Луѓе освестете се дека протестите наредниов период на некого ќе му одговара да ескалираат, а тоа нема да значи дека некој во некоја друга држава ќе го заболе стапот, туку дека кај нас на наши улици може да падне жртва(без разлика дали од страна на полицијата или некој што протестира).
Пазете што посакувате, и не врескајте на полицајците, врескајте на тие што маваат со шипки по нив(погледнете на видеата штитовите на полицајците како се искршени од какви метални шипки). Врескајте на тие што кршат по улица, што палат контејнери, што маваат со метални шипки, бидејќи заради таквите полицијата ве протерува.
Така да за тие што навистина сакаат да протестираат заради неправдата што ја нанела владата, нека не дозволуват некоја група хулигани да им го уништува протестот.
Постов го напишав бидејќи несакам Киев да се случи во мојата земја, не сакам наши деца да загинат за нечии политики.