За односите со Бугарија, Груевски истакна ќе се направат максимални напори тие да бидат како што доликува, имајќи ги предвид нашите блискости по многу прашања и аспекти.
- Од нивна страна единствено бараме да не не ставаат во нивната дневна политика на препукување на партиите, во смисла кој е потврд кон нас, или кој пожестоко нешто ќе ни каже, за да личи на поголем патриот, или мали и незначителни негативни случувања кои не може да ги контролира било која влада да ги претвораат во огромни меѓудржавни проблеми на база на кои некој треба внатрешно политички да испоентира, рече Груевски.
Потенцира дека сепак, мора да бидеме реални и подвлечеме, дека во однос на Бугарија од наша страна е водена повеќедецениска рефлексна политика, честопати базирана на стереотипи, во целиот период на комунизмот, а и во добар дел по независноста што има последици и денеска.
- Зошто било тоа така, да и го оставиме на историјата. Ние сме подготвени да изградиме цврсти столбови на пријателство и партнерство со овој наш сосед, базирани на меѓусебна почит, заемна помош и пријателство и да го дадеме својот придонес во почеток на една нова ера во нашите односи, истакна Груевски.
http://www.sitel.com.mk/gruevski-ze...ednichka-istorija-i-toa-treba-da-gi-zblizhuva