Објасни ми зашто барањата на средношколците не се разумни .. ? Викаш дека цела општествена јавност во македонија застанале зад студентите а зад средношколците не? Не знам ти дали трева пасеш или само владиниве медиуми ги читаш, но денеска сликата беше поширока ..
Чисто ме интересира, зашто секоја реформа се прави на начин плукни залепи? Зашто секогаш мора да се наметнува нешто, од денес за утре, како од небо им текна дека сега морало да се полага и електронски и писмено, дека сето тоа мора да биде во рок од 1 недела, дека математика треба да биде задолжителна за сите, да не набројувам понатаму ..
Нема простор за дискусија, за дебата, јавно мислење, па макар што ние како средношколци го трпиме сето тоа, додека таквите како тебе ми објаснуваат тука цел ден дека автобусите ги плаќале Ојле и Дојле, и згора на се, и да е така, сето друго паѓа во вода нели?
Жал ми беше за луѓето што беа у кафичи дур ние поминувавме на улица, толку незаинтересирано и рамнодушно гледаа, можда и ти си бил таму