Bratot
Стоик и Машкртник!
Нема статики, затоа и бараш, знаеш што околности беа, знаеш дека според вера попишувале, знаеш дека немаше албанска држава која се заинтересирала за тоа, а знаеме на другата страна имавме машинерија за асимилирање.
http://www.top-channel.tv/lajme/artikull.php?id=296266#tab
Уште една следна емисија од Марин Мема, сега за Охрид.
Уште ја нема целосна на јутјуб, ќе коментирам тогаш.
Тоа сакав да знам, да видам за што точно полемизираме. Затоа и правите медиумска пропаганда, немате докази, а приказните треба да се конструираат. Фала ти иначе за линк до емисијата, ќе биде доставена во соодветните институции и медиуми.
Затоа што веќе се интегрирани кај македонското општество, мешани бракови, младите веќе не се искажуваат како албанци, додади ги и нашите меѓуетнички односи, и јас не би го искажал мојот идентитет и потекло, најискрено тврдам. Меѓуетничките односи се најголемата причини зошто јавно не го искажуваат тоа..
Во вакви објаснувања можеме да очекуваме да веруваат љубителите на Џери Спрингер дебатите.
Свесен си дека сето ова време непречено постоеле Македонци Муслимани, свесен си дека постоеле и Албанци Католици, но ти велиш дека оние кои имале проблеми со асимилацијата биле православните Албанци, под притисок на “македонската машинерија за асимилирање“ .... со нудење бракови и работа

Мене и не ми смета толку великоалбанската игноранција, но стварно не знам како тврдите дека сте веродостојни почитувачи на историјата, а притоа не знаете ни кои Албанци биле членови на президиумот на АСНОМ и кои биле членови на народниот фронт за Македонија.
Притоа можам да се сложам дека имало “нефер“ вработување во 1945 година, државни чиновници можеле да станат само оние кои учествувале во антифашистичката борба и привилегирани биле членовите на комунистичката партија. Ама оваа дискриминација била воспоставена врз сите народи, а не против “православни Албанци“.