Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Тоа никако. Но, не сум глув и слушам.
Слушаш и ниеден факт не знаеш. Кога ќе ми одговориш не било кое од прашањата погоре, или ќе побиеш некое од тврдењата, ќе правиме муабет. Вака вртиме во круг. Тоа што го слушаш, не можеш да го ставиш во контекст.
 
Ти ми викаш тој и тој го избркале од работа по месец-два затоа што рекол дека ќе прима само Албанци.
Ја ти викам дека ти можеш што сакаш тука да напишеш.

Но, јас можам да верувам на тоа што го слушнав од устата на вмровците, и кое сите можеме да го чуеме, а тоа е дека Македонците од Гостивар се за ВМРО, гласачка машинерија во служба на ДУИ, дека законот за бранители не се носи за де се чува за пазарење и дека тој некој ваш полтрон одбива да стави Македонци на работа.
Тоа се факти, а твоево е, нешто што ти го тврдиш. Тоа е исто како јас да ти тврдам дека месниот комитет на ВМРО, кај мене у населба заедно со албански банди тепа македончиња по автобуси и кога ти ќе се побуниш, да ти речам дека поима немаш, затоа што не си тука.
 
Ти ми викаш тој и тој го избркале од работа по месец-два затоа што рекол дека ќе прима само Албанци.
Ја ти викам дека ти можеш што сакаш тука да напишеш.
Тој (Чинговски) беше директор на ЕЛЕМ на државно ниво. И тој си замина од ЕЛЕМ. http://24vesti.mk/chingoski-si-zamina-od-elem-na-negovo-mesto-dosegashniot-direktor-na-mepso

Му беше ветена амбасадорска функција во Јапонија, го излажаа и не ја доби. http://www.mfa.gov.mk/index.php/mk/media-centar/makedonija-vo-svetot/1067-2014-12-11-15-44-45

Беше член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на државно ниво, веќе не е. http://vmro-dpmne.org.mk/?page_id=191

Гледаш, јас можам да напишам што сакам, ама и тоа што сум го напишал да го поткрепам. Ти не можеш. Е тука се разликуваме. Ти за доказ на тврдењата од снимката ми ја даваш снимката. Тоа не е аргументирање, тоа е циркуларна логика, типична за религија.
 
ОК, вака може, го тргнале тој.
Браво! (не за твоите, туку за тебе што си се потрудил да ги најдеш овие работи).

По стоти пат:
Како тоа ги амнестира за сите срања?
 
ОК, вака може, го тргнале тој.
Браво! (не за твоите, туку за тебе што си се потрудил да ги најдеш овие работи).

По стоти пат:
Како тоа ги амнестира за сите срања?
Каде јас реков дека ги амнестира од сите срања? Јас зборував за референдумот како одличен релевантен показател на расположението на народот. Расположението на народот не е суд, туку е став.
 
Ќе биде излезност околу 40%-43% отприлика. Тоа и не така лошо од причина што до сега никој не успеал да ги убеди центарци да гласаат со толкаво мнозинство за некој предлог.

Треба да се земе во предвид дека власта го бојкотираше овој референдум. А како што ја дал Господ оваа наша власт до негде имам разбирање (иако не ги оправдувам) за луѓето што не смееа да излезат да гласаат. Тоа се во главно администрација и вработени во фирми во соработка со власта. Сите сме свесни што методи применуваат и дека утре ќе ги отворат списоците и ќе бараат човек по човек кој гласал. Ќе ги бркаат од работа или некој од фамилија и така натаму.

Битка без медиуми е тешко да се добие. Дури и снимки од Грујо да излезат како убива човек, ако нема кој да го пренесе (посебно до повозрасната генерација и руралните средини) ќе биде како да не се случило.
 
Во Центар ниту има повозрасна необразована генерација, ниту е рурална средина. Жерновски кога го најавуваше референдумот излезе со анкета која вика дека 75% од граѓаните на општината ќе излезат да гласаат. Оправдувања за толкав фејл, едноставно не може да има.[DOUBLEPOST=1430071145][/DOUBLEPOST]http://plusinfo.mk/mislenje/475/vistinata-za-neuspehot-na-referendumot-za-gtc

Почна цмиздрењето. Изгледа конечно ја здогледаа земјата, па сега им станува јасно дека не летаат, туку се во слободен пад. :tvg:
 
Последно уредено:
И покрај сите глупирања, прашање за фасада (т.е. реновирање иако они акцентот го ставија на фасадата), добија 1400 гласови повеќе од последните локални избори. А речиси исто ако не и исто колку за претседателските од 2014. Излезност 40.46% (од кои 3.6% гласале против). бараше шамар најлошиот градоначалник на Центар до сега и си доби.
 
Не работел еден лифт кај католичка затоа излезеноста е 40% иначе ќе беше 75%.
 
Со 60% неизлезност Центар покажа дека уствари е за промена или не му чуе воопшто? Оти тишината знаеме како се толкува...
 
Џонка вицот. И хумористичен стана. Му се смее на народот кој испадна. На 40% им се смее. Оти он е власт му се може. Смешно му е. Ќе видиме до кога вака слатко ќе се смее.
 
Не се смеам на никого само кажувам она што го читам по медиумите. Лифтот го искулчиле и затоа не успеал референдумот.
 
Следни избори Жерновски ќе дава смена стан за куќа.
Полека, не го форсирај човекот. Ене го, се сили. И покрај се немало да дозволи барок во Центар, ќе се надгласувал во совет пак. Сака и општината да му заврши со блокирана сметка и да изеде некоја кривична изгледа. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom