Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.057
- Поени од реакции
- 45.799
заташкано е !Prashanjeto e dali e zatashkano? I dali ubiecot e faten i lezi 14 god zatvor!? Toa vo site bombi nemoze da go sfatite...edno e muabet po telefon a drugo e shto e realno napraveno!! Ama ako vikash deka e zatashkano ok zatashkano e.
Не е работата само убиецот, они тврдеа дека таму не бил по службена должност, ти нели ги слушаш муабетите ? Горе самиот премиер јавно, ја гледа цела јавност во очи и тврди дека таму не бил по службена должност што не е точно, не кажаа кој го префрлал телото од едно место на друго иако детето било мртво, што НЕ СМЕЕ да се направи бидејќи директно се наштетува на самата истрага, Се од тоа заташкаа, Спасов бил таму си гледал све што се дешава и си отишол фино лепо дома ко ништо да не било, Урко и остали ЗНАЕЛЕ кој е убиецот а ништо не превземале во врска со тоа, си го остаиле типот дома да си иде да си легне и да ужива. Наредниот ден Иво во 4 саат попладне вели дека НЕ ЗНАЕ за убиство на плоштад у центар на главен град ( ЛАГА ! ), излезе на прес за Љубе, за Мартин ништо не кажа зашто '' не знаел ''.
На тоа целеше и фамилијата на Мартин, убиецот се знаеше веќе кој е и што е, ама не се знаеше по чии директиви останатите работи се чистат за да и друг не сноси одговрност и да се остане само на Спасов.
Што е со тој што го повикал и он СЛУЖБЕНО бил присутен таму ? Што е со тие кои го знаеле ова а лажеле свесно за да не наебат и прикривале ? Што е со припадниците на МВР кои биле вечерта на Плоштад, знаеле кој го извршил убиството а ништо не превземале ? Каде е тука нивната одговорност ? Што мислиш, зашто се сите тие муабети за тоа дека овој таму имал наредба да биде таму, зашто е упрпана министерката, зашто тоа се крие и заташкува ?
Уште ли веруваш дека ниедна безбедносна камера таму ( и тоа и од приватни компании плус ) не работела баш таа вечер ? А цел, буквално цел државен врв е на плоштадот...
Незнам колку си свесен ама утре и ти можеш да бидеш Мартин, ете он бил нивни симпатизер па види како го третираат, никој и ништо е во нивни очи, се обидоа да го купат молкот на неговата фамилија, криеа 24 часа дека воопшто и умрел некој на плоштад а знаеле одма во истиот момент ( не ова ич не е заташкување ), манипулираа свесно со цела јавност и бараа начин да се исперат, и им успеа, бар до денес, не дека не се знаеше ова ама ете сега имаме и официјална потврда.