Пра баба ми пред да почине ми раскажуваше како било во нејзино време мажачка-женачка. Таткото бил тој што одлучувал на кого ќе ја даде ќерка му, т.е за оној најбогатиот. Е она, немала татко, двата постари браќа и загинале во војна, па самата одлучувала кој ќе го земе. Се разбира, не комплетно, тука играле улога чичковци, вујковци. Иделе многу да ја бараат за жена, чумки вредна била, домаќинка, а и имала завршено курс за шнајдерка уште во тоа време. И така се бендисале со пра дедо ми и се договорила работава за свршувачка и свадба. Си отишол он и не се виделе до свадбата оти таков бил адетот. После тоа дошле за свадбата, ја качиле на коњ, поворка цела, до црква, и се земале во брак. Ја однел дома, паднало ноќ и дошла на ред првата брачна ноќ. Сите гости се собрале крај вратата да слушаат, татко, мајка, чичковци, вујковци, роднини, пријатели. И биднало што биднало работава. Дедо ми покажал чаршавот, црвен, пред другите и сите наздравиле! НЕКА Е АИРЛИЈА!
Така било пред 100 и кусур години. Ако другар ти (најверојатно ти стоиш позади него) сака така, нека се транспортира назад во времето, па нека најде некоја невина шо никој не ја чепнал пред тоа.