Деволуција на Музиката

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување
Секој оној малку што музиката може ја смета за хоби ќе се согласи дека со почетокот на 80ти музиката почнува да губи од својата вредност.
Во 90тите има неколку светли точки кои и денеска егзистираат, но ретко се најдува парче музика со енергија кое што може да стане култно

What? 80s немале култни парчиња, а 90s имале по некое тук-там? Ја и ти живееме во иста временска линија или слабо? Не знам кој е твојот репер за квалитетна/култна музика, дали звук, текст, вокал (или се заедно во пакет), ама на кој начин и да ја вртиш призмата и филтрите, се уште постојат такви парчиња и ден денес, а не па 80те или 90те.

Не е крива музиката туку радио станиците, и академските кругови кои решија да наградуваат sub-par или просек музика само за да лижат гз на познати фаци или финансиери. Дури и Гремис, што беа последен фронт за наградување на квалитетна музика паднаа на задник последниве години. Некој степен на искупување добија со последново издание што му климнаа на Beck. Имаат уште многу пат за да вратат легитимитет.

Квалитетни изведувачи имало и ќе има, некои се многу малку познати и експонирани, некои се непознати и мака мачат да дојдат до публицитет, некои се непознати затоа што така сакаат (underground/hipster филмови и тие срања). Радиостаниците најчесто вртат нешто што сметаат дека има масовен appeal, или лесно растлив хит, и со тоа веројатно ја промашуваат таа група изведувачи кои ти, Петко или Станко ги сакате и обожавате, и сметате дека се "квалитетни" или "култ-класика" кога се работи за музика.

Освен тие што ги спомна во воведниот пост, тука се и ликови како Bruce Springsteen, Oasis, Duran Duran, Paul McCartney и многу, многу други кои неуморно исфрлаат нова музика скоро секоја година. Голем дел од нив се наградувани за истата и сертифицирале албуми како Голд и Платинум во повеќе од 30 земји. За тебе тоа е губење на сјајот? Уметници во сенка? Отсутен квалитет? Зошто? Затоа што Сити Радио и Антена 5 не ги вртат 50 пати дневно како дел од "Хит Шемата"?

Ако е за кој што слуша проблемот, завлегуваш веќе во лични вкусови, а клише муабетот (и водено точен) е дека за истите не се расправа и се пресубјективни карактеристики за да се дискутира во ваков формат. Освен другиве фактори за квалитетна музика кои ги наведе од наше поднебје, кај се други како Четкар, Тавитјановци, Симон Трпчевски, Драган Даутовски Квартет, Кирил Џајковски? Луѓе кои за разлика од тие што ги спомна, создаваат музика широко прифатена како квалитетна, и поради истото тоа, се и прилично познати надвор од границите на Македонија.

ЕДИТ: Ова горе го имав пишано уште сабајлето али го оставив компјуеров упален цел ден без да стегнам 'испрати' а сега видов дека пак си постирал со неколку збора плус што значи за тебе квалитетна музика. Да те тера на размислување + ако е музички критичар, тогаш мора да е во право, и со тоа ќе водам дебата против вашите музички вкусови. Несериозен пристап или само ми се чини?

Ме интересира кој е твојот аргумент за тоа дека денес музиката е на највисоко можно ниво од нејзиното постоеење?
Како го оцени тоа?

A како ти го оцени тоа? Се повика на музички критичари (кои се полоши од филмските критичари). Не видовме твоја детална анализа и објаснение зошто тогаш, зошто тие и тие.

Кој и да ти објасни и наведе изведувачи како одговор на твоево прашање е онолку валидно ко и твоето мислење, бидејќи фак ит, сепак се работи за вкусеви.

Спомна квалитетни музичари со придукции после 2000та.

Макар бил оценет дека вадам субјективни примери (други и немам искрено). Еве неколку:

Adele
Sam Smith
Broods
The xx
Years & Years
Frank Ocean
Lorde
Alt-J
HAIM
The Pierces
Chad Faker
Sia


Lorde лирички нокаут може да му даде на било кој од твоиве култни фацки. Во 2 стиха - 4 преносни значења. Типката уствари почна ко 16 годишна хипстер кралица и дејствуваше underground се додека не и се намножи масовна фан база благодарение на текстовите и радио станиците почнаа да и обрнуваат внимание конечно. Со оглед на тоа што песните ги пишувала кога била 15 години стара, укажува доволно за девојчето.

Слична приказна и со Sia, алтернативна музичарка која стана позната преку ноќ затоа што пишуваше хит поп песни за познати фацки и истите ја прогураа после во spotlight-от, особено преку соработки/колаборации. И двете сега повеќе или помалку или уживаат или го искористуваат мејнстримот да наталожат пари, па после да прават експериментални албуми пак а да не се грижат дека ќе останат шворц после нивно издавање.
 
Последно уредено:
Сериозно Моцарт и Бетовен ги пиша во линија со рокери? :D
Немаше ли место за окарината од палеолитот, ја мислам дека и тогаш баш подобра музика од сега се правела :D

Значи ако поп музиката е срање за газови, тоа е само еден мал дел од спектарот музика во светот. Инди и алтернативните музичари се супер, и благодарение на интернетот може добро да се промовираат и повеќе луѓе да дознаат за нив.
 
Не знам дали јас толку лошо го срочив текстот или пак навистина има проблем со спротиставени мислења.
Моцарт и Бетовен беа спомнати во малку поинаков контекст, ама нејсе...

@Шкорпион


Да не се повторувам веќе три пати каде што кажав дека и денеска има квалитетни парчиња музика, ама мое мислење е дека од 70ти наваму каде што се случува тој креативен музички бин бенг, музиката губи на квалитет.
Секако дека генерализирам, не ми паѓа на памет да земам да ги анализирам сите албуми еден по еден и да кажам дека во 2007ма The National го извади Boxer, или пак во 2002 Porcupine Tree го исфрли Blackest Eyes итн. итн. и со тоа да кажам дека денешнава музика е супер.
Затоа и темава се вика деволуција на музиката.
Истите овие апологети на денешнава музика кога ќе треба да набројат најдобри топ 10 албуми според нив нема да има ниту еден од 2010 па нагоре.

Да тоа е мое субјективно мислење, како и субјективно мислење на голем дел музички критичари, продуценти и луѓе тесно поврзани со евалуација на музиката.
Се е субјективно :X3:...


Еве можеме еден наш форумски експеримент со модераторите на форумот да направиме
Моментално оди изборот на најпесна на форумот, ако сакаат да ми ги дадат 100те песни што ќе влезат во најтесниот избор и јас ќе ги селектирам по години и ќе направиме анализа кои години биле златни според форумџиите.:love:
 
Не знам дали јас толку лошо го срочив текстот или пак навистина има проблем со спротиставени мислења.

Не го срочи лошо текстот, туку со текстот удри по егото на луѓето. Затоа што ти тргнуваш со музиката како субјективно уживање без спрегите на денешниов музичко-елитистички склоп.

Има квалитетна музика и денес, самошто богоизбрани поединци со его до Месечината и назад знаат каде да ја најдат. Тие се светлината во мракот. :)
 
Деволуција? Да, ако немаш попаметна работа.
Музички продуцент сум веќе 10 години, имам и школо али не сум јас тој кој што треба да каже што е добро а што лошо бидејќи експерти врие.
Музиката еволуира, музиката никогаш нема да се уназади од проста причина што тоа е поширок обем и од самата вселена. Се работи за нешто вонвременско и вонсериско, а денес и со зголемување на квалитетот и технологијата од секој аспект поврзан со музиката и музичката продукција е стварно глупаво да се јаде бурек.
Треба да радува фактот што има толку креативни луѓе кои измислуваат таканаречена топла вода од скептиците. Квалитетот се продава, де факто. Ама и еволуира.
Ако не еволуираше, денес уште ќе тропавме со камења и оклагии.
 
@Шкорпион
Истите овие апологети на денешнава музика кога ќе треба да набројат најдобри топ 10 албуми според нив нема да има ниту еден од 2010 па нагоре.

Да тоа е мое субјективно мислење, како и субјективно мислење на голем дел музички критичари, продуценти и луѓе тесно поврзани со евалуација на музиката.
Се е субјективно :X3:...

Прво беше работава за после 85та/90та, па после 2000та, сега после 2010та. Некако тешко да се задржиш на декадите?

Да, се согласувам, после 2010 малку потешко се наоѓа квалитетна музика, ама според мене, субјективно мислење кое може голем број души не го делат. А статусот е таков каков што е поради истите фактори кои и ред други луѓе ти ги објаснија. Не деволуира музиката, туку музичката индустрија е пофокусирана на брзи/масовни заработки него ли да вади квалитетни продукти во limelight-от. Особено последниве 4-5 години. Дека има квалитетни креативци - има. Колку што имало и претходно.

Твое мислење е, дека денес ги нема како што ги имал во 70те. А тоа што музички критичари го делат истото мислење со тебе е што? Аргумент? Во 70те музичките критичари ги фалеле претходните 2-3 декади музичко творење. И тогаш имало музички критичари кои им дале признание на модерните автори на музика од тоа време, како што има такви и денес. Ти го објаснија ова и претходно мислам. Ама ти си знаеш зошто не го земаш в предвид.

Плус ти дадов примери, и тоа наши, кои не ги вртат наоколу и промовираат како Ламбе, Тамара, Тајзи и остала компанија, но заработуваат како мејнстрим артисти, некои од нив повеќе од претходно спомнативе. Што се тие? Андерграунд? Мејнстрим? Квалитет? Аномалија? Што?
 
Има голема разлика меѓу музичката "индустрија" и правата музика. Музичката индустрија е бизнис и ништо поише и нормално е да бутка музика и артисти што највише би се продале. А кој највише купува? Тоа се тинејџерките што гледаат MTV тие се тие што денес највише купуваат албуми за жал.

Рок/Метал фановите веќе не купуваат албуми во тој размер како порано а и кога купуваат си купуваат албум од својот омилен бенд кој ја свири таа niche музика у која највише се пронаоѓаат. И ради таа разноликост на бендови и жанрови ( што не викам дека е лошо ) никогаш нема да може да има нов бенд од размерот на Металика,ГНР,Лед Цепелин итн.

Затоа што во 70/80ти па и 90ти било многу потешко да ја најдеш таа niche музика што највише ти лежи па затоа ќе купиш албум од нешто што пак ти се свиѓа а и е подостапно да го набавиш. Се концентрирала купувачката на неколку бендови па затоа тие бендови биле на врвот на тогашните топ листи а денес кога секој може да најде и купи тоа што стварно му се свиѓа ради интернетот на топ листите нема многу рок/метал артисти.
 
Последно уредено:
Најдобри албуми на сите времиња според луѓево во планетата земја кои имаат пристап до интернет, пошо критичарите абер немаат од музика.

http://rateyourmusic.com/customchart
 
Најдобри албуми на сите времиња според луѓево во планетата земја кои имаат пристап до интернет, пошо критичарите абер немаат од музика.

http://rateyourmusic.com/customchart

Oваа листа после првите 50 погледнати места ми се виде најрелевантна. Некои од листите беа навистина идиотски, со албуми на Мајкл Џексон во првите 20...
 
Oдлична е листата. Ептен минимално нешто би сменил околу местата на некои албуми, но тоа би било субјективно нели.

@Red John гледај машко и учи.
 
Не веруем дека деволуција на музиката е реална и можна.
Лани само открив мал милион артисти кои ме оставаат без здив, од секој аспект.
Тоа што популарната музика е катастрофално лоша не би го земал како пример за музиката генерално. Бизнис ко бизнис.
Да ги цитирам Porcupine Tree
„Soul gets squeezed out
Edges get blunt
Demographic
Gives what you want“

Публиката е виновна за падот на квалитет на музиката на радио станиците. Тоа што мнозинството би се задоволило со 4 минутен репетитивен бит и 2 збора текст кој е доволно прост да влезе во уво од првото слушање, само укажува дека луѓето не знаат да слушаат музика.
Друг проблем е тврдоглавоста. Луѓето не се ни заинтересирани да чујат нови бендови. Ова не се однесува само на онаа проста раја што слуша исподпросечна музика, туку и на сериозни слушачи.
Нема теорија на секоја нова добра ствар што ќе искоче да се пише „Копија на ___", особено на квалитетни состави. Ако сите свират беспрекорно добро и имаат одлични текстови, гајле ми е ако се силно инфлуенцирани од друг бенд, друга ствар е сосема.
Едно е силна инфлуенца, друго е крадење, да се разбереме.

Од друга страна пак артистите кои сериозно се занимаваат со музиката, го владеат својот инструмент, денес имаат поголема шанса да го извадат максимумот од звукот. Тоа од технолошки аспект. Пред само 20 години луѓето можеа да сонуваат за една ствар како AxeFx (гитаристите ќе ме сфатат), а денес тоа е стандард.
И покрај тоа, денес им се сите техники и стилови на свирење слободни за истражување на youtube, можат да гледаат милиони настапи на врвни артисти и да прават забелешки со цел да креираат нешто одлично.
 
Не мислам дека музиката деволуира, само мислам дека стагнира. Музичката иновација има доживеано плато и за ова сведочи недостатокот на критички признаени албуми во последната деценија.
Рок музиката стагнира веќе две децении, со завршувањето на ерата на гранџот и со распуштањето на Morphine. Одтогаш се нема појавено ништо ново на сцената, тинејџерите денес не можат да кажат дека имаат звук на својата генерација.
Електронската музика заврши да биде иновативна со детроитското техно и африканските битови. Хипхоп музиката заврши да биде иновативна со Public enemy и со A tribe called quest.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom