Изведување пенали -чиста среќа?!

  • Креатор на темата Креатор на темата KaWa
  • Време на започнување Време на започнување
Видал?

Можеби е субјективно ама Џерард?

Роналдо не ми е некој пеналџија, шо знам...
Иначе, дефинитивно тука е знаење. Никако среќа. Среќа е ако шутираш ко Зидан протиф Италија во 2006та финалето, паненка, па да дадеш повеќе сила и да ти удри во пречка, па за среќа да не се врати назад него да си влезе во гол.

Добро Роналдо прв ми дојде на памет.
Сакам да кажам дека технички добро изведен удар нема шанса да го одбрани голман па не Хандановиќ ако сака и оној Едуардо со голи раце што бранеше нека дојде.
Среќа треба да имаш да не се лизнеш, да не заринкаш и да не ти се задесат слични непогоди.
Среќа треба да имаат и тие што не се добро технички подготвени, на пример штопери, бекови кои кога пуцаат пенали шутираат `ако биде биде`.

Сакам да кажам, ако знаеш да шутираш пенал не ти треба среќа.
 
Поголемиот дел од пеналџиите ја прават финтата со отварање/затварање на телото кога голманот веќе тргнал на одредена страна. Лесно се забележува овој стил кај играчи кои шутираат со десна, и при затрчувањето го косат телото на лева страна, и шутираат на десна.
Пеналот што го изведе Гундоган синоќа беше импресивен.
 
Колкав само фокус треба да имаш да внимаваш до последна секунда на која страна ќе тргне голман па да шутираш у спротивен агол е веќе уметност, и пикса претходно го спомна Лампард кој беше врвен изведувач, ама Хазард е нешто посебно.
 
Ко ќе се пензионираат лампард, жерард, видал, балотели и такви фаци што кинат мрежи од пенал, тогаш можда ќе мислам дека е чиста среќа.
 
Има играч шо нема промашено пенал у кариера? Под услов да е познат играч кој шутирал доста пенали у кариерата......
 
Доста внимание обрнуваат одредени играчи на пеналите и затоа и се толку успешни. Нема среќа кај нив.

Кака во Милан изведуваше без грешка а тука би ги издвоил и Лампард и Ибрахимович. Подоцна испадна дека и Балотели е страшен шутер.

Паненката е мераци да се гледа али и мудоњи се тие играчи што се одлучуваат за тоа.

Пријателска утакмица е во прашање ама еве како може да заврши една паненка.
 
Има играч шо нема промашено пенал у кариера? Под услов да е познат играч кој шутирал доста пенали у кариерата......
Ле Тисие има промашено само 1 од 43, за подобар скор не знам дали има. Балотели како стои?[DOUBLEPOST=1430347030][/DOUBLEPOST]п.с. на темава, не да не е среќа, игра на нерви, концентрација, фокус, решителност, се само среќа не е.
 
За идеално шутнат пенал е потребна одлична физичка подготвеност и непичкарска психа. Е сега најтешко е после 120 минути да застаниш да шутираш пенал, на некој начин си испрзнет и психички и физички, плус додатни притисоци од значење на утакмицата и слично.
 
Ле Тисие има промашено само 1 од 43, за подобар скор не знам дали има. Балотели како стои?[DOUBLEPOST=1430347030][/DOUBLEPOST]п.с. на темава, не да не е среќа, игра на нерви, концентрација, фокус, решителност, се само среќа не е.
~ 30 пенали од кои 2 промашени.
Неам официјална статистика али ако најде некој нека сподели слободно.

Првиот му го фати Реина и после тоа утна уште еден против Удинезе/Џенова ако не се лажам.

У Ливерпул слабо шутира пенали.

26 – The 24-year-old scored 26 consecutive penalties in his career before Napoli's Pepe Reina saved his effort in September 2013. He then missed his next penalty, against Genoa, in November.

Значи сепак поголем број на реализирани пенали има.
 
Заувек ми остана у сеќавање паненката на Тоти против Ван Дер Сар. Да го направиш она како копиљ кој само што влегол у репрезентација :cuc:
Да ја промашеше, ке го ритаа до Италија ...
 
Последно уредено:
со џ бе брат, те молам со Џ. Кога ќе го пише некој со ж, мислам дека умира по едно вилинско коњче на Пчиња кај Катланово...
По баба сум француз затоа со ж ми е помил, вака звучи апла енглески. За коњчињата ми е жал али јебеш, живот.
 
Добро изведен пенал голман нема шанса (под добро изведен пенал рачунам јак удар кој ке оди во страничните делови на мрежата, каков сака нека е голманот и нека појде кога сака тој пенал не се фаќа), инаку според мене најбољи изведувач на пенали до пред некое време беше Лампард, се нас е имаше промашено само 3-4 пенали од незнам тамо колку, ама после ова што го гледам Хазард како изведува пенали е тоа е уметност.
Баш за ова некое време размислувам,пеналите на Азар одат ниско по земја и се удари кои ако ги прочита голманот ги фаќа без никаков проблем.Е тука ми е дилемата,како до сега ниту еден не му ја прочитал страната?Сепак иако нема промашување за мене тие се далеку од добри пенали,чиста среќа е голманот да не ја прочита страната.[DOUBLEPOST=1430383264][/DOUBLEPOST]
Има играч шо нема промашено пенал у кариера? Под услов да е познат играч кој шутирал доста пенали у кариерата......
Бејнс од Евертон мислам дека го промаши првиот оваа сезона,првата утакмица со Јунајтед.

Инаку според мене пеналџија невиден беше Харгривс,кинеше пајажинки во аглите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom