Средношколски протести

Брат @VardarVoSrceto ти си овој со рибок блузонот?
5555(2).jpg
На фотографијата ништо чудно да има малолетни лица. Дали се имаш тоа запрашано? Сигурно не, инаку не би ја ставил сликата тука.
 
Колку што знам Кајгана не е порно сајт.
 
Гарант 50 % од децава не ја знаат таблицата за множење и всушност поима немаат зошто протестираат. И нормално за тоа наставниците се криви :D.
 
Гарант 50 % од децава не ја знаат таблицата за множење и всушност поима немаат зошто протестираат. И нормално за тоа наставниците се криви :D.
Па секако дека тие се криви, кој да е крив?
 
Па секако дека тие се криви, кој да е крив?
Сериозно?
Па незнам, мислам дека и родителите треба да се вклучат малку во образовниот процес на децата барем во најраниот образовен период. За мене лично собирање, одземање, множење и делење се општи познавања,а не математика.
 
Пешевски и Адеми со апел до родителите- да ги вратат децата на настава
27.04.2015
Средбата, како што истакна вицепремиерот Пешевски, иако била со нелегитимни претставници на средношколците, е поради грижа за нивната безбедност по одлуката од денеска да кампуваат спроти Министерството за образование и наука...
Барањата на средношколците ќе бидат разгледани. Вицепремиерот Пешевски и министерот за образование Адеми упатија апел до родителите да ги вратат децата на настава. Средношколците беа примени на средба- тие ги посочија своите барања кои се однесуваат на екстерното тестирање и новиот концепт на матура.

Средбата, како што истакна вицепремиерот Пешевски, иако била со нелегитимни претставници на средношколците, е поради грижа за нивната безбедност по одлуката од денеска да кампуваат спроти Министерството за образование и наука.

Денеска ги примаме затоа што се одлучија да штрајкуваат со шатори пред МОН. Се доведуваат самите себе во небезбедна ситуација. На што ќе личи тоа тие цела ноќ да седат тука. Тоа е причината зошто ги примивме денес. Инаку, основните претпоставки и понатаму важат, изјави Пешевски.

Ги повика родителите да побараат од своите деца да престанат со бојкотот бидејќи, како што рече, во крајна линија тие се најголеми губитници, со оглед дека веќе 12-ти ден голем број од децата не посетуваат настава и е пропуштен е доста материјал.

Нам навистина ни е во интерес образованието да продолжи, да завршат матурските испити и да им се овозможи на оние деца коишто сакаат да го продолжат образованието да се запишат на факултет, изјави Пешевски.

Средношколците, пак, информираа дека не е постигнат договор и најавија оти ќе останат да кампуваат се до исполнување на барањата да се врати стариот концепт на полагање државна матура и да се стави во мирување Законот за екстерно тестирање.
 
Сериозно?
Па незнам, мислам дека и родителите треба да се вклучат малку во образовниот процес на децата барем во најраниот образовен период. За мене лично собирање, одземање, множење и делење се општи познавања,а не математика.
Ако ти дојдеш кај мене на работа и ми речеш сакаш да добиеш корист од мене (да имаш интернет), дали ќе очекуваш за твоите пари

а) кога ќе стигнеш дома модемот, рутерот, стрејт каблите, DNS, IP да се вметнати како што треба и само да вклучиш Мозила и да сурфаш;
б) јас да ти ја дадам опремава спакувана и одмонтирана, да ти ги запишам само адресите и да гледаш од YouTube на мобилен интернет, како иде процесот на монтирање, па добивање сигнал, па рестарт, па кабелов грешно наместен, па не добива IP итн итн.

Како што ти ќе ја одбереш првата опција, така и родителите од чии пари се спонзорираат државните службеници треба да очекуваат добиена услуга. Кога мене ќе ми се пожали клиент на работа, знам дека тој плаќа за услугата и треба да ја има во секое време. Така треба да биде и тука. Тоа што живееме во бофал држава, сме си научени на чкарт услуга и си ќутиме како мисири (барем досега) е друго.
 
Брат @VardarVoSrceto ти си овој со рибок блузонот?
5555(2).jpg
Не не сум тој. Јака фора еј си нашол слика од дечкото кај што изгледа смотано и ја постираш на форум. Бидејќи нели ти си ултра фотогеничен и никогаш си немал грда слика.
Ако толку те интересира ќе ти ставам слика кој сум ја не се секирај. Од мобилен сум сега не ме мрзи да аплоудирам.
 
@Ilumious да не се разбереме погрешно. Јас никаде не кажав дека не треба наставниците да си ја вршат работата.
Јас само си го кажав моето мислење и никаков став не изнесов. Не реков ни дека сум за ни дека сум против, искрено не сум засегната од ситуацијата и кој што сака нека прави.
А државата ни е таква парталава, тука нема што да се коментира повеќе.
Сакав само да кажам дека куќа се гради од темел, не од покривот.
Обврска на секој родител треба да му биде на му створи работна навика на своето дете. Јас сум на ставот дека нема човек кој не може да научи барем основна математика. Тука барем нема помтење на непотребни информации, учење на памет, само треба да се следи логиката.

Ама реално ако и родителот не му обрне внимание на детето додека е мало и да му помага во образовниот процес е исто како ти од кога ќе си отидеш од кај мене со намонтирана и функционална опрема, јас да ги истегнам сите кабли и да ти се јавам дека не ми функционра интернетот и дека не си ја сработила својата работа како што треба.
 
Ова болдираново е најголемиот проблем општо кај нас, не само во образованието. Треба да се седне и да се ревидираат програмите, да се исфрлат глупостите од материјалот, кадарот да се види до кај е со нови методи на предавање а не со Југославија методи, да личи часот на час, да се исфрлат од работа оние малограѓанскине потези на професори за кои може верувам сите до утре да зборуваме. Да се забранат фаќање врски, глупости, да се заштитат професорите од притисоци. За тоа сме сите но проблемот е што матури и екстерни секоја година не го поправаат ова. Е затоа се протестира(ше).

Иако е точно дека работните навики се ствараат од мал, сепак не мора да значи. Има еден куп слаби ученици што во средно се смениле и имаат висок успех а имаш и некои што па на лошо се смениле.
 
Гарант 50 % од децава не ја знаат таблицата за множење и всушност поима немаат зошто протестираат. И нормално за тоа наставниците се криви :D.

Добро е барем ти ја знаеш. Добро не ве сфакам ни тебе, ни останативе кои се бунат. Ти средно заврши? - Заврши. Дали си полагала или не незнам, не е моја работа. Кога јас бев 4та година сакаа да воведат екстерно и ни го кажаа сето тоа на среде година. И тогаш имаше протести и сите средни школи се кренаа на нозе и на крај успеавме. Ако можевме ние - можат и тие. Заедно се посилни. Само разликата е во тоа што немавме тогаш ваков шугав министер кој одвај зборувам мак.
Наместо да ги поддржите, сте застанале на форумов и критикувате. Затоа што вас не ви гори под нозе.
Тоа е македонче.
Секое добро.
 
Каде реков дека не ги подржувам средношколците? Каде реков дека ги подржувам?
Читај пред да ме цитираш, не трчај како прле пред магаре.
Да, не ми гори под нозете и не не верувам во заедници и утопии, туку дека секој треба да се бори за себе и своите права. Според мене задолжително средно е една голема грешка. Барем оние што не ја знаат таблицата, ќе можат да со идат да си научат занает за тие 4 години и да си го вадат лебот, а не да си го губат времето да дремат по школките клупи.
Форумот е за искажување мислења, а тоа и го правам.
 
Никој не ти забрани да искажуваш мислење? Ти ставив нож и ти реков бриши ги коментарите? Не биди параноична, нема потреба. Занает се учи и средно, не постои само гимназија, знаеш добро дека има и електро, има и машинско и медицинско итн. Има и за тие кои не сакаат многу да учат - угостителско. индустриско... Се се може штом се сака. Кога проблемот опфака поголем број на индивидуи не може секој сам за себе да се бори, ако е како што рече - сечи ми ја ракава. Ако излезат 10 души на протест (секој за себе нели) ќе бидат отстранет од наставата и толку. По 2 недели се ќе се стивни.
 
Мислам дека е редно време да се смени насловот на темава, ептен е misleading и прави да се дисктираат истите работи 24159150129 пати.
 
Никој не ти забрани да искажуваш мислење? Ти ставив нож и ти реков бриши ги коментарите? Не биди параноична, нема потреба. Занает се учи и средно, не постои само гимназија, знаеш добро дека има и електро, има и машинско и медицинско итн. Има и за тие кои не сакаат многу да учат - угостителско. индустриско... Се се може штом се сака. Кога проблемот опфака поголем број на индивидуи не може секој сам за себе да се бори, ако е како што рече - сечи ми ја ракава. Ако излезат 10 души на протест (секој за себе нели) ќе бидат отстранет од наставата и толку. По 2 недели се ќе се стивни.

Не сум параноична, воопшто само не сакам иронија.
Ја знам структурата и насоките во средното образование. Она што се учи во средно- стручните училишта не е занает, туку теорија со малку пракса. По завршувањето на срдно стручно имаш само диплома, ама не си мајстор. За помалку од 4 години со занает ќе бидеш.
За другото и нема што да коментирам, средношколците се едно множество и нека си се борат за своите права. Никој не им брани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom