V
viktora
Гостин
Значи како прво,ти ми даваш пример од еден човек кој и самиот рече дека се замерил со цела фамилија поради тоа што се изјаснил албанец.Значи притисок од фамилијата,а не од државата.Ако он бил прав албанец како прво децата би се изјасниле како албанци а не да го критикуваат.Како испадна само Бранко албанец а ниеден друг од неговата фамилија не се изјасни?Па дури и сестраму испадна на тв и објасни што им правел за пари.Ни ти ли е тоа чудно малце?Човече имаш жив сведок, Бранко Манолјовски, самит кажува дека првпат со македонскиот јазик се сретнал на училиште, презимето силум му го смениле од тогашната власт. Ти треба поголем притисок за да се плашиш да се изјасниш? Додади тоа што се замешаа со македонците, додади ги и односите на нашите народи.
Самиот вика дека многу ризикувал затоа што го изјаснил своето потекло, и со своите деца се карал, настрана карањето со роднини и со тие чии имиња спомна дека се од албанско потекло.
Не викам дека немаме права, затоа и има први случаеви каде православни македонци се изјаснуваат за своето потекло, зарем не е тоа добар знак.
И не е некој голема бројка за да се употреби за било каква пропаганда, симболична бројка е, на нас албанците ни требаат вакви случаеви, сме поделени на повеќе религии, особено нас во Македонија затоа што сме најконзервативни од другите.
Па и за вас македнците, овие примери ви покажуваат дека има мешани бракови, дека соживото постои, само не треба ние граѓаните да дозволиме да не хранат со религиска омраза и поделба, а знаеме дека не хранеа.
Кога владеа османлиите овде не постоеа нации, имаше етникуми. Сите етникуми во балканот го имаа тој процент на исламизирани, само што после ослободувањето некои беа поспособни и ја враќаа поранешната вера а муслиманите ги депортираа.
Така направија Грците, ги асимилираа сите православни, а ги депортираа сите муслимани, без разлика на етникумот.
Албанците соработуваат со Грците и Бугарите? Сериозно? Знаеш што правеа бугарите по албанските села иако беа *алеати*? Знаеш што правеа грците? Во втора СВ, ич не оди подалеку...
За Села нема да коментирам, но запрашај се себеси, како ни било нам во систем каде сета власт било локална, било централна беше неалбанска, а во било која институција најголема застапеност била 1.5%.
А ти пењавиш дека еден градоначалник во систем каде децентрализацијата е само поим ги брка македонците од своите домови.
После балканските војни под која власт паднаа македонците?
Може ги бришеле, имаа 100 год да го прават тоа. Но пак немаше тогаш албанска црква, сите беа под грчка, српска, немаше рамковен тогаш за да може албанскиот да се употреби.
Второ,комунистите на владееле со македонија сто и кусур години.Колку години се ид 1940 до 1991?Предходно постоеле Српско кралство,царска бугаријаи итн.Немало комунисти пред 1939 г.Само пеесет години Мк била комунистичка,како им успеало само да измислат цел народ алал да им е.Изгледа вонземјаните им дале некоја технологија за перење мозоци.
За црквите,како и ден денешен постојат фрески напишани и на македонски,српски и грчки јазик?Гарант комунистите ги бришеле или пак пред двесте триста и поќе години комунистите ги надгледувале како ги обележуваат фреските и на кој јазик.
Патем вие и бугарите имате многу заедничко.За време на втората светска војна на иста страна војувавте.Ама гарант и тоа комунистите го измислиле,па замисли дури и низ цел свет издејствувале да ве направат соработници на хитлер.
Во втората с.в. Мк беше поделена на фашистичка бугарија и фашистичка албанија,т.е. балисти попомогнати од фашистичка Италија.Знам дека ќе ја исправаш демек не така него вака,ама си знаеш!Прогуглај по другите истории немора од македонската
Соживот бе другар со вас само ако се смирите.Не барајте си кавга.Сите си знаеме кој сме и што сме.Џабе и ахмети и пеесет друштва да оформи пак ќе биде со еден член Бранко!
Последно уредено од модератор: