2005та? Не може да се вратиме уште некоја година наназад?
Еве неколку поста погоре има добро напишано мислење од Саган. Пошто не го прокоментира, еве за твоја удобност ќе го ископирам:
Саган:
Ај едно CPR на темата. Заради барањето на Палестина до ООН за прем за членство, а и гледам интересни ставови биле изнесени овде.
Правото на држава, Евреите го темелат на Тората и ветувањето кое таму им го дава нивниот бог, пред повеќе од 3.000 години.
Пред 2.750 години, формирано е Кралство Израел. До падот на територијата под муслиманска власт во 7 век, имаме период од цели 1.500 години каде владееле Асиријци, Вавилонци, Персијци, Грци, Римјани, Асасини и Византијци.
За целиот тој период, постојани Еврејски населби има САМО во Галилеја. Од седми век, територијата е под континуирано муслиманско владеење. Цели 1.300 години (вклучувајќи 16-20 век Отоманска власт).
Кои се фактите?
На територијата на Палестина (во која влегува околу 90% од денешната држава Израел), до 17 век, процентот на Еврејско население е околу 5%. Да повториме: 5%. Во нив влегуваат и оние Евреи кои избегале од прогонот во Шпанија и се доселиле во Палестина.
Дури во 16 век, еден рабин, води со себе 1.500 Евреи во Ерусалим и ги прогласува Ерусалим, Хеброн, Сафед и Тиберија за еврејски свети територии. Во 18 век од Литванија пребегнува уште една група Евреи, и се населуваат во Палестина.
Првите поголеми пребегнувања на Евреите од Европа во Палестина, се случуваат во 1881 година, кога источноевроипските евреи од Австро-Унгарија и Русија прогонети бегаат во Палестина. Вторите преселувања се случуваат во 1903, кога молдавските Евреи бегаат во Палестина, во вкупна бројка од 40.000.
До 1922 година, вкупната бројка на Евреи (со сѐ гореспоменатите доселени) се искачува на 11% од вкупното население на Палестина.
Заради масовните доселувања на Евреите на Палестинска територија, во 1920 година, кога Палестина веќе е 3 години под британска окупација, избувнуваат немири, каде Палестинците се противат на масовните доселувања на Евреите. Во 1922, тогашната Лига на народи,
на Британија му доделува мандат над Палестина и Трансјордан.
Во третите и четвти масовни доселувања (1919-23 и 1924-29) се доселуваат дополнителни 100.000 Евреи, голем дел од самата Британија, бидејќи тогашниот крал не ги сакал нешто многу.
Конечно, со петото масовно доселување по 1930, резултат на нацизмот во Германија, вкупниот процент на Евреи во Палестина се искачува на 33%. Во 1936 година повторно избиваат немири меѓу Палестинците, кои траат 3 години.
Во Втората светска војна се случува тоа што се случува со Евреите, Полјаците, комунистите, ромите, хомосексуалците. Бранови на преживеани Евреи од Холокаустот се доселуваат во Палестина.
Еве ги Еврејските населби во Палестина до 1948:
При крајот на 1947, СБ при ОН донесува Резолуција за формирање на две одделни држави на територијата на Палестина: една Еврејска и една арабска. Планот за поделба на Палестина бил ваков:
Евреите радо прифаќаат. НО! Арабската лига ги сјебува Палестинците од корен! Арабската лига и нивниот Комитет го одбиваат планот на ОН и не прифаќаат поделба на Палестина на израелска и палестинска држава! И што се дешава?
Рано 1948 година, новата држава Израел прогласува независност, која е призната од странските фактори. Доаѓа до арапско-израелска војна, во која трае една година и која завршува со анексија на т.н. Западен брег од страна на новата држава Јордан, Газа потпаѓа под египетско владеење, а над 700.000 Палестинци се избркани од новоформираната држава Израел.
До 1949, Израел се проширува сѐ до Синајски залив.
По оваа војна, преживеани од Холокаустот во Европа, го зголемуваат бројот на население во државата Израел од 800к на над 2 милиони.
До 1970 година, дополнителни 1.200.000 Евреи од целиот свет се доселуваат во Израел.
И така, со огромна поддршка на американските Евреи инфилтрирани во владата на САД, оваа држава во 1976 година ја напаѓа Обединетата Арабска Република (денес Египет, Јордан и Сирија), окупирајќи дополнителни територии, како Синајскиот полуостров а дополнителни 300.000 Палестинци бегаат од Западниот брег и Газа, во Јордан и Египет. Остатокот го знаете.