- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.089
- Поени од реакции
- 12.651
Македонец сум и ги разбирам споредбите кои ги правиш, но за мене лично истите не држат вода.Јас немам одбрано страна во тој конфликт, само реков дека на лично ниво можам да ги разберам Палестинците.
Но сметам дека не е фер да дефлектираш преку денешните социјално-економски причини (заради кои ни одат луѓе надвор од државава). Јас не ти зборувам за сегашната состојба, туку за окупацијата на Македонија од минатиот век, окупација која сеуште трае. Затоа им се восхитувам на Палестинците, затоа што сеуште се борат иако нивната голгота не е многу помлада од нашата македонската. Наша? Македонец си? Не дека има многу врска ако не си, само се обидувам да разберам зошто си толку емоционален во подршката за Израел.
Во секој случај, ако за тебе бранење на територијата и на националниот интерес значи „борба за уништување на туѓа држава„... Јас можам само да те поканам да ја прочиташ историјата на Палестина. Или не, прочитај ја историјата на модерната држава Израел - многу пократка а сеуште многу едукативна.
Според ова што пишуваш мислам дека некако си го пропуштил тој дел од историјата? Територија на модерната израелска држава е израелска тек после Втората Светска Војна.
И да не одиме упорно во офтопик, прочитај го овој пост долу - во него буквално го има тоа што сакав да ти го напишам. Таму можеме и да продолжиме, ако инсистираш.
http://forum.kajgana.com/threads/Германија-Израел-Палестина-повторена-историја-сменети-улоги.26741/page-3#post-4466832
Извинување за офтопикот.
И јас едно време го сметав Израел за агресор на блискиот исток, се до 2005 година, кога Израел присилно ги евакуираше Израелците од појасот Газа пред да им отстапи целосна контрола врз појасот на палестинците.
Тоа требаше да биде почеток за мирно решавање на палестинското прашање, но наместо тоа да се случи, се случи спротивното - Хамас ја превзеде контролата врз појасот Газа откако победи на тамошните парламентарни избори и ги користи териториите на појасот Газа за да лансира ракети против цивилното население во Израел.
Но Израелците повлекоа црвена линија од која не отстапуваат и секој пат кога Хамас ќе киднапира некого од израелска територија и ќе го погуби, или кога ќе лансира ракети против Израел, Израел возвраќа безмилосно и јас лично го поддржувам во тоа.
И лично мислам дека треба повеќе да се метнеме на Израелците кои знаат што значи да имаш непријател кој отворено и јавно повикува на твое истребување, отколку да се метнеме на палестинците кои се обидуваат да се прикажат себеси како маченици во оваа приказна, додека истовремено отворено и јавно палестинските власти изјавуваат дека на блискиот исток не можат да коегзистираат израелска и палестинска држава истовремено.
Да имавме ние израелски тестиси во 2001 година, немаше да ни се случат ниту Охридски Рамковен Договор, ниту било кои од другите идиотизми кои се случуваат во Македонија од 2001 година па наваму.
Извинување за оф-топикот.