Сега практикуваме подоцна навечер да ја шетаме ама убаво ја изморуваме и нема време да лае потоа. Кога ќе го види комшијата со кучето лае но додека да заминат, потоа пак се смирува. Многу е желна за играње, но не ја дружиме сеуште со други кучиња, не знае да игра, во парк кога ќе сретне куче и се плаши а сака да си игра но не знае како. Нека затопли малку времето и ќе ја носиме во паркот за миленици па ќе се научи да се дружи.
Инаку Леа е сеуште малечка и знае да си прави бељи, 4 месеци има. Но само од мојот вереник се плаши, од мене не толку па тој кога ќе и викне веднаш се крие во куќичка.
До пред некоја недела беше многу стрвна за јадење, сега се смири и одбиваше да јаде па и намаливме на храната и добра е но знае повремено да добие пролив. Синоќа на пример пред да одиме на шетање и понудивме храна не сакаше, кога се вративме јадеше.
Научена е да не почнува со јадење додека не и дадеме дозвола, до тогаш седи и си чека