Ти треба фактурата и документите што ти ги имаат дадено кога си го купил... Оди таму од кај што си го купил, они сигурно те имаат заведено некаде дека ти продале скутер и барај да ти дадат други копии од истите документи...[DOUBLEPOST=1428269503][/DOUBLEPOST]
Си земал убаво моторче, со здравје да си го возиш... Квалитетна машина е, така да не му се секирај многу што и како. Гледај следи упатства од прирачникот за корисници што ке ти дојде со него и од тие од кај што си го купил за да не изгубиш гаранција. Генерално на што треба да обратиш внимание е следново :
1. Да не се малтретира ладен мотор... Стрес на ладен мотор не е никако добар... Може да го возиш, ама додека не крене работна температура никако голема туража, нити во место....
2. Да не се држи на константен број на вртежи... Значи фаќање константна брзина на ист број на вртежи на подолго време не е добро... Најубаво се разработува нова машина на тој начин што полека се додава, па се намалува, па пак се додава и пак се намалува гаста и брзината... На тој начин машината се навикнува на различен начин на возење, клипот иде побрзо-побавно, радилицата се врти побрзо-побавно и тн..
3. Се смета, како некое непишано правило, дека разработување на машината е до првиот сервис или 1000км, инаку нова машина не е разработена доволно ни на 5 000км... Така да додека трае разработувањето најубаво е да не се стиска повеќе од 80% од максималната брзина, затоа обично и имаат блокажи скутерите...
4. На колку ти кажаа прв севис ? Ако ти имаат кажано на 1000км, нема да е лошо првиот сервис да биде пред 300км, да се смени уље, филтер за уље и уље во пренос... Таа машина е нова и иако е тестирана неколку часа уште во фабриката пред да биде наместена на скутерот, сепак додека се разработува се ствараат струготини додека да налегнат деловите убаво, па не е лошо првиот сервис да биде што побрзо... Така да направи го на 300 па пак на 1000 и после гледај да не го прескокнуваш сервисниот интервал што е деклариран од производителот... Јас кога го земав нов си сменив уље и филтер за уље уште на 100км, па пак на 500км и на 1000км отидов на сервис... После тоа си правам сервис помеѓу 4 и 5000км или еднаш годишно, бидејќи толку поминувам во сезона, иако според упатството од производителот вика сервис на 10 000км, ама тоа ми се 2 сезони и нечини да стои уље во него 2 години ... Исто така бидејќи се вози низ град треба редовно чистење т.е перење на филтерот за воздух, ама несмее да се става сув назад, туку треба да биде мрсен за да ја задржува прашината, а ако веќе немаш такво средство за намрсување добра работа врши и WD40 спрејчето а и евтино е...
5. На секој сервис гледај да користиш добри и квалитетни уљиња и заменски делови и така и ке ти трае долго...[DOUBLEPOST=1428269864][/DOUBLEPOST]
За тие 1200-1300 евра е подобро половен скутер од добра марка, отколку било кој кинески... Ако ти е веќе за 125-ка имаш еден куп Априлии Атлантик или Спорт Сити за цена од околу 1500 евра, а подобро е да дадеш 1500 евра за Атлантик стар 5-6 години отколку да земеш ново кинеско... Па и половен Кимко Гранд Динк 125 ти е подобар избор отколку нов кинез, а иста цена е, само што ке е возен 4-5 сезони и ке има некои 15 000км... За 80цц имам видено на некој оглас се продаваа нови кинески, као демек биле 80цц а се регистрирале на 50цц... Колку се 80цц незнам, пошто се кинески не им ни обрнав внимание, мада ако не земеш сам да го преправиш, да ставиш поголем клип, карбуратор и други пропратни делови неможеш да бидеш 100% дека е така како што викаат... Пошто сметај дека кинеско е едно на хартија, а сосема друго нешто во реалност...