Теоријата дека ова е намерно сценарио предизвикано од владеачкава гарнитура за да се дефукусира јавноста и да се намали притисокот од протестите во Скопје некако не можам да ја сварам никако.
Мислам дека протестите ниту беа толку масовни колку што се мислеше дека ќе бидат, ниту пак реална закана за промена на власта.
На сите им беше јасно дека после првиот ден, наредните денови ќе губеа на интензитет за онаму кај Јуни кога ќе почнат да се полнат грчките плажи со загрижени Македонци дури и најупорните кучиња скитници да ја променат локацијата за да си побараат парче леб на друго место.
Евентуално некаква нова информација околу Смиљковско Езеро би можела да го иритира народот, но пак мислам дека тоа е многу далеку од нешто да се постигне за да се промени оваа авторитарна власт.
Мислам дека и самиот Заев не верува дека ќе успеа да го смени Грујо со мирни протести пред собрание.
Втората теорија околу гасоводот каде што Заев е амерички играч, додека Грујо е руски и зад цело ова сценарио стои Пентагон е повеќе веројатно од оваа првата.
За САД ова не е нешто ново бидејќи веќе уништи неколку режими како тој во Египет, Либија каде што со платеници кои предизвикуваат насилство за време на демонстрации и протести и вршат буквално пуч на режими слични како овој на Грујо и на местото од врхушката поставуваат нивни играч.
Ако е ова дел од слично сценарио тогаш останува дилемата зошто не се вмеша Русија која што си има своја добра служба за контраразузнување и им даде сигнал на Пентагон дека така нема лесно да поминат. (освен оваа акција ако не се есапи за таква)
Втора работа што не оди во прилог на оваа теорија е зошто би било потребно такво нешто каде што имаш про ЕУ влада (читај про САД) која е лесно подмитлива и неопходно е таква сложена операција како набавување на материјали за прислушкување, купување на опозиционен лидер кој нема никаков рејтинг кај граѓаните, па после купување на терористичка група и операција која што навистина е ризична за да се ископромитира држава како САД.
Зарем не би било полесно да се јави шефот кај Миле и да му текни дека не е убаво тука да помине еден куп железо оти ќе има измени во ДУП-от и чичко Сем сит и ВМРО.
Третата теорија како дека ова е дело на незадоволните Албанци од ОНА за статустот во оваа држава е рамна на теоријата за перпетум мобилето на Војо Ушевски.