Некој кожен лекар ке ве молам итно ми треба. Имам егзем на рацете и тоа само на рацете и све пробав ништо не ми помага. Некој искуство со ова да има?
Јас имав проблем со егзема и тоа од раѓање до свои 22 години.Искрено,со кожни лекари имам огромно искуство,во тоа време во цела бивша Југославија,и никаков резултат.Креми и масти имав еден тон по дома,генерално сите се кортико,делуваат едно време,а потоа кожата се презаситува и тоалку...Е сега,јас почнав самата да се снаоѓам,се мачкав со се живо што ќе чуев,бабини лекови милион.За жал човекот што ми помогна е починат,живееше во Штип и правеше некоја смеса која мирисаше на борова смола баш за егзема и псоријаза..Кај мене исчезна и тоа брзо после неговата терапија...Најбитно од се е да знаеш дека кожата рефлектира внатрешни проблеми,конкретно кај мене беше проблемот со големо количество природен витамин Ц,значи пиперки,цитрусно овошје и сл..потоа многу прскан зеленчук или просто кажано не смеев да јадам ништо што не му е сезона.Козметика,особено шампон и сапун,кај мене одлично се покажа dove сапунот а за шампон ќе мораш да експериментираш.Мораш да користиш добра крема за раце секојдневно,особено зимно време.Постои крема се вика Curel,но ја има само во УСА и Канада,јас ја користев и е одлична.Кортико е,како и сите што ќе ти ги препишат,ама оваа има одличен ефект
https://www.curel.com/default.aspx Од мое лично искуство,стресот и исхраната се клучни за егземите.Тоа што го имаш ти,претпоставувам е дека како јас што имав,се појавува исклучиво на табаните(кај мене беше случај до кај 5-6 години) и на рацете...Најдругарска препорака од мене ти е да се распрашаш наоколу за луѓе кои прават креми,верувај повеќе ќе ти помогне отколку било што друго..Пола живот го поминав барајќи лек и верувај ми знам што ти препорачувам

Поздрав и со среќа, одвратно досадна болест која навистина тешко се лекува но според моето искуство има големи шанси.Ако те интересира нешто слободно прашај,ова беше на кратко да не пишувам фермани

Да не бидам разбрана погрешно,јас немав никаква промена одејќи по лекари но тоа не значи дека не треба да пробаш.Ова беше мое лично дооооолгогодишно искуство
