Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
Плакатите што си ги гледал низ град биле поголем доказ од официјална статистика на обединетите нации....!? Ти сериозен си? Знаеш воопшто што значи просек? И да, пред неколку века, просечниот човечки век бил 30 - на години! Просечниот, ептен ми е тапа што морам да повторувам нешто кое лесно може секој да го провери! А може, бидејќи покрај другото, никогаш предходно пристапот до информации не бил достапен на толку многу луѓе и толку лесно како сега. Како и едукативноста, која е на највисоко ниво, споредено со минатото.Друже,плакатите што ги гледам на бандерите и луѓето што умираат околу мене се многу поцврст доказ отколку оваа статистика затоа што гледам и чувствувам.Кое зборување на памет?
И да се разбереме,не реков дека порано било поубаво.
Истотака,од каде таа информација дека порано животниот век бил 30 г.Јесте да имало болести,ама друже тоа не било сегде така.Сега има многу повеќе болести.
Само не ми ставај некои вакви статистики.Се знае кои ги прави овие статистики.
Како може луѓето живеејќи во природа,јадејќи здрава храна,имајќи физичка активност да има 30 г. просечен век?А денешниов труејќи се со се и сешто да живее околу 70?
Само не ми го споменувај периодот кога Инквизицијата дрмала.
Значи по незнам кој пат ти повторувам, ова се факти, не празни муабети, шпекулации или слично!
Денес секој има право на здравствена заштита! Во минатото тоа не било случај! Факт! Всушност, не ни постоела организирана, медицинска институција! Ако си се разболел, ќе те лечел некој тревар, врач или поп што ќе кажувал молитви за да оздравеш! Ти ми кажуваш колку чинела некоја операција!?! Па најблиску до операција ти било да ти отсечат рака или нога ако почне да ти скапува! И тоа ако имаш среќа ќе ти дадат ракија да се опијаниш, ако не ќе те сечат така! И сега ти ми кажуваш дека медицината нечини, тогаш чинело? Тогаш подобро се живеело?! Тогаш не се робувало? Тогаш не се манипулирало?И да те прашам нешто.Штом го браниш толку здравството,како тоа за операција ти бараат по 20-30 000 евра,а некогаш и повеќе.Нели на секој човек му е загарантирана здравствена помош?Одговори ми најпрво на последново прашање,а потоа за плакатите.Стварно ме интересираат одговорите.
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)