Преку меѓусебни обвинувања и препукувања, нема ништо да постигнеме овде. Само повеќе се нервираме и го продлабочуваме проблемот. Не може преку форум да се промени како да дејствува полицијата или дали да се вклучи војската.
Но она што МОЖЕМЕ од овде да направиме е да шириме влијание, не само на форумов но и на социјалните мрежи, да не се разгори тензијата меѓу Македонците и Албанците, бидејќи тоа оди на штета на тие што сме овде.
Да пробаме прво да дадеме допринос да не се разгори повеќе, барем да не некои тинејџери добијат луди идеи произлезени од читањето на нашите постови овде...
Од кога ќе се реши проблемот, после да го бараме виновникот. Секоја поделба сега, секоја изречена омраза води кон полоша ситуација.
Таа енергија и време што овде ја трошиме, да ја пренасочиме кон нешто малку корисно. Ако ние не се обидеме само да измениме нешто, нашите роднини ќе гинат во огнот, додека тие што ги окривуваме најверојатно веќе имаат купено карти да пребегаат.
Секој допринос, колку и да е мал, може да направи разлика!