Па им се смени раководството, имаа јасни барања и цели, не бараа територии или поделби.Набргу волшебно ќе се преобразат и ќе бидат обесправени борци за човекови права.
Четириесетчлената криминална група која минатиот вторник ја нападна полициската станица кај Гошинце на државната граница со Косово, полицијата ја гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Групата е во бегство, повлекувајќи се од Гошинце, дел од оружјето украдено од полициската станица го оставиле во селото Брест. Специјалци на МВР вчера го пребаруваа теренот, во куќа на 55 годишен жител од Брест, полицијата пронашла автоматски пушки, снајпери, пиштоли, куршуми, радио станици како и униформи со ознака на УЧК. Вештачењето на оружјето покажало дека е украденото од полициската станица кај Гошинце. Постојат сомнежи дека и жителот на Брест бил вмешан во нападот.
- Продолжува потрагата по него, како и по останатите членови на групата која ја нападна полициската станица. Со вчерашниот претрес се потврдија сознанијата кои полицијата ги имаше, како и индициите за лицата вклучени во нападот – изјави Гордана Јанкулоска министер за внатрешни работи на МВР.
Специјалците вчера го пребаруваа теренот и во Брњарци, на неколку локации вршеа претреси, оружје не беше најдено. Во меѓувреме преку социјалните мрежи според објавите на некои медиуми се огласи Мирсад Ндрецај алијас командант НАТО, кој презеде одговорност за Гошинце. Од МВР потврдија дека постојат сомнежи дека и тој бил инволвиран во нападот. Според истрагата дел од групата е и од косовско Гњилане. Македонската полиција уште минатата недела ги запознала косовските колеги за сознанијата кои ги има за нападот.
-Беа разменети сознанија, индициите за лицата за кои се сомневаме дека се можни сторители или можни инволвирани , но и други аспекти кои сметавме дека во соработка со косовската полиција доколку заеднички делуваме може ќе дадат резултати во откривање на сторителите и нивно лишување од слобода- додаде Јанкулоска
Четиресетчлена група според МВР во вторникот во раните утрински часови ја нападна граничната полција кај Гошинце. На малтретираните полицајци им порачале дека не го признаваат Охридскиот договор и сакаат сопствена држава, информираа од МВР.
Зошто калашите не се кинески како што наликува на една вистинска УЧК ?
Затоа што како што кажува МВР,тоа се оружјата од караулата,кои ги земале и ги сокриле.Србски се овие,а дали се тие од караулата може лесно да сеп ровери бидејќи секоја пушка си има своја бројка,како кола што има број на каросерија,така и пушките/пиштолите имаат.Зошто калашите не се кинески како што наликува на една вистинска УЧК ?
Ама види сеа овие терористи отишле во караулата со ноктарица им им ја вериле на нашите полицајци кои се уплашиле, предале и им го предале оружјето на терористите.Затоа што како што кажува МВР,тоа се оружјата од караулата,кои ги земале и ги сокриле.Србски се овие,а дали се тие од караулата може лесно да сеп ровери бидејќи секоја пушка си има своја бројка,како кола што има број на каросерија,така и пушките/пиштолите имаат.
абе не си толку глуп верувам...ова во Брест беше дека е фатено(запленето) украденото оружје од караулата.Чинот веројатно им е земен од самите џандари,како понижување.ДЕЛ од оружјето,кое било украдено од караулата,било запленето во Брест,тоа од акцијата.Има и голем број на пиштоли ТТ,кои се стандардни во тие делови на МК,такви носат по западна Македонија.Ама види сеа овие терористи отишле во караулата со ноктарица им им ја вериле на нашите полицајци кои се уплашиле, предале и им го предале оружјето на терористите.
Нема никакво кинеско оружје овде, друго што е интересно е полицајскиот чин на РМ на терористичка униформа
Зад нападот на караулата кај Гошинце стојат војници и команден кадар од поранешната 113 бригада на УЧК екслузивно пишува весникот „Вечер“ во утрешното издание.
За мотивите засега никој не може да потврди дали станува збор за борба за превласт меѓу политичкото и военото крило во партијата или пак има исклучиво финансиска позадина.
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во понеделникот, при посетата на Приштина доставил список на кој имало 50 лица кои учествувале во нападот на караулата кај Гошинце или пак биле нивна логистика. Вечер пишува дека тој побарал од косовските власти тие да бидат лоцирани и уапсени.
На средбата со косовскиот вицепремиер Хашим Тачи и претседателот на Собранието и поранешен шеф на ШИК на Косово- Кадри Весељи, според официјалните информации дебатирале за билатералните односи меѓу двете држави , моменталната безбедносна состојба и положбата на албанското население.
Според тамошните медиуми средбата имала и „затворен дел“. Садула Дураку кој според информации на Вечер, на своја рака допатувал во Приштина на средбата за лично да бара гаранции за својата безбедност.
За средбата приштинскиот весник „БОТАСОТ“ пишува дека Ахмети ги убедувал косовските власти дека зад нападот на караулата стои командант Хоџа иако тој јавно се оградил од инцидентот.Овие информации се целосно демантирани од шефот на кабинетот на Ахмети , Артан Груби.
-Пишувањата на „БотаСот“ се тешка клевета. На состанокот не е доставен никаков список -изјавил Груби за „Вечер“.
Нејасно е како ДУИ официјално нема информации кои се мотивите и кој учествувал во инцидентот , а од друга страна како што пишува Вечер, има листа поранешни членови на УЧК кои стојат зад нападот.
- Ние сме политичка партија а не полиција, кусо одговорил Груби
„Вечер“ објави имиња на дел од водачите на групата а меѓу нив се Мирсад Ндрецај кој самиот ја презеде одговорноста, Мухамед Красниќи познат како командант Малишева. За време на конфликтот во 2001 двајцата се дел од редовите на 113та бригада на УЧК каде на чело беше командант Сами Ушкини. Вечер пишува дека токму тие двајца стојат и зад заканите упатени кон Дураку кој во конфликтот соработувал и им помагал.