Ајде да расчистиме некои работи.
Постојат ли некои критериуми на помалце и повеќе прифатливи “теории на заговор“?
Кога ќе излезеш со конкретни докази за твојата верзија, во која и даље не ми е јасно зошто си толку убеден, тогаш ќе бидеш во состојба да даваш сугестии. А се' дотогаш и самиот си дел од создавањето на разно разни теории.
Досега нема никакви докази ни за Власта ни за Опозицијата, нема апсолутно ништо освен партизирани перцепирања на посакуваните опции.
Во врска со потењето муда, како некој се филмал со придавање преголемо значење на земјава, дали досега некој се обиде да земе во предвид следново:
- Изворите кои тоа го тврдат - се странци кои професионално се занимаваат со вакви анализи
- Голем дел од најавите во нивните анализи - се исполнува
- Во моментов има де факто притисок од САД и врз Грција за стопирање на Турскиот тек
- Како последица на претходни притисоци се стопираше Јужниот Поток
- Стејт Департментот најави дестабилизација на Македонија во 2015
- Русија првпат во поново време и на ова ниво, испрати официјална нота со предупредување за “обоена револуција“ во Македонија
- Напаѓачите од Куманово не се рекреативни терористи, имаат најмалце 15 годишно воено искуство.
- Не е мал бројот на загинати македонски и косовски Албанци во Сирија (што барале таму?)
- Доколку биле само пари во прашање, а не идеологија меѓудругото, тие едноставно ќе се предадеа сите до еден, а не борејќи се вака фанатично и самопожртвувано.
И згора на се', ние сме опкружени од 3 и пол НАТО земји и нешто вакво ни се случува, притоа ова сценарио пробувате да му припишувате на Грујо небаре е врвен конспиратор од калиброт на 9/11 шпекулациите. Од една страна самите се потценувате колку можеме, а после не' правите креатори на едни од најуспешните конспирации во нашата незавиност.
Дај тресни ја таа глата од земја и размисли што доколку се исполнеше некое од нивните сценарија?