Статусот на барањето за произход можеш да го провериш на страната на агенцијата
http://www.aba.government.bg/?legal=7. И јас бев во ноември во Софија да поднесам документи за произход, статусот ми се промени кон крајот на јануари. Не би требало да трае повеќе од 2 месеци. Баш ме интересира исходот од твојата постапка, бидејќи со мене беше девојче со копија од пасош од брат и', дознав дека и таа е одбиена. Ако на страната ти прикаже статус "прекратен", тоа значи дека не си добил произход, и доколку сакаш повторно да аплицираш, ќе мораш одново да ја започнеш постапката со нови документи, претходната постапка не важи. Ако имаш статус "обработва се", тоа значи дека постапката се уште е во тек и ќе треба да чекаш дури да го разгледаат твоето барање.