Самоубиство!

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.313
Поени од реакции
7.046
Да бидеме искрени, менталитетот кај нас е таков што неможам ни тоа да си го дозволам. Потекнувам од град кадешто скоро секој се познава и се срамам од тоа што може секој да ти се смее, а доста ми е од сожалување од страна на луѓето.
заради другите таму некои си на кои што воопшто не им е гајле за тебе нема да си дозволиш нега и внимание за твојата личност ?! ич да не се секираш,секој си знае за себе,па така и ти,обрати се за помош,но прво распрашај се за докторот дали добро работи,колку се задоволни пациентите од работата на докторот и слично

среќно
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.903
За жал никој не е крив, едноставно сум јас крива што неможам да се вклопам во овој свет и што сум толку многу слаба....Овој живот е за храбри и неемотивни луѓе, кои едноставно немаат чувства и само фураат напред. Жал ми е што не припаѓам на таа група и само се борам со самата себеси.[DOUBLEPOST=1428613193][/DOUBLEPOST]
Дааа, ама јас немам моментално никаков излез. Јас знам дека многу њдоб[DOUBLEPOST=1428613311][/DOUBLEPOST]
Дааа, ама јас немам моментално никаков излез. Јас знам дека многу е добро да имаш можност да го напуштиш местото кое те потсетува на твоите моментални проблеми. Ама не е лесно. Работа нема, пари за самосталност нема, љубов нема, можност за напуштање на државата нема......така да ЕБИ СЕ не би ми помогнало многу :(
Малку мудрост во многу проблеми верувај дека помага... Почни да гледаш во себе, почни да размислуваш за себе без ограничувањата што ти ги прави умот. Мудроста иде со доволното познавање на себе си. Експериментирај со размислувањата пробај да ги гледаш и доживуваш работите од повеке аспекти и да си сигурна дека сите проблеми што ги имаш се само во твојот ум бегајќи од проблемот ке наидеш на ист само поголем проблем реши го проблемот и така ке е научена лекцијата. Трпение, само трпение и верба.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За жал никој не е крив, едноставно сум јас крива што неможам да се вклопам во овој свет и што сум толку многу слаба....Овој живот е за храбри и неемотивни луѓе, кои едноставно немаат чувства и само фураат напред. Жал ми е што не припаѓам на таа група и само се борам со самата себеси.
Зошто ти да се вклопуваш? Тие нека се вклопуваат во твојот стил на живот
Мислам дека се наоѓаш во мало преиспитување на самата себе и дека тоа брзо ќе помине.
Гледај што повеќе да се дружиш со други луѓе
Секако можеш да се дружиш со нас од Кајгана, Ти ја препорачувам темата Математичка мистерија
http://forum.kajgana.com.mk/threads/Математичка-мистерија.62978/page-75
Обиди се да поставиш или решиш некоја задача
А погледај и оваа тема
http://forum.kajgana.com.mk/threads/Кајгана-готвач-Натпревар-за-оваа-недела-тестенини-печурки-бешамел-пармезан.67729/page-171
Има натпревари за убаво готвење. Нема награди ама убаво е да победиш
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Имам 25 години и немам ништо постигнато во животот.
А можеш да дефинираш што значи да направиш нешто во животот?
Дали знаеш кој постигнувања би биле "нешто" во твојот живот?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.313
Поени од реакции
7.046
Зошто ти да се вклопуваш? Тие нека се вклопуваат во твојот стил на живот
Мислам дека се наоѓаш во мало преиспитување на самата себе и дека тоа брзо ќе помине.
Гледај што повеќе да се дружиш со други луѓе
Секако можеш да се дружиш со нас од Кајгана, Ти ја препорачувам темата Математичка мистерија
http://forum.kajgana.com.mk/threads/Математичка-мистерија.62978/page-75
Обиди се да поставиш или решиш некоја задача
времето се упраи и не е за решавање проблеми пред компјутер,треба да излези и да го осети животот во природа,нормално треба да сака тоа да го стори ;)

прошетка по вакво време на близок рид/планина + ова Сонце златно ти е добитна комбинација за будење на заспаните сетила ;)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Би сакала да пишам малку за мојата моментална ментална состојба. Луѓе мои, јас само преживувам, ништо друго. Животот го живеам онака бидејќи мора. Еве веќе 1 година се борам со вакво чувство кое повеќе неможам да го издржам и за жал немам поддршка од никој. Многу пати сум размислувала за самоубиство ама и за тоа немам храброст јбг. Се чувствувам поинаква од другите луѓе и поради тоа ми е многу тешко бидејќи не сум сфатена. Пак ќе повторам никој не ми верува и не ме подржува бидејќи мислат дека е период, ама јас напротив мислам дека почнувам и да се асоцијализирам, плашејќи се од луѓето да не ме повредат, бидејќи сум многу емотивна. Имам 25 години и немам ништо постигнато во животот. Едноставни непостои никаква надеж. Од минатата година имав надеж ама како што врви времето е се залудно. Јас не живеам.......изгубена душа.
Za zal emotivnite ljuge se poskloni kon depresija i vakvi negativni misli.Ama devojko imas 25 godini zarem ima nesto poubavo od toa?Sekoj covek vodi nekoja svoja bitka,ama mnogu e bitno da ne go svakas zivotot premnogu serjozno,nasmevni mu se na zivotot .Svetot ne mozis da go smenis ,ama mozis da se smenis sebe si!
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.805
Поени од реакции
11.419
Многу ми е жал што во 20 и кусур години истите 3-4 фамилии кои менуваат државни бизниси од колено на колено и си играат со нас глупиот народ како сакаат, уништија тон генерации. Не сум сретнал среќен човек, се на некого нешто му фали, друг сака да си оди, трет да се убие, четврт да се отруе итн. Победно мислам дека не е ни во Кенија каде владее граѓанска војна години наназад и секоја втора женска особа е силувана. Има едно решение, кое што требаше многу одамна да се изведе, но веќе е касно бидејќи ништо освен страв и несигурност не гледам низ луѓево, а денес малку фали да прочиташ било кој. Се отвараат ко пауни, но го сфаќам тоа. Преголема е болката, фрустрацијата и наметнаниот притисок да МОРА да се постигне нешто. Само што ни оставија трошки и ништо повеќе, па сега не знаеме дали ние да ги колвнеме или да ги оставиме за децата што можеби и никогаш нема да ги имаме. Со лесно нека ви е на сите, животот посебно во Wакедонија има посебна тежина и пекол кој ретко кој нормално го изодува и на крајот останува неизгорен.
 
Член од
9 април 2015
Мислења
15
Поени од реакции
10
И што и ја сум 25 и ја неам ништо позначајно направено па кој кур? Треба да паднам на колена и да се давам у сопствените солзи?!? Најлошо нешто е да се самосожалуваш. Животот ни ти должи ништо. Ако сакаш нешто да направиш излези и направи го никој нема тоа да го направи за тебе. А тоа дека се чуствуваш поинаква верувај дека не си сите сме исто гомно. Така уместо да се сожалуваш отвори пиво/виножж запали фиш/цигара што ти прија и не се замарај.
А можеш да дефинираш што значи да направиш нешто во животот?
Дали знаеш кој постигнувања би биле "нешто" во твојот живот?
Барем нешто, јас само преживувам, се чувствувам бескорисно.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Барем нешто, јас само преживувам, се чувствувам бескорисно.
Не може така. Дефинирај си сама што е успех за тебе, и почни да се бориш за тоа. Ништо нема да ти падне од небото. Успех во животот е многу релативна категорија.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.869
Поени од реакции
6.686
Барем нешто, јас само преживувам, се чувствувам бескорисно.
Сите ние преживуваме тоа ни е у ДНК да преживееш што поише и да оставиш поколение зад тебе. Ко што ти пишаа горе дефинирај што сакаш у животот. Никој нема предефиниран пат у животот треба сам да си го направиш.
За некој е успех да постави нов постулат у физика за некој е успех да испие литро виски без да поврати се е релативно :icon_lol:.
Прави тоа што те прави среќна и избори се за тоа што го сакаш.
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
@Emotional1 искрено јас нема да драпам мадина и да ти делам стручни совети. Заеби.
Те сваќам потполно од проста причина тоа што на периоди и јас сум во тие гомна. Значи во мојата ситуација е тоа што многу често се испраќам со блиските. Разделбите ме убиваат, и кога има разделба запаѓам во депресија која тешко ме годи. Само кај мене е добро тоа што ми минува брзо, одприлика 3-4 дена. Гнасно е знам и тоа ептен. Јас успевам да се извлечам од тоа со комуникација, излегувам од дома, се социјализирам, кафичи, плејстешн, тренинг ова она и ми поминува.

Би те советил повеќе со луѓе и најди некој занимливости како тренинг, хоби или било што.
Ти кажувам јас како успевам па сеа види се надевам ќе поможам.
 
Член од
9 април 2015
Мислења
15
Поени од реакции
10
@Emotional1 искрено јас нема да драпам мадина и да ти делам стручни совети. Заеби.
Те сваќам потполно од проста причина тоа што на периоди и јас сум во тие гомна. Значи во мојата ситуација е тоа што многу често се испраќам со блиските. Разделбите ме убиваат, и кога има разделба запаѓам во депресија која тешко ме годи. Само кај мене е добро тоа што ми минува брзо, одприлика 3-4 дена. Гнасно е знам и тоа ептен. Јас успевам да се извлечам од тоа со комуникација, излегувам од дома, се социјализирам, кафичи, плејстешн, тренинг ова она и ми поминува.

Би те советил повеќе со луѓе и најди некој занимливости како тренинг, хоби или било што.
Ти кажувам јас како успевам па сеа види се надевам ќе поможам.
ти благодарам многу.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.573
Поени од реакции
1.873
Барем нешто, јас само преживувам, се чувствувам бескорисно.
Супер е што имаш 25 години! Значи имаш од прилика уште некаде 50 да поживееш, ако рачунаме просек. И јас имам 25. И сум по трети пат прва година на факс, бидејќи пола живот со болести се борам.

Знаеш што сватив? Во предност сум пред сите бидејќи веќе сум поминал многу повеќе од многу постари од мене и знам многу повеќе од сите нив заедно. Така да, сега, можам само нагоре да одам, кон успех.

Исто можеш и ти. Пронајди страст во нешто. Помисли како ти би му била од корист на светов, така ќе најдеш нешто кое ќе те исполнува додека го правиш. Ќе се чувствуваш среќна и задоволна.

И комуницирај со луѓе. Не се секирај дали ти ќе им се допаднеш, они нека се секираат дали тебе ќе ти се допаднат ;)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
@Emotional1 запаѓам во депресија која тешко ме годи. Само кај мене е добро тоа што ми минува брзо, одприлика 3-4 дена.
Да бидеш тажен со причина неколку дена е нормално, неколку дена и две недели за таква ситна причина.
Да не бидеш тажен а да има причина за тага не е нормално, тоа е сигнал дека не си човек.
А да бидеш тажен со или без причина со месеци ич не е нормално. Тоа е депресија и не е исто со обична тага. Може да донесе и психосоматски болести, или да падне имунитетот немаш волја за ништо седиш во затворено во темно, слабо јадеш, не јадеш тоа што треба и може да дојде до болести.И често не можеш да се бориш со тоа како со обично чувство мора доктор или пријател да разговара ако треба и лекови. Тешко се излегува од таа соба кај што си сам и тажен и кукумјавчиш....
Сознанието за проблемот е пола од решението.
Еднаш кога ќе сватиш дека депресијата е состојба блиска на болест, штом излезиш од таа состојба нема лесно да дозволиш пак да западнеш. Треба некој силен удар некоја вистинска причина за да те совлада при свест.
Самоубиствените склоности се чест дел од оваа состојба. Не за џабе в црква викаат дека депресијата е ѓавол, како да има личност што те убедува обратно од она што го знаеш и од она што сите ти го кажуваат, и те тера кон некој привиден крај не е вистински крај, зошто има нешто после смртта тоа и тие што не го признаваат на некој начин го осетиле некогаш дека има некоја сила после смртта. Значи убиството и самоубиството не се решенија за ништо само поголем проблем.
 
Последно уредено:
M

Moon Child

Гостин
Можеби само си поставувате превисоки цели, и нивното неостварување ве турка во депресија.
Која е твојата цел?
Ако јас си поставам цел да бидам првата жена премиер на Македонија, што е будало и нереално, нормално дека неисполнувањето ќе ме боли.
Значи постои разграничување на сопствените можности.
Јас за цел себеси си поставив, дека кога тогаш, ќе се преселам од Македонија. Тоа е реално, и остварливо. И кога се оствари, јас бев среќна.
Сега имам некои други цели, во дометот на моите можности кои се стремам да ги исполнам, кога тогаш.
Секое исполнување на одредена цел, те носи кон друга цел, и од тоа се состои животот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom