Која економската или политичката?!
Во Македонија не владее правото, не се почитуваат Законите и со самото тоа и уставот како највисок правен акт. А после ова гледаме дека нема ниту морален и етички кодекс. Нема ниту способен министер, има огромен медиумски притисок, неполноважна Средношколска унија и незадоволни професори и ученици. Состојбата би кулминирала после глупите Закони и решенија (ако немаш причина и повод за “војна“, нема ни да тргнеш во “војна“, мора да нагласам метафорички). Сега кога се кренаа, одма СДСМ, СОРОС или (најново) странските тајни служби стојат позади нив со цел да доведат дестабилизација на државава! Сите се криви, само политиката на оваа власт не е. Таа е невина, таа е божествена, таа е либерална, таа е за народот, таа е патриотска.....Ако веќе размислуваш со своја глава, седни и прочитај се од почеток до крај (а не само првиот коментар). Согледај ги нивните барања и дади конкретен коментар. Притоа тоа е молба, а не наредба.
Насловот на оваа тема е тотална утка. Сеуште има лица кои сметаат дека се протестира поради математиката. Не тој проблем е решен (иако се сомневам во полноважноста на тоа решение), сега во тој пакет има 2 барања кои се јасни, прецизни, недвосмислени и држат вода.
1. Законот за екстерно тестирање да не биде во сила 6 месеци.
2. Враќање на стариот концепт за полагање на државната матура.
Средношколците се во право и треба да им се излезе во пресрет. Сега што не ти е јасно? Кои стои зад нив? Ако си толку сигурен, пушти тужба до СДСМ и СОРОС под обвинение дека манипулираат со малолетници, дека нелегално им даваат пари или не знам што уште не. Тужи! Нека тужи и Јанко, Пандов, Миленко, Латас....сите “независни“ новинари.
И каков родител е Јанко? Претпоставувам дека е одличен татко. Но дали треба да ги подржи учениците и нивните барања (со оглед на тоа дека и неговите деца се ученици)? Јас мислам дека и од човечки и од морален апсект и пред се од родителски тоа треба да го направи, а не да збори како ова, како она........