ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Еве прилика за ГДОМ да се покаже на дело ;) Извинете на иронија ама ова мириса на наместена работа, корне. За жал ќе успеат пак со намерите за заташкување некои работи.

Баш ти е на место реченицата... нивното здружение официјално гласи "Граѓанско Движење за Одбрана на Македонија"... Ако можеа да ја свртат цела Македонија продавајќи ни некакви приказни за патриоти и предавници, еве им прилика да појдат сега до Липково и вистински да ги видиме кои се предавниците а кои патриотите.
 
Да. Колку што пишува групата е од Косово. Не знам како да ги снимат? Иако Косово е една од најјаките држави во светот ете некако успеала да се формира таква групација таму и се префрлила 1 километар на македонска територија.
P.S. што е со повициве да не се избрзува и да не наседнуваме на провокации на форумов? Веќе почна некој да формира одреди со доброволци во инбокс?[DOUBLEPOST=1429613312][/DOUBLEPOST]
Авторот е бивш шеф на ДБК. Затоа да го цитирам и него - не верувајте на секого.

Што сакаш мисли, народот мислам дека е свесен дека ова е обид на власта да се спаси и да го одвлече вниманието од политичките бомби.
 
Да, народот е свесен и нема да наседне на вакви играрии од странство.
 
„Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава“ - МВР со детали за инцидентот во Гошинце
Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава. Со овие зборови 40тина терористи со маски на УЧК утрово околу 2:30 часот ја нападнале караулата во Гошинце, јавува МВР. Според информациите од полицијата, станува збор за добро вооружена група која комуницирала на албански јазик. Заробиле 4 полициски службеници и им ги врзале рацете со лисици, а едниот полицаец бил и удиран.
Еден од терористите преку преведувач им се обратил
„ Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава.“ – рекол терористот.
Потоа им дале клучеви на полицајците да се одврзат и им рекле дека имаат половина час за да си заминат бидејќи во спротивно ќе ги ликвидираат. Им ги искршиле радиостаниците.

http://press24.mk/site-kje-ve-likvi...zhava-mvr-so-detali-za-incidentot-vo-goshince
 
Јас немам штаб. Тоа што не разбираш ништо од политика не е мој проблем.
Јас не сум политичар за да се разбирам во политика, јас гледам дека некој сака да одвлечи внимание. Тие шо се декларираат како политичари залепени за фотеља од страв дека фотељата ќе ја заменат со посета на Идризово палат народ со тепачки по автобуси, гранатирање на влада, масакри на невини деца, заземање на полицска станица шо веќе беше најавено дека ќе се случи. Тие самодекларирани политичари не се ништо појќе од обични крадци и за ова ќе му се суди. Шарлатани
 
1. класично местење з ада се дефокусира јавноста
2. ќе помине како инцидент доколку дозволи мвр/арм поради создавање простор за да исчезнат одредени фаци од државава
3. нема да дозволи арм/мвр што подразбира чистење на терен за 15 минути иако очигледно е дека има одреден договор.
4. заев ќе објави бомба за смилковско и тогаш повторно ќе настанат одредени тензии насочени кон власта ...

п.с. не верувајте во се што се пласира како вест, ова е класича местенка.
 
Очекуван високо-интелигентен муабет од "лицава". Сепак треба да поминат неколку дена за да видиме што всушност се случило/случува. Во меѓувреме двата закрвени македонски табори ќе се обвинуваат меѓу себе. Нешто слично како во 2001...
 
Па од Косово ако ги рачунаш за домашни добро.
Значи не си наивен, туку браниш политичка опција. Јас ја бранам вистината. УЧК е во парламент, ко истрански служби ќе бараат нови терористи за некое сценарио? Па ако САД ги контролираат ахмети зар други ќе бара групации? Знач иосвестете се или нема да заслужиме да имаме држава. Ова влада не подели по сите основи, или ајде како што викаат врхушката. Ако сакате да имаме држава мора да бидеме единствени.
 
Еден полицаец зел клучеви и ги одврзал колегите и пеш заминале кога слушнале долг рафал од автомат. Според првични информации се работи за лица од Косово. МВР презема мерки за расчистување на случајот.
Во моментов полицајците се безбедни а полициската караула е ослободена
Од МВР велат дека Македонија и нејзините институции биле цел на терористички напад.

СМРДИ КОРНИ!!!!
 
Значи не си наивен, туку браниш политичка опција. Јас ја бранам вистината. УЧК е во парламент, ко истрански служби ќе бараат нови терористи за некое сценарио? Па ако САД ги контролираат ахмети зар други ќе бара групации? Знач иосвестете се или нема да заслужиме да имаме држава. Ова влада не подели по сите основи, или ајде како што викаат врхушката. Ако сакате да имаме држава мора да бидеме единствени.
Па не знам освен ако не читаш вести последниве две три години тогаш да ти поверувам. Дали од 2010 навака не се создава атмосфера дека албанците се угнетувани марионети и дека али е слуга на грујо? Тоа знаеме од чија стрна адоаѓа и само се засили со овие снимки што се пуштаат. Кажи дека не е така? Зошто се објавуваат беспотребни разговори во кои се нарекуваат шипци и инцести? За да се испровоцираат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom