Се додека нешто не е пријавено како украдено и го бара Интерпол или го нема во тоа нивното списоче на граница, ич не се замараат. Се третира како нормален увоз, па макар и без документи. Треба ли да се полни празното буџетче ?? И да не заборавиме, за Македонче се работи.
И ова во право си, знаат дека 90% од точаците се од Цикло берза и нема шанси да не те царинат, посебно на Табановце. Исто знам од луѓе, дека доста половни точаци "влегуваат" и на Деве баир.
Опасни се царевиве.
[DOUBLEPOST=1429160143][/DOUBLEPOST]
Шо убаво да си работи човек на царина сега
Туку стварно е глупаво ова со царина на роба со сомнително потекло.Ама државава од криминал и опстојува во овие 20 години.
Инаку да стегнато е доста.Увоз многу тешко веќе,ако се нема канал[DOUBLEPOST=1429141019][/DOUBLEPOST]
Sвер е точаков.А и ценава лотарија.Одлична зделка.За 650 евра на ново неможе ништо да се купи,ниту роад бајк со најтиња опрема и алуминиумска рамка.Ги гледав пред месец дена по нашиве продавници.Освен кај Гари на Рекорд,никаде на друго место нема многу избор,а и онаму каде што има цените се доста солени.
За овој од огласот сакав јас да го земам за неколку дена кога ќе дојдев до паричка,ама верувам дека некој од тркачиве веќе го здиплил.
Читам дека имал и други точаци типов.Не му се јавувам сега,бидејќи ќе ми биде криво ако има нешто добро,а во моментов не сум при пари да го купам.
А тоа е стално така со мене.Ал јас немам пари има страшно добри понуди на коли,џипови,па сега дури и на точаци.Ебати среќата
Туку ако оди некој нека пише што точаци има.Ако цениве се вакви вистинско време е да се фрлат мтб бајковите
Да супер цени.Баш сега споредував и ценава на wilier-ов е одлична.105 ка опрема и карбон рамка за 650 евра.Да му е грев на човек да се ценка.Едноставно врв понуда.Да го вози некој пак ќе му ги извади парите.
Шитни Моунатин бајкот и купи од човекот ако си запнал.И онака два што ќе ти се.
Кога одев на водно пред месец дена,иако на ладно гледам дека луѓево многу почнале да возат роуд точаци.Зборев со неколку од нив и повеќето велеа,сега го купив.Го продадов МТБ-то и си земав Роуд бајк.
Направивме една дискусија и сфатив дека луѓето се во право и им подадов рака.Ми се допадна нивното размислување.Во право беа
Вака велеа.Роуд бајк земавме бидејќи најчесто преку недела(понеделник до Сабота) сме зафатени на работа и обврските не ни дозволуваат да одиме надвор од Скопје,па најчеста дестинација во работни денови ни е Водно.Тогаш сфативме дека таа е патеката која највеќе ја возиме и поради тоа купивме роуд бајк бидејќи нагоре оди многу подобро.Со мтб ни беше повеќе мака,отколку задоволство особено после работа.
Навистина логичко и право размислување.Секоја чест за момците.
Јас од ова заклучив дека за оние што се зафатени во работна недела како мене на пример најдобра варијанта е роуд бајк.Бидејќи кратко е времето од 16 часот до стемнување.А зашто да не се искористи денот и да се повози.
Бидејќи имам Моунтаин бајк,многупати после работа сум сакал да одам нагоре,но од страв да не ме стемни не сум отишол.Да би имал во тие моменти Роуд бајк сигурно би отишол барем на пола од тие откажани пати.Од кога се видов и поразговарав со дечките и мене ми се створи желба за роуд бајк.Едноставно секој сака Ферари нели т.е нешто што ќе оди подобро.
И јас размислувам за тркачко точаче некое,но последниве 3-4 недели слаб сум со време и во овој период имам многу други планови и работи за зимање,па воопшто и не сум возел,а по огласиве воопшто и не сум гледал
Но ете за пофалба е што има дечки овде кои пратат огласи како Whatto и секоја добра понуда ја постираат тука за сите заинтересирани да ја видат.Мора да си помагаме така.Јас барем секогаш правам така и сум зборел и порано.Ако нешто јас неможам да го имам,ќе ми биде мило да го има комшијата,пријателот,па и било кој друг човек околу мене.
Воопшто не ми се допаѓа оној наш македонски синдром ако види некоја добра понуда да не ја спомене на други луѓе,туку да крие во него и да вели не кажувам ќе ми го земе некој друг,ама ете пополека се оправаме.
Треба да си помагаме дечки.Инаку која е логиката на форумиве ако не се разбереме и помагаме.