Whitesnake во Арена Борис Трајковски - 25.11.2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Маршалот
  • Време на започнување Време на започнување

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.092
Поени од реакции
2.400
Еден од најголемите рок-бендови на сите времиња „Whitesnake“ го вклучи и Скопје во агендата на градови што концертно ќе ги посети во рамките на светската турнеја. Концертот ќе се одржи на 25 ноември во арената „Борис Трајковски“ и тоа е единствена можност публиката во една вечер да ги чуе: „Burn“, „Stormbringer“, „Soldier of Fortune“, „The Gypsy“, „Here I Go Again“, „Fool For You Loving“, „Still оf the Night“, „Is Тhis Love“…

Инаку, на оваа турнеја „Whitesnake“ ќе го промовираат својот нов „The Purple Album“ кој ќе го има во продажба од 19 мај. Дејвид Ковердејл одлучи да сними албум на кој ги смести омилените песни изведени во периодот од 1973 до 1976 година, од албумите на Deep Purple - „Burn“ , „Stormbringer“ и „Come Taste the Band“...

„Овој албум го издавам во знак на голема благодарност кон групата Deep Purple. Како што неодамна му реков на Ричи – вие, момци, ме однесовте на неверојатно музичко патување кое се' уште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во ’Purple’ магија!“

Билетите за овој голем спектакл ќе бидат пуштени во продажба од 17 април, а во Македонија ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

„Авалон продукција“, освен во Скопје, е организатор на концертите на Whitesnake и во Загреб (21 ноември) и еден ден подоцна - во Белград.

Извор Утрински весник.
 
Несмее да се пропушти!



Може да се организираме од Кајгана заедно да идеме, како што се организиравме пред 2 години за Рамштајн во Белград ... само сега ќе бидеме во многу поголема бројка, бидејќи концертот е во Скопје :)
 
Баш вчера една другарка ми кажуваше оти ќе иделе, ја не и поверував, ама значи стварно било. Колку би сакал да одам.. Ова е нешто што не се пропушта :)
 
ако даваат гратис карти на некоја наградна игра обавезно да пишите тука :Д :Д
 
Да пуштам коса до ноември, да идам на концертов и после можам да се женам. :D
 
И?

Импресии? Како си поминавте?

Топ беше, кратко и јасно :D
 
И?

Импресии? Како си поминавте?

Топ беше, кратко и јасно :D

другар беше, голем фан на ковердејл, и само ми кажа лудница беше, жали шо не дојде... И жалам бе..
 
Има некој искенкано/пофалено од македонските веб сајтови?
Иначе супер беше, предгрупата беше мех.
Сите други на ниво, сите хитови си ги испееа и се беше супер, атмосферата топ.
 
Мене ми е криво само што ги прескокнаа Стормбрингер и Реди'н вилин иначе другото беше прекрасно. Имаше некои ванаби рокери кои мислеа дека треба да праат шутка на секоја песна ама и тоа им помина па остатокот од вечерта немаа сила да седат на нозе. Во глобала атмосферата одлична...
 
:( оваа, другата и не ја знам баш. Стормот ја имаат пеено на туриве, и една од поомилените ми е од ДП, a е испеана од Ковердејл.
Па и во прпл албумот му е, ние мислевме дека ќе ги спои со Брн ама ништо од тоа...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom