Многу јако. Исто така се збореше за ВМРО кога дојде Груевски, а исто ќе се збори и после него.
Никогаш нема да научиме дека не се работи само за еден политичар, туку цел еден политички мајндсет кој немал и никогаш нема да сноси одговорност, кој и да е ќе работи само за свои интереси.
И ајде една задоцнета молба да се вратиме на тема и да не искористуваме прилика за вмешување се' останато.
Не, муабетов е онтопик. Од мои и твои пари се прават овие сценарија. Со наши пари се тера циркузов, се праќаат војници и цајкани на џогинг околу караула, се пуштаат хеликоптери да летаат и да ги снима Сител....како летаат. Сега може и ќе бидеме казнети оти ем фрлија 2+ милиони, ем не се одзвавме сите во ехо со "Ви веруваме, о господари на нашата судбина."
Овој мајндсет мислам дека е класично кондиционирање од браќата Срби. Едно големо историско кастрирање. Оти, знаеш, кога ќе погледнеш наназад, факт е дека западната демократија е изградена врз гилотисани глави на цареви и војсководци. На душмани и мегаломани. Цела француска револуција, сосе бонапартистичкиот кабает, е едно монументално историско четиво кое вика дека врз главата на царот и лажните пророци се оформени модерните демократски принципи, каде што следниот владетел во секое негово делување ќе ги има гилотината и кастрацијата на ум, ќе биде доволно исплашен, па како Јован Без Земја векови пред нив, ќе мора да попушти пред желбата за поголеми права и слободи на народот.
Некој сега вика дека ние сме поинаков народ. Послушен, мирен, верен на пастирот. Народ од овци. И да, ако гледаш од формирање на Југославија после втора светска, осамостојување, па до ден денес, таа дефиниција за овци држи вода. Срамот од Срем, пигмејчето Колишевски, срамот од плашливото осамостојување...цела планина општонародно блеење.
Никој, никој не сака да се врати доволно наназад и да се сети на еден Караѓорѓевиќ, на фактот дека дел од овој народ, под силна тортура на великоспрската политика, се одмаздил со тоа што стркалал глава на српски цар. Годините после тоа, фамозната српска милиција, која знаела наместа да брои по еден милиционер на секои 20 жители, до почетокот на војната кршела 'рбет и гордост на луѓето овде. Другарот ја одиграл улогата на добриот цајкан поствоено, со повремени ситни и незабележливи испади и екскурзии до голи оток, исчезнување на дисиденти од лицето на земјата, убивање на некој ситен криминалец што си играл АСНОМ и барал автономија, убивање на некои таму небитни студенти од Струмица...
Ситници.
Тој е тој мајндсет, Брату. Таа великосрпска пропаганда до денес обвисната врз народов како сениште. Никако да не пушти. Иако овие имитаториве не можат да му се фатат на Другарот, добро го разработиле политичкиот континуитет. Знаат и да се продадат како незаменливи и неповторливи, знаат и како да влеат доволно страв и терор за потсвесно во секој од нас да се појави пендракот на српската милиција. Не знам дали коските на Черноземски се мирни, ама знам дека имаме сега нови цареви и позлатени идоли, може редно е да се одважиме и ако не се, да ги смириме.