Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.625
- Поени од реакции
- 9.157
- Возраст
- 40
Како и секоја друга промена во животот, бременоста а подоцна и родителството, бара прилагодување и кај мажите и кај жените. Сепак, жените во текот на бременоста се под зголемено дејство на хормони, па улогата на мажите се зголемува бидејќи е потребно во исто време да балансираат, смируваат и даваат поддршка.
Психолозите тврдат дека мажите почнуваат да се "подготвуваат" за улогата на татко веднаш штом ќе дознаат дека нивната сопруга или девојка е бремена, а некои дури и пред тоа. Истражувањата покажуваат дека мажите за време на бременоста на жената се доста внимателни, нежни и повеќе трпеливи.
Прашања за мажите:
Како вие ја доживеавте бременоста на вашата сопруга/девојка? Одевте ли со неа на докторските прегледи, испитувања, часови за породување? И помагавте ли на сопругата во извршување на секојдневните обврски (готвење, перење, чистење....)? Од што најмногу стравувавте во бременоста? Што ви беше најтешко, а што најубаво во тој период?
Прашања за жените:
Колку ви значеше грижата на сопругот за време на бременоста? Како се однесуваше сопругот кон вас во трудниот период? Со кои постапки ве нервираше? Бевте ли напорна, нервозна, плачлива трудница и како реагираше вашиот сопруг на тие "испади"? Дали имавте многу специјални потреби и побарувања за време на бременоста?

Помагав многу повеќе од што она замислував дека сум подготвен, дури и ја се чудев. Инаку за прегледи присуствував, најважно за полот кога требаше да се доознае, и за други прегледи бев, ама кога се броеа прстиња и други делови од телото на ЕХО, сум се замрзнувал. Незгоден момент, ама на крај го кажаа полот на бебето и ја пресереќен. Потоа си доби заслужен поклон сопругата
. Инаку најмногу размислував како ќе биде со породувањето и се сакав да бидие перфектно, ама не присуствував. Искрено и понатаму не планирам да присуствувам, не гледам дека сум потребен таму. Потоа денот кој ќе го памтам дур сум жив, кога го видов и го земав во раце мојот син. Е тогаш само тој што доживеал знае како е.
. Сакам и ќеркичка, ама работам прво на убедување
Одамна беше тоа, пред едно 15 години, сега не би постапиле така сигурно