добро ок темава не е еден човек што на секој протест го има, голем кур, нели демократска земја сме, не глеам тука никаков проблем.
Него онтопик, еве ја горде денес
-Прво, во првичните моменти, со оглед на тоа што не постоеше никаква формална пријава МВР немаше никаква информација дека се случило убиство. Второ, веднаш откако ја добивме информацијата, дури и по неформален пат, мобилизирани се сите сили, вложени се максималните напори и превземени се сите активности за да се открие извршителот на убиството. Трето, истрагата што ја водевме, го откри вистинскиот сторител на убиството. Четврто, во ниту еден момент ниту МВР, ниту било кој друг политичар или функционер не само што не го скрива убиството, туку сите сили, сите ние се трудевме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата, рече Јанкулоска.
Фатена у замка, ако направите ретроспектива цела на настаните, од моментот на убиство, потенцирам, на плоштад на главен град на Македонија каде е цел државен врв, до првиот прес на мвр наредниот ден точно во 16 часот, го имате следново ...
Се случува убиство, за тоа убиство МВР веќе знае, и дел од структурите на оваа институција се на лице место, заедно со убиецот кој е пуштен дома, во 12 часот веќе обдукцискиот наод е готов и мвр е известено за тоа ( потврдно од самиот Дума после 2 дена) што значи дека МВР не само што знае за убиство на плоштадот, знае и што довењло до смртта а тоа е потврдено после извршената обдукција, доаѓа 16 часот, Иво Котевски, потпарол на МВР, изнесува информации за Љубе Бошковски, на прашањето за убиство на плоштадот он вели дека нема никаква информација. Ова го памтам ко вчера да беше, и истово го дебатирав тука ...
Значи 16 часот, тоа е скоро цел еден ден по извршеното убиство, МВР излага со Официјален став дека не знае за убиство кое е извршено во самиот центар на градот, на плоштадот од главниот град на Македонија, значи не некое затуцано сокаче, планина, река, ПЛОШТАД НА ГЛАВЕН ГРАД.
Како тоа они одма се мобилизирале, веднаш реагирале, а Иво после 16 саати вели дека не знаат за убиство, па тоа цел ден се шпекулираше ако добро памтите, па некој од Ѓорче бил па не бил, тек вечерта се официјализираше и кој е и што е.
Јас се согласувам потполно со горде, они веднаш реагирале, али реагирале за да го заташкаат цел овој случај, се мобилизирале за да одговорноста падне на едно единствено лице а они да бидат имуни, се организирале со тоа што веднаш отидоа кај неговата фамилија и се обиделе да го купат молкот на неговото семејство со оглед дека Мартин бил симпатизер на позицијата на власт ( потврдено и од мајката и од братот наредниот ден ).
Оваа се обидува да не ебе во здрав мозок, пак, али јалово, приметете какви им беа спиновите тогаш, а какви им се сега, кога се фатени во расчекор, со отворени милион фронтови, фатени неспремни, незнаат што е следно и у даден момент мора да смислуваат лаги, и еве една од нив, ама денес во ера на интернет Се е документирано, ова ти е класично местење на пенал, се надевам ке има истиот кој да го искористи периодот што следи.