во врска со полициската акција во Куманово, одлучи за следното.

Владата одлучи на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили да се додели финансиски надомест во висина од 70 000 евра по семејство, во денарска противвредност. На загинатите припадници на полицијата кои беа во брак, половина од сумата на надоместокот да биде доделен на сопругата, а половина на родителите на полицаецот. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да подготви и да достави информација за потребите за дополнителна помош и поддршка на членовите на семејствата на загинатите полицајци.

Владата одлучи да се додели финансиски надомест за припадниците на безбедносните сили кои беа ранети и повредени во полициската акција во Куманово.

На најтешко ранетиот полицаец да се додели финансиски надомест од 40 000 евра во денарска противвредност.

На четирите полицајци кои се тешко повредени и се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување, а се под интензивно лекување, да се додели финансиски надомест од 35 000 евра по полицаец, во денарска противвредност.

На деветнаесетте полицајци кои се веќе оперирани заради потешки повреди, или пак имаат потешки повреди, да се додели финансиски надомест од 25 000 евра по полицаец, во денарска противвредност.

На преостанатите тринаесет полицајци кои беа повредени и ранети во акцијата да им се додели финансиски надомест од 15 000 евра по полицаец, во денарска противвредност.

На припадниците на Единицата за специјални задачи и на припадниците на Единицата за брзо распоредување кои беа ангажирани во полициската акција во Куманово, да им се додели финансиски надомест во висина од 10 000 евра по припадник, во денарска противвредност.

На припадниците на хеликоптерската единица кои учествуваа во акцијата и на професионалците од штабот кои раководеа со акцијата во Куманово да им се додели финансиски надомест во висина од 10 000 евра по припадник, во денарска противвредност.

На припадниците на Посебната единица на полицијата кои беа ангажирани во полициската акција во Куманово, да им се додели финансиски надомест во висина од 5000 евра по припадник, во денарска противвредност.

Исто така, Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи на следната владина седница да достави информација со предлог за висина на финансиски надомест за припадниците на редовниот полициски состав ангажирани во Полициската станица во Куманово кои биле на должност за време на одвивањето на акцијата.

Владата одлучи на медицинскиот персонал ангажиран во време на полициската акција во Куманово, во Ургентниот центар на Комплексот клиники Мајка Тереза, во Општата градска болница 8 Септември - Скопје, во Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски - Скопје, во Општата градска болница во Куманово, во Итната медицинска помош во Скопје, во Итната медицинска помош во Куманово, и тимовите од итната медицинска помош од Штип, Велес и Свети Николе ангажирани во Куманово, да се додели финансиски надомест во висина од една месечна плата по медицински работник.

Во врска со хуманитарната помош Владата одлучи за следното.

Владата формираше комисија за проценка на оштетувањата на недвижниот и движен имот во местото каде што се одвиваше акцијата, која во рок од 7 дена треба да излезе на терен и да подготви и достави до Владата извештај за процената на штета. Комисијата е составена од претставници на Владата и Општина Куманово. Владата зазема став да се изврши обесштетување на недвижниот и движен имот во висина од 100% од проценетата штета наведена во извештајот од комисијата.

Владата одлучи на семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој во нив, да им се обезбеди сместување во време на периодот потребен за санација на нивните домови, или пак во истиот период додека трае санацијата да добиваат финансиски надомест за закуп на простории (кирија) за живеалишта. Владата одлучи на овие семејства да им додели и првична еднократна хуманитарна помош во висина од 100 000 денари по единица оштетен дом во мерка која не дозволува услови за престој.

Владата одлучи надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со Општина Куманово и Град Скопје, да пристапат кон расчистување на теренот со цел обезбедување на потребните комунални и санитетски услови.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
TEMA DANA - Makedonsko proljeće: Terorizam, ukrajinski scenarij, sabotaža Turskog toka, stvaranje velike Albanije, ili sve to odjednom?

[URL='http://www.advance.hr/vijesti/makedonsko-proljece-terorizam-ukrajinski-scenarij-sabotaza-turskog-toka-stvaranje-velike-albanije-ili-sve-to-odjednom/'][/URL]

[URL='http://www.advance.hr/vijesti/makedonsko-proljece-terorizam-ukrajinski-scenarij-sabotaza-turskog-toka-stvaranje-velike-albanije-ili-sve-to-odjednom/']Makedonsko proljeće: Terorizam, ukrajinski scenarij, sabotaža Turskog toka, stvaranje velike Albanije, ili sve to odjednom?
Krvavi vikend u Makedoniji odnio je najmanje 22 života u oružanom sukobu velike skupine terorista i policije, dok je ne manje od 37 ljudi ranjeno. Da, riječ je o teroristima, jer kako bismo drukčije mogli nazvati ljude koji su snajperima i bombama napali makedonske policajce u Kumanovu? Ipak, u zapadnim medijima se u izvještajima iz Kumanova riječ teroristi piše pod navodnicima kada se citiraju makedonski dužnosnici, dok se u trećem licu opisuje da je došlo do sukoba 'naoružanih napadača' s policijom. S druge strane, tijekom dramatičnih događanja u Kumanovu iz makedonskih medija nije se moglo puno saznati o pojedinostima sukoba, već su prevladavale pomalo 'čudne' vijesti o tome gdje su dućani zatvoreni, a gdje se može kupiti kruh. Naoružana skupina, prema službenim izvještajima, brojala je oko 50 ljudi, koji su u subotu u zoru napali policajce u kumanovskom Divljem naselju (Divo) i blokirale cestu koja vodi iz grada, a policija je nakon toga provela silovitu akciju u većinski albans.. (klikni za nastavak čitanja) [/URL]

http://www.advance.hr/vijesti/makedonsko-proljece-terorizam-ukrajinski-scenarij-sabotaza-turskog-toka-stvaranje-velike-albanije-ili-sve-to-odjednom/

Добро би било да се прочита.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Хорхе да не појде во Куманово? Грујо? Брколинда да не појде во Куманово?
Абе тоа партиските послушници сте само да ве напучи човек и да ви го начука до корен!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom