Мажите во текот на бременоста

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Како и секоја друга промена во животот, бременоста а подоцна и родителството, бара прилагодување и кај мажите и кај жените. Сепак, жените во текот на бременоста се под зголемено дејство на хормони, па улогата на мажите се зголемува бидејќи е потребно во исто време да балансираат, смируваат и даваат поддршка.
Психолозите тврдат дека мажите почнуваат да се "подготвуваат" за улогата на татко веднаш штом ќе дознаат дека нивната сопруга или девојка е бремена, а некои дури и пред тоа. Истражувањата покажуваат дека мажите за време на бременоста на жената се доста внимателни, нежни и повеќе трпеливи.

Прашања за мажите:
Како вие ја доживеавте бременоста на вашата сопруга/девојка? Одевте ли со неа на докторските прегледи, испитувања, часови за породување? И помагавте ли на сопругата во извршување на секојдневните обврски (готвење, перење, чистење....)? Од што најмногу стравувавте во бременоста? Што ви беше најтешко, а што најубаво во тој период?

Прашања за жените:
Колку ви значеше грижата на сопругот за време на бременоста? Како се однесуваше сопругот кон вас во трудниот период? Со кои постапки ве нервираше? Бевте ли напорна, нервозна, плачлива трудница и како реагираше вашиот сопруг на тие "испади"? Дали имавте многу специјални потреби и побарувања за време на бременоста?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Прашања за мажите:
Како вие ја доживеавте бременоста на вашата сопруга/девојка? Одевте ли со неа на докторските прегледи, испитувања, часови за породување? И помагавте ли на сопругата во извршување на секојдневните обврски (готвење, перење, чистење....)? Од што најмногу стравувавте во бременоста? Што ви беше најтешко, а што најубаво во тој период?
Во мојот случај тоа беше одамна.
Во тоа време се грижев за сопругата, но не нешто „ посебно “, јас и сега се грижам за неа. Таа стравуваше, дали ќе биде болно породувањето, а јас ја смирував велејќи дека се работи за природни работи и дека сите некоја мајка не родила
Од тој период паметам дека постојано бараше да и купувам лути пиперчиња. Па се мајтапев: Ако се роди женско ќе го крcтиме пиперка, а ако е машко ќе го крстиме пиперче
Мислам дека за жената е тој период повпечатлив, а за мажот е исто
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Сите обврски беа мои иако она немаше проблеми. За првото нон стоп гледавме видеа од породување, читавме искуства од други родители. Со неа одев само на прегледи и часови.
А за второто е по друго веќе имавме искуство и на крај успеа да ме убеди да присуствувам и на породувањето.
Четири саати дремев до неа, а најјако ми беше кога во салата побара да и донесам хамбургер. Циркузи бевме.
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Како и секоја друга промена во животот, бременоста а подоцна и родителството, бара прилагодување и кај мажите и кај жените. Сепак, жените во текот на бременоста се под зголемено дејство на хормони, па улогата на мажите се зголемува бидејќи е потребно во исто време да балансираат, смируваат и даваат поддршка.
Психолозите тврдат дека мажите почнуваат да се "подготвуваат" за улогата на татко веднаш штом ќе дознаат дека нивната сопруга или девојка е бремена, а некои дури и пред тоа. Истражувањата покажуваат дека мажите за време на бременоста на жената се доста внимателни, нежни и повеќе трпеливи.

Прашања за мажите:
Како вие ја доживеавте бременоста на вашата сопруга/девојка? Одевте ли со неа на докторските прегледи, испитувања, часови за породување? И помагавте ли на сопругата во извршување на секојдневните обврски (готвење, перење, чистење....)? Од што најмногу стравувавте во бременоста? Што ви беше најтешко, а што најубаво во тој период?
За перење, пеглање и чистење не се мешав. Си остана нејзина обврска.:rolleyes: Помагав многу повеќе од што она замислував дека сум подготвен, дури и ја се чудев. Инаку за прегледи присуствував, најважно за полот кога требаше да се доознае, и за други прегледи бев, ама кога се броеа прстиња и други делови од телото на ЕХО, сум се замрзнувал. Незгоден момент, ама на крај го кажаа полот на бебето и ја пресереќен. Потоа си доби заслужен поклон сопругата :). Инаку најмногу размислував како ќе биде со породувањето и се сакав да бидие перфектно, ама не присуствував. Искрено и понатаму не планирам да присуствувам, не гледам дека сум потребен таму. Потоа денот кој ќе го памтам дур сум жив, кога го видов и го земав во раце мојот син. Е тогаш само тој што доживеал знае како е.:). Најубаво е, еден и единствен момент на неизмерна среќа. Потоа следуваше и навикнувањето и ќе кажам дека поминавме тешки за нас три месеци, каде спиевме во грч и страв и постојано го мислевме го прегледувавме дали е се во ред. Мојата вклученост како татко и ден денес е голема. Јас сеуште ја имам филозофијата дека јас треба да се грижам за се, дека несмее влакно да им фали дома ни на жена ми и ни на децата. Делев обврски околу, менување пелени, бањање, заспивање и хранење. Јас бев тој што изнаоѓав милион комбинации да ги правам среќни и интересни да им се деновите. И за крај, ова е мое мислење, мажите (татковците) треба да воспитуваат машки деца, односно да им се вистински идоли. Тие треба да се постојано присутни во нивните животи. Сега имам два сина, и истото се однесува и за двајцата. ;). Сакам и ќеркичка, ама работам прво на убедување:D
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
143
Поени од реакции
54
јас првин ја прелажав дека многу ке помагам и верно помагав докле беше бремена и малку после тоа. Но по едно време разбрав дека така не може поеке и на еден маж му требат поеке жени за да си помагат![DOUBLEPOST=1430161678][/DOUBLEPOST]Човекот треба да се радува на синовите си, да си играе со нив но да менува пелени и да ги приспива? Кога жената легне под кола и менува амортисери тогаш и јас ке менувам пелени!
 
Последно уредено:

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
@Фири
A ти си алфа мажјак затоа што не се грижиш за своите деца?

Он топик:
Ко што пиша Олимпја, и за двете бремоности на жена ми бев повеќе нежен, внимателен и трпелив. Бев полн со разбирање за нејизната состојба и и помагав повеќе од вообичаено. Одев со неа на сите контроли и прегледи, немав никакви стравови. Немав никакви тешкотии ниту пак убавини, го поминавме тој период како и сите нормални работи. На пораѓањата не присуствував затоа што пораѓањето и не е некој убав настан за гледање, а и жена ми тоа не го бараше од мене.

Не е точен стереотипот дека мажите се подготвени да бидат родители уште додека жената е бремена. Во улогата на родител влегов практично неспремен. Немав претстава за тоа колку голема обврска се децата, а станав свесен за тоа речиси по една година откако ми се роди првото дете. Иако учествував во сите активности како менување на пелени, бањање, хранење, успивање и слично, имав проблем да се доведам на ниво на бебе за да можам да играм и поминам повеќе активно време во таа прва година. За тоа да го надминам и да ги прифатам во целост обрските кои ги имам како родител ми требаше една година. Потоа ми беше полесно и поминував многу повеќе време со син ми отколку кога се роди. Со второто дете, т.е. ќерка ми, ги немав тие проблеми затоа што бев влезен во шема. :) Денес и покрај еден куп обврски речиси секој ден(има денови кога сум на пат или по цел ден не сум прибран дома) поминувам активно време со нив. Од ден на ден ги сакам се повеќе и повеќе. За нив сум спремен да го вложам и жртвувам и последниот атом од мене. Заедно со жена ми максимално се трудиме да им овозможиме среќно детство, правилен емоционален и физички развој и здрави животни навики. За таа цел (барем кога се хранам дома) прифатив да го сменам начинот на исхрана, така што јадеме што е можно повеќе жива и необработена храна (овошје, зеленчук, житарки и слично), гледаме колку што можеме да поминеме време во природа наместо пред телевизор и ги вклучуваме(син ми претежно) во спортски активности (пентарење од средно Водно до врв, пливање, возење точак) колку што можеме повеќе. Доволно забегав од темата... :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
јас првин ја прелажав дека многу ке помагам и верно помагав докле беше бремена и малку после тоа. Но по едно време разбрав дека така не може поеке и на еден маж му требат поеке жени за да си помагат!
Човекот треба да се радува на синовите си, да си играе со нив но да менува пелени и да ги приспива? Кога жената легне под кола и менува амортисери тогаш и јас ке менувам пелени!
Од кога менувањето памперси и заспивањето е задача на мајката? Детето е на двајцата, а не на едниот.
Многу ми се јаки ваквите татковци што ако ќе ги оставиш сами да чуваат дете, они ќе го удават во гомна, ама нема да му сменат памперс. :D
 
M

Moon Child

Гостин

Морам да споделам еден оф топик мубет.
Еднаш тетка ми не остави да се грижиме за братучед ми на едно 2 саата, и само што излезе него му се прикака, ние го ставивме на нокшир, он се покака во нокширот и го оставивме да седи додека тетка ми не си дојде.Ни беше гадно да го избришеме, детето се залепи на нокшир, се укочи, не му дававме да стане да не се шири смрдеа:pos: Одамна беше тоа, пред едно 15 години, сега не би постапиле така сигурно:icon_lol:
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Морам да споделам еден оф топик мубет.
Еднаш тетка ми не остави да се грижиме за братучед ми на едно 2 саата, и само што излезе него му се прикака, ние го ставивме на нокшир, он се покака во нокширот и го оставивме да седи додека тетка ми не си дојде.Ни беше гадно да го избришеме, детето се залепи на нокшир, се укочи, не му дававме да стане да не се шири смрдеа:pos: Одамна беше тоа, пред едно 15 години, сега не би постапиле така сигурно:icon_lol:
Јас исто пред 12 години, внук ми беше 3-4 месеци и сакав многу да го чувам. Оно сирото се покака, па имаше и надвор од памперсот.
И си мислам гадно е да го бришам, ама ако го однесам кај мајка му нема да ми го даде пак да го чувам.
Ај под туш со ладна вода го избањав и му купив памперс. Сега со ладна вода да ги бањам моите. :LOL:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom