ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
24 март 2010
Мислења
15.205
Поени од реакции
25.939
Па до сеа шес пати индиректно а богами последниов пат собрани сите на куп ЕУ, ОБСЕ, МОБСЕ, И ШНОБСЕ и шеснаес амбасадори на мама држави му кажаа да си даде оставка, а да не праам муабет за критики за изборен процес, демократија, судство, опомени дека го загрозува патот кон ЕУ (конкретно Власта) итн.
Генералниот секретар на НАТО изјави дека македонската полиција извела одлична акција.

ОБСЕ, МОБСЕ, ШНОБСЕ, ТРОБСЕ преку нивни амбасадори излегле со изјава во која провејува дипломатски речник, за која ти заклучуваш дека повикува на оставка од некого индиректно.

Мислам дека ова е by the book пример за разлика помеѓу факт и мислење. Ама да не ја оптеретуваме и дефокусираме темава со тоа.
 
W

wicked_1

Гостин
Дечко ај прибери се со изјавите за луѓето кои го ризикуваа животот за ова. Далеку биле од непрофесионални, едноставна таква била ситуацијата и морало да се делува. Не смееле да го одложат ова ниту пак имале друга прилика каде што ударната група ќе била повторно на окуп. Тука доаѓале еден по еден и од тука ќе заминеле во ќелии од по 3-4 души. Тоа што ја убрзаа акцијата не чинеше 8 животи, но тоа е така зошто немало време за тактизирање, ниту пак време да се делува полека можеби од причина што имало индикации дека ова не е единствената група во Македонија кои евентуално би можеле да делуваат на други места.

Во секој случај разбивање на ваква група на купче ретко се гледа во светски рамки, еве најди пример. Или пак на тој што ти ја полни главата речи му да ти најде пример.[DOUBLEPOST=1431376446][/DOUBLEPOST]
Ме интересира чисто информативно дали направи апдејт на ставот ?
Јас го обвинувам нашето(твоето) неспособно МВР, не луѓето кои невини ги сносеа последиците. Треба у тоа штабот да ви држат по некое предавање од време на време, и да ве научат да читате. Досеа не сум бил член на ниедна партија, ни пак сум стапнал у штаб и тука има луѓе кои можат да ти го потврдат тоа.
But fuck it, веројатно ни постов нема да го прочиташ како што треба...
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
144
Поени од реакции
366
Пак ќе прашам, еве @jamajka е дежурен ПР буџетар кој знае се:
- Зошто се чекирале/најавиле во Гошинце терористиве и потоа заминале во урбана средина каде веројатноста некој да ги предаде се огромни наместо својот монструозен план да го спроведат анонимно, без најава, од некоја шума / планинско село / директно од Косово итн?

И точно, од штаб сум - на неврзани идиоти без партиска книшка кои имаат повеќе од 2 ќелии во мозокот кои без разлика која багра да дојде го кркаат најмногу, директно или индиректно. За жал неаме шеф, ама за среќа неаме ни должност да цицаме нечиј фалус нон стоп.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Теоријата дека ова е намерно сценарио предизвикано од владеачкава гарнитура за да се дефукусира јавноста и да се намали притисокот од протестите во Скопје некако не можам да ја сварам никако.
Мислам дека протестите ниту беа толку масовни колку што се мислеше дека ќе бидат, ниту пак реална закана за промена на власта.
На сите им беше јасно дека после првиот ден, наредните денови ќе губеа на интензитет за онаму кај Јуни кога ќе почнат да се полнат грчките плажи со загрижени Македонци дури и најупорните кучиња скитници да ја променат локацијата за да си побараат парче леб на друго место.
Евентуално некаква нова информација околу Смиљковско Езеро би можела да го иритира народот, но пак мислам дека тоа е многу далеку од нешто да се постигне за да се промени оваа авторитарна власт.
Мислам дека и самиот Заев не верува дека ќе успеа да го смени Грујо со мирни протести пред собрание.

Втората теорија околу гасоводот каде што Заев е амерички играч, додека Грујо е руски и зад цело ова сценарио стои Пентагон е повеќе веројатно од оваа првата.
За САД ова не е нешто ново бидејќи веќе уништи неколку режими како тој во Египет, Либија каде што со платеници кои предизвикуваат насилство за време на демонстрации и протести и вршат буквално пуч на режими слични како овој на Грујо и на местото од врхушката поставуваат нивни играч.
Ако е ова дел од слично сценарио тогаш останува дилемата зошто не се вмеша Русија која што си има своја добра служба за контраразузнување и им даде сигнал на Пентагон дека така нема лесно да поминат. (освен оваа акција ако не се есапи за таква)

Втора работа што не оди во прилог на оваа теорија е зошто би било потребно такво нешто каде што имаш про ЕУ влада (читај про САД) која е лесно подмитлива и неопходно е таква сложена операција како набавување на материјали за прислушкување, купување на опозиционен лидер кој нема никаков рејтинг кај граѓаните, па после купување на терористичка група и операција која што навистина е ризична за да се ископромитира држава како САД.
Зарем не би било полесно да се јави шефот кај Миле и да му текни дека не е убаво тука да помине еден куп железо оти ќе има измени во ДУП-от и чичко Сем сит и ВМРО.

Третата теорија како дека ова е дело на незадоволните Албанци од ОНА за статустот во оваа држава е рамна на теоријата за перпетум мобилето на Војо Ушевски.
Од се по нешто, што повеќе а што помалку ќе покаже времето.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.325
Јас го обвинувам нашето(твоето) неспособно МВР, не луѓето кои невини ги сносеа последиците. Треба у тоа штабот да ви држат по некое предавање од време на време, и да ве научат да читате. Досеа не сум бил член на ниедна партија, ни пак сум стапнал у штаб и тука има луѓе кои можат да ти го потврдат тоа.
But fuck it, веројатно ни постов нема да го прочиташ како што треба...
Мене не ми држат предавања во штабот, ниту пак некогаш ми држеле. Иначе тоа е мое МВР и во времето на Бранко, кога што сум регрутиран во резерва и во времето на Љупчо кога учествував во конфликтот, па и во денешно време. Луѓето од тоа исто МВР се грижеа во саботата и неделата, за нашата безбедност, ризикувајќи ги живототите, а ти се сереш на све тоа. Без разлика што не си бил член на ниедна партија, заложник си на дневнополитичките игри коио ги водат. Излези малце од тоа дневната политика и види што се дешава. Можеби ќе ти стане јасно.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Бачев на телма кажа дека терористи без платформа не постојат, без подршка од некоја политичка партија итн. Така да све предуцира дека е сценарио. Го критикуваше иванов зашто на 17 земји споделил разузнувачки информации и можно е војниците да загинале во заседа и операцијата е погрешно водена затоа што 8 војници да загинат а полицијата е во предност зашто има податоци за групата рече Бачев.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
144
Поени од реакции
366
Луѓето од органите за безбедност се професионалци кои одат на своите работни места за финансиска надокната, ака пари. Како што лекарот го жртвува животот кога лечи пациенти болни од Х болести.

Патриотизам, национализам и пожртвуваност се термини кои во популистички режими слободно се расфрлаат кај ќе се најде.

Колку ќе одеа во полиција да се плаќаше 8000 денари месечно, како 60% од вработените во земјава кои се окозуваат од работа над шивачки машини, на скелиња, на ред други работи 100 пати потешки?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Да, за политика сум многу покомпетентен, затоа што сум политички активен и имам информации за тоа. За ова не сум. Не можеме сите да бидеме генијални и експерти за се. Тоа е задача на едни кловнови, кои урлаат кога сите паметни молчат. :)
Пошто имаш информации,имам едно прашање на кое би требало да го знаеш одговорот.Зошто во саботата собираа партиски војници пред штабовите на ВМРО низ цела држава?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.763
Поени од реакции
26.325
Пак ќе прашам, еве @jamajka е дежурен ПР буџетар кој знае се:
- Зошто се чекирале/најавиле во Гошинце терористиве и потоа заминале во урбана средина каде веројатноста некој да ги предаде се огромни наместо својот монструозен план да го спроведат анонимно, без најава, од некоја шума / планинско село / директно од Косово итн?
Тероризмот по дефиниција е акт кој бара медиумска бука. Најчесто се закануваат со неодредени акции, за да се створи страв кај населението. Секоја терористичка група се служи со закани, меѓутоа никоја група не ги кажува јасно и точно намерите. Таква беше ситуацијата и со оваа група.

И точно, од штаб сум - на неврзани идиоти без партиска книшка кои имаат повеќе од 2 ќелии во мозокот кои без разлика која багра да дојде го кркаат најмногу, директно или индиректно. За жал неаме шеф, ама за среќа неаме ни должност да цицаме нечиј фалус нон стоп.
Не си од партија ама ете одработуваш за партија. Го пренесуваш ставот нивни.
 
G

Goldie

Гостин
Ти бе голди да те прашам онака, дали си приметил дека мислењето ти се совпаѓа со тоа на Заев, иако е дијаметрално спротивно од она што го тврдел пред само еден ден, а ти си го подржал исто така.
Дај малце вложи труд размислувај со сопствена глава.
Подалеку од Груевски, Заев и партии не гледаш партиско платениче..
Зборував на темава за „професионалноста“ на врвот на МВР, и општо владата/претседател/дбк која очигледно е неспособна
 
W

wicked_1

Гостин
Мене не ми држат предавања во штабот, ниту пак некогаш ми држеле. Иначе тоа е мое МВР и во времето на Бранко, кога што сум регрутиран во резерва и во времето на Љупчо кога учествував во конфликтот, па и во денешно време. Луѓето од тоа исто МВР се грижеа во саботата и неделата, за нашата безбедност, ризикувајќи ги живототите, а ти се сереш на све тоа. Без разлика што не си бил член на ниедна партија, заложник си на дневнополитичките игри коио ги водат. Излези малце од тоа дневната политика и види што се дешава. Можеби ќе ти стане јасно.
Слободно можеш да гаиш илузии дека е истото МВР и да останеш игнорантен на муабетите на првиот човек на тоа како МВР си го има претворено во штаб за извршување на партиските интереси у прв ред.
Полицајците кои излегоа на терен и ја бранеа државата на секој можен начин, си немаат никаква веза со криминалците у врхушката на МВР, ама ти секако ќе пробаш да ги стаиш у ист кош, тоа е џокерот за поен у дебата. Пробај, незнам прашај некој нека ти ги разграничи тие два поима.
Па и како подмолно и ниско не обвинуваш тука сите кои ќе упатиме критики...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.205
Поени од реакции
25.939
Пошто имаш информации,имам едно прашање на кое би требало да го знаеш одговорот.Зошто во саботата собираа партиски војници пред штабовите на ВМРО низ цела држава?
Не би требало прво прашањето да е дали, а не зошто? Ако е зошто, веројатно можеш да ми посочиш каде тоа се собирале?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom