Апел за помош на Зоран Ѓорѓиевски

  • Креатор на темата Креатор на темата blanco
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
11157917_346445508897192_889053797_n.jpg


Од утре ќе имало и телефонски броеви. Нека стои темава и без броевите пошто како што знам нема многу време за собирање средства.
 
Се работи за млад дечко 1990 година, на кој итно му е потребна трансплатација на срце во странство. Немам подетални информации, штотуку налетав за ова на фејсбук.

Телефонски броеви сега за сега не знам дали има, најдов само жиро сметка:
300 161 000 00 10 61 - Комерцијална банка

Ќе ажурирам доколку најдам и телефонски броеви и повеќе информации. Нека донира кој колку може, или нека сподели со пријатели.

Бидете хумани!!
 
Ај кога ќе имате телефонски броеви тагнете ме за да знам.
 
Не ме сфаќајте погрешно, ама телефонските броеви се најдобра „верификација“ за автентичноста на повикот за помош.
Операторите се ригорозни околу ова. Да почекаме и да добиеме броеви и информации, во ред? Имало безброј случаи да фрчат жиро сметки со измислени приказни. Не викам дека оваа е таква, ама сепак...
 
Потребни се меѓу 300К и 500К евра!
Од утре ќе има бројчина од мобилни оператори,кој е од Битола и шо сака да донира,утре пред ВИП ќе има штанд за донации.
 
Последно уредено од модератор:
Дај Боже да се соберат тие пари,ама 300.000 евра се огромни пари..За Тамара од Велес требаше многу помалку пари,па не успеаа да ги соберат,иако главен донатор на пари треба да биде ФЗОМ..Али како и да е,ако има телефонски броеви ќе донирам..
 
Не ме сфаќајте погрешно, ама телефонските броеви се најдобра „верификација“ за автентичноста на повикот за помош.
Операторите се ригорозни околу ова. Да почекаме и да добиеме броеви и информации, во ред? Имало безброј случаи да фрчат жиро сметки со измислени приказни. Не викам дека оваа е таква, ама сепак...

Не е оваа жиро сметка таква. Веќе од таа жиро сметка е платен престојот во Филип Втори. Мобилни броеви сеуште нема. Од утре ќе биде тоа и ќе ги постирам.

Иначе веќе отворив тема за ова, ама пошто сега испадна дупла бришете ја
 
Од Фонд нешто ќе финансираат?
 
Ако не се лажам се чека одговор од Фзо за покривање на трошоците.
 
Ке видиме дали ке одобрат да не испадни како за Тамара затоа сите да донираме иако се многу пари барем кој колку можи нека помогни
 
За од странство нема ништо како и обично, така? :(
Ако има некое инфо пишете
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom