Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Но колку што разбрав. Матурата уште оваа година ќе се полага по старо. Затоа бојкотот продолжува и затоа нагласив дека нема никаков договор помеѓу Унијата и МОН. Екстерното пак е пропадната инвестиција. Колку што знам, прашањата веќе ги има и 100% ќе се полага. Решение- генерален бојкот на истото. (само како да се постигне тоа?).....
И јас мислам дека сигурно ќе се полага бидејќи матурантите веќе имаме оценка од екстерното тестирање. Нека се протестира за идните генерации како што студентите се изборија за нас. Разумно решение е генерален бојкот,но за жал секогаш се појавуваат некои бубалици што нема да сакат да си го расипат просекот или пак секташи од УМСНо колку што разбрав. Матурата уште оваа година ќе се полага по старо. Затоа бојкотот продолжува и затоа нагласив дека нема никаков договор помеѓу Унијата и МОН. Екстерното пак е пропадната инвестиција. Колку што знам, прашањата веќе ги има и 100% ќе се полага. Решение- генерален бојкот на истото. (само како да се постигне тоа?)![]()
Дел од секташите барем финансираат во здравството во светот, а овие инвестираат во станови во Прага со цел бегство за некоја година. Кулминација на партицизмот, нели?
Каде е Адеми јас ниту следам ниту знам каде е. Можеби е на работа, можеби на одмор, можеби на пат, можеби на отсуство, можеби..... можеби... Не знам зошто ти е прашањево.Јас се прашувам каде е Адеми? Ако еден професор не оди на работа 3 дека, а претходно не дал образложение зошто, ќе биде отпуштен. Него платата му легнува на сметка додека тој иде по саеми или пак лежи дома. Претходно добил едно дипломче на поклон, а сега и една министерска столица.....добивам впечаток дека тој смета дека не треба ништо да прави, а се' треба да добие само затоа што е “интелектуалец“ и министер (за неука). Па и шефот има права, обврски и задолженија кои треба да ги изврши преку тој работен период. Што прави тој?
Сето тоа може да се надокнади, но потрошеното работно време залудно не може. И ти немаш деца или внуци? Ако немаш сега не значи дека ќе немаш ни во иднина. Дали сакаш да учат во ваква мизерија или да одат во странство и таму да се образуваат? Јас со ваквиот однос каде што се' оди за пензионерите се чуствувам изолиран и туркан до границите на некоја од соседните земји. Зар тоа не е вистина?
Ако системот не функционира, тој нека се промени, поправи, а не само да се седи и критикува како тоа младите се глупави, не сакаат да учат, не сакаат да работат (а работа нели има!).....тоа се се погледи позади розевите наочари. Малку спушти ги (макар да ги зачистиш) и ќе ја видиш грозната слика каде што се наоѓа образованието.
А утре пак да се дигнат студентите револтирани од универзитетските домови, ти ќе направиш копи- паст на претходниот коментар и ќе го постираш на другата тема. Дај прочитај, истражи, дознај, донеси заклучок и потоа кажи ја пресудата. Вака таа не е полноважна од причина што е снимана од еден агол.
Грешка си, баш ваквите екстерни тестирања те терат да не учиш бидејќи цела година си учел и на крај ќе имаш иста оценка со некој што едвај ја знае азбуката за да препише. Слично нешто е и на матурата, или цела група ќе препише и сите имат добра оценка, или реално ќе бидеш оценет. Се тоа зависи од надгледувачот. Кога веќе се препишува,не е фер некоја група се да си препише,а друга да биде казнувана бидејќи пробала да препише. Или дозволи на сите да препишат или никој да не мрдне. Затоа треба да се укине матурата и да се воведат приемни испити за на факултет.Каде е Адеми јас ниту следам ниту знам каде е. Можеби е на работа, можеби на одмор, можеби на пат, можеби на отсуство, можеби..... можеби... Не знам зошто ти е прашањево.
Сите ние сме учеле во мизерија. И во „комунизмот“, а и во „демократијава“. А од каде па аксиомата дека сегашниот систем не чини. Можеби и не чини, а можеби и не. Или дека така некои рекле и веднаш ТАКА Е. Јас кажав дека екстерното и матурата мислам дека НЕ СЕ ПОТРЕБНИ, ама не се ни работи што го уназадуваат образованието.
А ако сакаш баш факти... факт е дека сите овие протести на студенти и средношколци се во основа ПОМАЛКУ ДА УЧАТ... т.е. да си поминат со полесно.
Јас не сакам со групни и паушални оцени да излегувам овде, туку за конкретни прашања. Паролата „не чини“ не е доволна. Потребно е да се кажат „точки“ кои не чинат и едно по едно да се дискутираат. Ете, јас кажав за екстерното и матурата. И за математиката претходно.
Што ми е прашањето!? Па Ок, дај сите да земеме 5 недели одмор. Важи? И притоа да немаме никакви последици од тоа. Плата, одмор, семејство...ништо поубаво.
Ок еве да речеме дека треба да се поплатени (иако тоа го диктира пазарот на трудот + како што ти кажав и пред недели и недели ретко се случува за една позиција да се пријават некој со електро и некој со политички науки). Каква врска има тоа со средношколците?А зошто мислиш дека јас сум повикан да одговорам за министерот Адеми? Што да ти одговорам? А зошто па го бараш? За да се сретне со учениците? Мислам дека огромна е разликата од дете (средношколец) до министер. Сепак, треба да се знае кој со кого може да разговара. Средношколците се сепак собрана група без никаква институционалност. Едвај некои да се и полнолетни. Што би рекле старите: „Уште им лета умот“.
Моето реагирање беше општо за односот кон математиката, не стриктно за матура. Јас знам дека нема секој капацитет да учи математички науки, за тоа треба континуитет во учењето, па и поголема остроумност... да не се повторувам. Но, затоа тие науки треба да се поплатени во државните „фирми“. Зборувам генерално, не навлегувајќи во детали.
Тогаш зошто одговараш за средношколците!? Ти дадов адекватен пример. Ако некој треба да оди во училиште, друг треба да оди на работа. Ако не сакаш да коментираш за министерот, тогаш не коментирај ни за средношколците.
Сакам да кажам дека САКААТ помалку да учат. Се организираат протести и од средношколци, и од студенти ЗА ПОМАЛКУ да учат. Секако, тие нема така да кажат.. ќе спомнуваат лоши реформи и сл.Ок еве да речеме дека треба да се поплатени (иако тоа го диктира пазарот на трудот + како што ти кажав и пред недели и недели ретко се случува за една позиција да се пријават некој со електро и некој со политички науки). Каква врска има тоа со средношколците?