Сител телевизија

M

Mario Gómez

Гостин
После толку добиени владини реклами (пари), зарем не можат да организираат една домашна емисија ?
Нормално ли е во цела држава да нема една домашна филмска серија ?

Медиумите во Македонија се неверојатно гадни, досадни, неквалитетни, неписмени, неистражувачки, неслободни ...

Видете ја програмава, цел ден сериски филмови.

http://www.sitel.com.mk/programa
Така бе Дарди.

Сител имаат 73912 репортери и уште толку камермани на терен, е таму одат парите. Сител ти е исто ко државава, вработува еден куп за џабе. Едвај чекаат да се деси некоја катастрофа и да имаат за што да зборуваат.

Квалитетна програма нема уопште, уште од мал најмногу ги гледав хрватските канали, и тие се кока кола и поим за квалитет у све. Спортски емисии, квизови и документарни програми.

Нашиве се вести и турски серии и глупави селски србски реалити шоуа.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
На темава можеме комотно да си направиме игра и да се обложуваме кое ќе биде следното дно што ќе го допрат.

Јас мислам дека сега следуваат вакви музички интермеца што ќе одат помеѓу Латас и *внеси турска серија тука* и ќе има можност за праќање СМС-и од типот ZGODNI MAKEDONAC 43 GOD. TRAZI DJEVOJKE ZA DRUZENJE I INTIMNI KONTAKATI.................
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Која машина за пари е сител, толку милиони вади од реклами и турски серии само, освен еден квиз, вести и една утринска програма ништо немаат нивно
ни вестите не се нивни пошто работат под диригентска палка да беа ќе известува професионално за сите настани а извештачени се до крај мислам после сиве овие години како сеуште некој пушта сител ona how dare you:pos:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.423
Поени од реакции
43.235
A најјако ми е она репортажа у дневник, ве известуваме од местото на настанот со некој специјален гостин, а тоа пред некоја клиника или пак пред собрание/плоштад, кои лузери, глумат факинг бибиси или си ен ен.
 
H

Harry Callahan

Гостин
Така бе Дарди.

Сител имаат 73912 репортери и уште толку камермани на терен, е таму одат парите. Сител ти е исто ко државава, вработува еден куп за џабе. Едвај чекаат да се деси некоја катастрофа и да имаат за што да зборуваат.

Квалитетна програма нема уопште, уште од мал најмногу ги гледав хрватските канали, и тие се кока кола и поим за квалитет у све. Спортски емисии, квизови и документарни програми.

Нашиве се вести и турски серии и глупави селски србски реалити шоуа.
Мене ме интересира кој им е критериумот кога избираат кој ќе игра во нивните квизови . Во Се или нешто и во Без поени продефилираа разни ликови и не ми е јасно врз основа на кои критериуми таквите ликови играа во квизовите . Овие што се демек некаква продукција за избор на играчи во квизовите избираат кандидати што немаат поим од основни области , намерно се бираат изгледа кандидати кои нема да земаат пари . А пак со условот кој игра во Се или нешто да мора да носи за секое снимање по тројца пријатели за во публика е претерување . Имам учествувано во Се или нешто и знам колку е заморно секогаш да се обезбедат 3 пријатели за во публика , 4 емисии се снимаат и тоа трае 6 саати снимања и не сакаат пријатели толку време да изгубат . Друга работа е пак што во овие квизови преку 70 % од играчи се од Скопје , а пак и оние што се демек од други градови тоа е само фарса и голем дел од тие ликови само се родени во провинција и живеат во Скопје преку 30 години во Скопје нашле брачен другар во Скопје им се родиле деца во Скопје се преку 30 години и како можат такви ликови да се претставуваат дека се од провинција ? Имаше пред месец дена лик што кажа бил роден во некое селе во Прилеп Дебреште мислам беше селото , и наброја дека работел 26 години во Жито Лукс во Скопје , 2 години бил комерцијалист , 2 години приватно работел и 3 години последни бил таксист , и кажа во квизот се од имот што имал во тоа село одамна продал и купил стан во Скопје и тука нашол жена и му се родиле децата , мене не ми е јасно како не му беше срам на човекот да се претставува дека доаѓа од Дебреште кога тој 33 години работи и нашол дом во Скопје , дури и велеше дојдов по милионот да го носам во Дебреште но ако му е заради тоа што е лажго човекот зема само 3 000 . Во Скопје реално постојано живеалиште имаат 35 % горе доле од вкупен број на население во оваа држава и играчите се скоро сите од Скопје . Без врска е кога ќе има некој играч од друго место сите се чудат како да дошол вонземјанин во Се или нешто . Јас немам ништо против луѓето од Скопје но треба да се биде реален и објективен .
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
На темава можеме комотно да си направиме игра и да се обложуваме кое ќе биде следното дно што ќе го допрат.

Јас мислам дека сега следуваат вакви музички интермеца што ќе одат помеѓу Латас и *внеси турска серија тука* и ќе има можност за праќање СМС-и од типот ZGODNI MAKEDONAC 43 GOD. TRAZI DJEVOJKE ZA DRUZENJE I INTIMNI KONTAKATI.................
Имaш грешкa у смсoт. Нештo вaкa требa дa биде :
Мoмче 43 гoдини, бaрa девoјкa зa бoрбa прoтив белaтa чумa, рaстење нa нaтaлитетoт и третo дете.
Бaшкa oд Влaдa ќе пуштaт тендер зa изрaбoткa нa сoфтвер кoј ќе ги примa сaмo пoрaките нaпишaни нa кирилицa. Пa не зa џaбе беше кaмпaњaтa зa кирилицa пред некoјa гoдинa :icon_lol:

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Мене ме интересира кој им е критериумот кога избираат кој ќе игра во нивните квизови...
Од штаб им ги праќаат. ;)

Имaш грешкa у смсoт. Нештo вaкa требa дa биде :
Мoмче 43 гoдини, бaрa девoјкa зa бoрбa прoтив белaтa чумa, рaстење нa нaтaлитетoт и третo дете.
Бaшкa oд Влaдa ќе пуштaт тендер зa изрaбoткa нa сoфтвер кoј ќе ги примa сaмo пoрaките нaпишaни нa кирилицa. Пa не зa џaбе беше кaмпaњaтa зa кирилицa пред некoјa гoдинa :icon_lol:

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Не може само на кирилица, дијаспората ќе биде обесправена. :(
 
H

Harry Callahan

Гостин
Од штаб им ги праќаат. ;)
Не се избираат натпреварувачите за Се или нешто преку партија . Јас таму играв нема врска политика со тоа ќе игра , туку зборот ми беше имаше таму играчи кои не беа за таму и зафаќаат место на други . Се избираат играчи таму кои ќе ризикуваат како муви без глави . Затоа и на кастингот јас се правев луд и зборував демек не ми е мене за пари туку сакам да се појавам на телевизија а кога играв си прифатив понуда и не ризикував иако подоцна имав и поголема понуда од онаа што ја прифатив а после оние од продукција беа малку лути со фаците што не сум ризикувал уште да сум играл храбро , нормално што повеќе луѓе ризикуваат тие се надеваат дека повеќе пари луѓето ќе изгубат и така после повеќе пари за продукцијата да останат . Нормално хонорарите што ги земаат сите што се ангажирани во квизот , водителката и банкарот се доловна тајна , но не се тоа воопшто наивни хонорари според мене .
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
Ете, веќе стaнa пaблик пo чии нaрaчки oдaт прилoзи нa Шител.
Сaмиoт Лaтaс си признaвa декa oвaa телевизијa е oбичнo гoмнo и пoлнa сo прoпaгaндa. Не декa не знaевме, aмa еве убaвo кoгa ќе си чуеш oд глaвниoт уредник.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
https://www.youtube.com/watch?v=aZZim5H-EkY

Еве го фамозниот експерт за геополитика, астролог и што ли уште не за кој пишав сабајле во „Драга Кајгана“. :tapp:
Замисли како се осеќала женската што го интервјуира (вака од око паметна ми стои).
Она кога хумористичните скечеви стануваат реалност
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
740
Поени од реакции
628
Нај новото српско :гомце: - Хотел Малдиви, Шител ТВ го опишува како: “едно популарно реално шоу во текот на летото, што ќе биде вистинско изненадување за нашата публика“!
:tvg:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom