Немаат трошоци за да не вработат со мак пасош странците. Разликата со бугарски пасош е што они веднаш можат да почнат со работа, а кај нас има време на чекање поради документација и амбасади. Ако на некој му треба веднаш работник нема да ве вработи. Ако на некој му треба после 2/3 месеци тогаш може да ве вработат. За виза од Чешка незнам али имаш на секоја амбасада кај нас што ти треба документација за било каква виза. Чим имаш работен договор со Чешка фирма, нема амбасада која нема да ти даде работна виза. Постапката е во зависност од документацијата. Ако ги имаш сите документи, чекањето е месец ипол / два преку сила. Ако ти бараат дополнителен документ сето се пролонгира за уште две/ три недели. Работодавецот нема ни трошоци, ни трчања(зависно од земјата, претежно немаат освен некој документ дополнително ако не им бараат). Ти праќа договор за работа, ти мораш да пријавиш место на живеење, во договорот мора да стои висина на плата и време се разбира таа да е доволна за земјата во која одиш, евентуално познавање јазик од прв степен ако не ти треба јазик дополнителен и за тебе некои документи дипломи, извод на родени, државјанства такви ствари. И после два месеци добиваш виза на три месеци од амбасада, па кога ќе отидеш во земјата имаш продолжување на визата, веднаш треба да се упатиш кон општината каде има посебен сектор за странци кои работат на продолжување. Тие се трчкањата околу македонски пасош. И секој оној кој ве лаже дека за нас имаат незнам какви проблеми да не вработат насмејте му се. Единствена кочница е што ние веднаш неможеме да почнеме со работа. Туку ни требаат околу 3 месеци да средиме документација.